Аман бе памелче,те гледаав у Модните критики,како што кажа трендафилка ти не си ни дебела,ни геда,ти си баш бомбона.Супер си Јас кога ќе се видам во огледало,гледам девојче кое и кога и е најтешко,знае да се насмевне,да даде поддршка,и да ги стави сите пред нејзините потреби.Гледам многу добро девојче.Гледам високо,слабо девојче на кое му е здосадено од давање поддршка на други,девојче кое сака малку поддршка за нејзе
Се гледам себе, едно девојче кое треба да научи уште многу нови работи, и на моменти да не се прави како да знае се.
Гледам едно обично девојче, со крупни очи, малечка уста , топчесто лице, за себе сум обична, а другите ме сметаат за необична а јас се гледам исто како и сите останати девојчиња нема ништо необично и чудно на мене
хм со оглед на тоа што ми помина ПМС, сега во огледало не забележувам нитуедна од маните што можеби пред 5 дена успеваа да ме донесат до нервен слом иначе секое сабајле кога и прв пат да се погледнам, забележувам искрена насмевка и мојот најголем стремеж е постојано да блика на моето лице, гледам задоволна личност која и макар да не секогаш исполнителна и истрајна сепак е задоволна од себеси! гледам прекрасни очи и мислам дека тоа е еден од моите најдобри атрибути. Доколку се гледаме подетално гледам мало меше, засалено кое плаче за утринско несче со бел шеќер и полномасно млеко, и целулит а за него се тешам 'ма ајде сите го имаат' а се би дала да го немам! Секој сака да промени понекогаш нешто кај себе, реално самоприфаќањето е мојата најдобра карактеристика. Имам мани и свесна сум за тоа, имам говорна мана која што не ме спречува да не затворам уста и да Се изборам за она што го сакам, имам голем задник што не ме тера да се чуствувам дебело, немам гради кои што не ме тераат да се чуствувам како нешто да не достасува!!! малце забегав али ми дојде инспирација