кога ќе се погледнам во огледалото гледам девојка со празна душа, двојка на која и е дојдено преку глава од осудувања и карања....ледам девојка која сака да зе заљуби и секој ден да и биде ведар
Најпрво гледам борец! А потоа несовршена девојка, со многу мани, која и покрај се, се обожува себе си..
Да бидам искрена секогаш кога и да се погледнам во огледало се гледам ралзично.. некогаш секси,некогаш дебела,некогаш лепотица,некогаш дебилка...ама да ви кажам зависи и до огледалото,секое огледало различно покажува немајте доверба многу во нив !
Чек да видам. *Трк до огледало* А-хааа! Епа вака: Гледам едно девојче со кратко виткано косиче и кафеави очиња со многу оптимизам, амбиции, соништа и надежи за понатамошен живот. Девојче кое незапирливо ита кон остварувањето на нејзините соништа и желби. Девојче кое што и да се случи понатаму никогаш нема да ја симне насмевката од нејзиното лице и ќе ги прави горди нејзините родители.
Едно девојче кое е во фаза на слабеење, на кое уште му виси стомачето и му се тресат бутчињата.Девојче со моментално згрешена веѓа, смешни зајчовски забчиња , зелени очиња и малечки клепки.Буф црна коса .Понекогаш гледам тажна девојка , понекогаш горда и среќна.Некогаш нарцис.
Гледам долги нозе, бутови кои треба НАЈБРЗО што е можно да се стегнат, листови широки, добар гз и мила Chimera со прекрасни коси , ептен сум вицкаста деновиве, дали от се најавив на форум, па летам од среќа , ај бар брчки ќе неам!
Денес во огледалото видов една убава девојка што е на добар пат да се пронајде себеси.Денес после подолго време се осетив убаво.Поносна на себеси што не се откажав.