знаеш како велат, таа има говорна мана-не знае да каже НЕ! епа можеби и оваа другарка ти е таква. можеби е лесна женска и нормално дека машките сакаат такви, мислам не сакаат како да се вљубат во неа туку како авантура
Можеби како што кажа некоја форумџика пред мене,знае да игра некои такви игрички ко демек недопирлива ова-она. Не знам. Имам јас една таква другарка т.е. 2 се. Едната е така,ниска и набиена. Не е убава. Не е многу паметна,да бидам искрена наивна е и проста,а од секогаш неа и се лепеле машки. Не знам што ги привлекува кај неа. Не можам да сфатам. А другата е малце така повисочка и нема толку лошо тело,а во лик,не е убава,глупо е да зборам ама личи на мајмун. Абе не е глупо да зборам и не ми е нешто најдобра другарка. Да се навратам,глуми недостижна и најпаметна. Живее во некој свој филм во кој она е идеална и ги има сите атрибути кои едно машко би ги посакало. Не можам да ја сфатам со тие филмовите "недопирлива,недостижна". Премногу се внесе,изгледа. Не сфаќа дека веќе е претеризам и ја преминува секоја граница. Пред други глуми,а се јаде себеси и тоа како. А трчаат машки по неа. Не знам,стварно не можам да сфатам што е тоа што ги привлекува кај нив. Не сум љубоморна,далеку од тоа.
Не знам...само ќе кажам има премногу парови...грда женска со многу убаво или далеку над просечно машко... тоа е веќе стандард...
Веројатно и приоѓаат машки во потрага по авантура. Не верувам дека штом е таква некој оди со неа за озбилно.
Секогаш е такво женското размислување, што гледа во неа? Види ја дебела/слаба, грда, неписмена итн, а јас слаба, интелигентна, висока... А дали сте/сме размислиле дека сите очи различно гледаат, т.е на мажите им требаат диоптри ? Еве ќе се земам за пример јас и маж ми Тој секогаш ќе каже за некоја девојка дека е убава, паметна, згодна , неодолива,а навистина таа е многу спротивна од неговите кажување. Ете ви го одговорот мажите гледаат со други очи
Имам и јас ваков случај. Не е толку висока, а ни убава, изгорена коса, ретко кога ја средува, размачкана шминка, несредени веѓи, Спојлер No ass, no boobs, no nothin -.- . За облеката... Идеше со некој дечко 10 месеци, и он и раскина, нејзе ама баш ич не и е гајле! Сега он ја моли, таа си вели-не, нејќам, он убав е, нема што, таа дури го лаже, се читка со 912589759734 други... Dude, wtf?! Љубоморна-никако! Ама се чудам со ваквите...
Можеби го гледа тоа што вие неможте да го видите.Секој со свој вкус.Иако има некој стварно што се грди а се со многу убави момци ама тоа е :/
Убавите круши свињите ги јадат,секогаш се водам по тоа и е вистина.Не е љубомора туку прашање како можат некои девојки кои се убави а еве дома седат а додека некои кои се грди се со најубавите.Сум имала и јас таква другарка,и мали и големи ја сакаа а бар да имаше нешто убаво,бар косата ако ништо друго а и таа и беше мрсна како во зејтин да бркала,очите едни крупни ко на волк
Значи ви се чудам.... Грда може да ми е некоја што ја мразам, што ми антипатична, што заради некоја нејзина особина не ја поднесувам и не ме одговара... Ама грдо девојче??? Како може девојче да биде грдо? Како може едно суштество како жената да е грдо??? Секоја девојка има нешто во себе, без разлика дали е многу привлечна или помалку привлечна таа е жена и само по себе тоа е доволно за да ја сакаат мажите. Наместо да се тешите со тоа дека грда, прашајте ги мажите што е тоа што ги привлекува кај таа девојка што вие ја сметате за грдотија
Не е секогаш се во убавината. Може да биде најгрда на свет а понашењето да ја направи убава. Да извира тоа од внатре. Харизмата е тоа што ја прави привлечна за сите. А твојата најдобра другарка што е многу убава и паметна и нема уште дечко, има нешто што на машките им е одбивно. Знам еден случај, многу паметен маж, со 2 факултета, добра работа и плата, убаво изгледа со добра кола итн. зеде за жена девојка грда нема до каде, без образование и некој посебен стил на облекување, значи никаква беше, но со добар карактер, фина, мила, добра. За него во град нема ниеден муабет дека има швалерка да шета со другари по цел ден итн. Секогаш е заедно со неа, имаат 2 деца, убав живот, ништо не им фали. Е ајде сега де? А тоа што сте ја оговарале, и што зборувате за неа дека била грда, па и отвараш тема за тоа тука на фемина, мислам дека треба да се засрамиш. Колку и да негираш зборува љубомората од вас, може да залажуваш некој друг дека не сте и љубоморни цело друштво. Тоа е многу нормално сепак... И да знаеш поради ваквите плитки муабети од ваша страна таа ке може да го има кој ке сака, без надворешна убавина, и образование.
немам коментар........познавам и јас такви девојки .....незнам како им успева тоа?фактор срека е ваљда она клучното незнам
машка логика ниска девојка има низок полов орган и бидејки нашиот е мал исто мало со мало иде и ке можеш да ја задоволиш девојката
Сигурно на тоа девојче кое не заслужува ама на кое му се лепат само убави машки, според ваш критериум, му се лепат и не толку убави некои, ама тие не ги забележувате оти вас лично не ве интересираат. За малку престанете да гледате во тие, да им се чудите што гледаат машките во нив и наместо да им ги гледате и анализирате негативните според вас особини, како на пример недостаток на висина или евтина облека, за промена да се завртите самите кон себе и да видите што е тоа негативно кај вас самите. Ако не љубомора тогаш можеби арогантност, можеби и нарцисизам како лични особини, макар што никој нема да си ги признае за себе, ама не се ни најмалку атрактивни, па макар на изглед вие биле наредната Мис Свет.
A vagina. Шала. Не го мислам тоа, само прво ми дојде кога го прочитав прашањето. Што гледаат? -Па мора да има некаков потенцијал во неа. Харизма, шарм, особини на фаталност кои ете некогаш за нас женските не се видливи. Она на кое паѓаат машките, и нејзината поставеност кон нив воедно.
Е и јас знам таква.....едно многу дигнато , флегматично девојче што знае како да им се упика на сите...а и да не заборавам премногу лаже и се фали....тоа не го прави само за да има машки , туку и за да има милион другарки со кои се гледа по еднаш во годината али битно она е "позната" пошо нели сите ја сакаат....и јас се дружев едно време со неа, али ја сватив каква е...
Познавам многу такви девојки.Од грозни погрозни а имаат дечковци како од бајки Кога ќе видам вакви парови стварно ми доага да се трескам со глава од ѕид.Не ми е јасно што навистина сакаат машките и како ги проценуваат девојките.Толку многу убави,паметни,образовани девојќи тој исто така се супер а се фатил со некоја што е грда и ја поминал пола град
и јас имав една другарка..шо стлано се праеше дека е најјуба и дека сите можи да ги фати..а да ви кажам право беше никаква,ни уба,ни знаеше да се облечи..се капеше значи..и пак истите алишта ги клаваше ..искрено не се дружиме појќе и фала богу шо е така..зато шо такви другарки не ми требат искрено..стално викаше дека е поуба од нас..еднаш се деси..со другата другарка ист бендисаја..и оваја му вика: јас сум поуба јас ќе го фатам ..и на крајо го фати..и врската му траеше само 2 недели..бившиот мој ко замина австралија ми вика..а ти си начекала убо -.- .. и јас шо има врска то му викам демек ..мене не ми е битно да има пари и слл..битно ми е да ме сака таква каква шо сумм..и ми вика ами јас шо да речамм досега требаше да го остам овај мојо..ама таква е љубоморна,алчна..отсекогаш се прашвавме шо гледат сите во неа?? и ден денес не ни е јасно на сите
Немора да значи надворешната убавина, поважна е внатрешната! Што ќе им е некоја згодна, гром, но глупа како Спојлер к*р?
ах, story of my life. Како што рекле другиве девојки, можно е да се работи за некоја чудна харизма или би рекла среќа. Или, извини на зборов, ама да не има репутација на лесна девојка? Бидејќи и тоа е можно. Како и да е, за секој има по некој, на секого му стои среќата.