Како припаднички на женскиот пол, сигурна сум дека се погледнувате во огледало повеќе пати во денот.Па, сакам да ве прашам, кога денеска се погледнавте во огледалото, што ви кажа тоа, односно што вие него му кажавте?Дали си рековте-Ух, колку сум убава денес , или леле, колку сум се здебелила ?Споделете ги вашите впечатоци од самите себе со нас...
Огледалце, огледалце... Денеска, кога се гледав во огледало си викав: "Шо сум ваква, е*ате?! " И ми идеше да го скршам.
Огледалце, огледалце... opsti-diskusii/ogledalce-ogledalce-t2354/?hilit=%D0%BE%D0%B3%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B5 Дупла
Огледалце, огледалце... Денес се погледнав во огледало и си викам морам да се решам од тие глупави пеги. Целото лице ми го загрдуваат. И што сум ја скрива што сум родена толку бела и со пеги?!
Огледалце, огледалце... Сега приметив дека насловот е случајно ист, поентата на темата е сосема различна-таму прашува дали мислиме дека сме убави, а јас прашувам што помисливте за себе денеска, утре мислењето може ќе ви биде различно...
Огледалце, огледалце... денес огледалцето ми рече дека косата ми е ужасна btw темава не е дупла, само има ист наслов, но содржината е друга
Дека е крајно време да се оздрави, пошто очите ми биле закрвавени и набабрени ко да ќе испукаат во секој момент ПАП ко пуканки. Носот ми е како на Були снешкото, само што расположението негово ми фали. Косата ми е нешто, така во модерно уметничко издание.. на се личи само на коса не. Лицето ми е прекрасно, да посакаш да не го гледаш во наредните неколку дена, бар дур не оздрави скроз. Сума сумарум, убави работи ми вели, поучни. Вејк ап хи сез ту ми. Али тешко ова не си оди. Али од мене до него, ју крејзи сан ов а ган ов а http://www.youtube.com/watch?v=aH986VE47M8
Денес кога станав и се погледнав во огледало си помислив: OMG што се случило со мојата коса?! И така во очаен обид да ја спасам само си ја залижав за главата и изгледаше како да ми е мрсна, а не ми беше. И така морав да ја бушавам за да личи колку- толку на нешто. И ми леташе на сите страни. It was one of those bad-hair days.
Зависи каков ми денот,некогаш си викам дека сум прекрасна и што уште не,ама и денови кога несакам да се погледнам во огледало зависи од денот моето мислење и она што ќе го видам во огледалото ...
пу,пу шо сум убава ,навистина кога станувам од спиење тогаш сум најубава можеби заради тоа што ми е кожата чиста, бела ,очите плави.си се допаѓам самата на себе кога станувам од спиење.барем една позитивна карактеристика за самата себе.
Не сум нарцис, но најмногу си се сакам сабајлечки Тогаш кожата, после вечерното третирање, ми е мека убава чиста, како пудра да имам ставено..
Глеам девојче со мнооооогу голем ГЗ! шо стварно е така .. си го мрзам гзот! -.- како би си го исекла одма !!!!! ми ја крати и самодовербата и се ... -.-
Ќе ти го кажам тоа што ми го рече Sephora по ЛП (фала и многу ) "Во однос на тоа со големиот задник ич да не ти е гајле за него! Нема што да се срамиш, тоа е дар. " Spoiler Јас имав поставено слика, имаше коментари да не ја тегнам маичката и јас напишав дека ја тегнам поради тоа што имам голем газ.
Стомаче кое излегло од контрола и ако продолжи со вакво опуштање има големи предиспозиции да се претвори во гума за пливање