Уморна сум, подочњаци до земја.И покрај тоа, огледалото ме сака, некако убава сум денес.Веројатно зошто носам црвено, убаво ми стои црвена боја. Гледам некој што е уморен не само од денов и од ненаспаност, туку и некој што е уморен од тоа да прави работи што други ги сакаат, а не си ги исполнува своите желби.Стандардна мисла.
насмеана девојка полна со љубов и желна за исполнување на плановите направени за наредниот период, со Господ напред!
Моментално гледам подочњаци шо ми виснале и полузатворени очи кои од километар се приметува дека цела недела не сум спиена асално, веѓиве ми плачат за чупање и косава за шишање. Која е мрцинава спроти мене? Не, тоа не смеам да бидам јас, време е да го сменам темпото на живот.
Убава, згодна, насмеана девојка полна со самодоверба од која на моменти произлегува доза на нарцисоидност. Но, во погледот нема ни среќа ни тага... Празен поглед кој произлегува од желбата за докажување и одмазда. За жал повредите го прават своето...
Гледам, гледам и не можам да му верувам на тоа што го гледам.... Голема дебела свиња, со големи подочници, разбушавена коса и сиво е се...
Заспана фаца со подочњаци, убави полни усни, полуотворени очи, несредени веѓи, слаба девојка, грд нос, искршена костенлива коса, мали гради.... Мислаам, морам да се средам
пропадната, ослабена ,со бел тен и плус фарбана коса со малку црн коррен дефинитивно ќе си ја сменам бојата ме нервира
Девојче со ниту темен, ниту многу светол тен. Златна средина. Темно кафеава коса, ишишана на степени, со шишки на страна. Високо чело со неколку мозолчиња на него. Кафеави, маалку накосени очи со мали трепки. Среден по големина нос. Полни усни, моментално ненамачкани со лабело. Гледам неколку мозолчиња во пределот на рамената и над градите. Порано беше уште полошо, ама благодарение на еден лосион, се среди. Видов дека сум се поправила малку последниве неколку дена. Ама со малку физичка активност, ќе се среди и тоа.
Кога ќе станам од спиење треба да поминам пред големото огледало во дневна за да одам накај вецето, и секое сабајле си викам: WTF! Што ми се десило?? Ама после миење лице и средување на косата си се гледам себеси исто секој ден, и секој ден си го викам истото: сеуште сум млада и убава, добро е!
Има некој денови кога воопшто не си се допаѓам и си викам леле зошто сум волку грдаа . А пак кога сум убава ќе пукнам од среќа и само си се гледам и сликам.Едноставно ги обожавам тие денови!!!!
Абе јас можеби ќе ви звучам чудно, ама јас секогаш си викам дека сум гадна, си имам завлечено комплекси милион... Може ќе се пронајде некоја, и само таа ќе ме разбере.
Зависи.Кога како.Некогаш дури и кога ќе се средам не се бендисувам (тоа е многу ретко) а некогаш се бендисувам и кога ќе се видам тогаш станата од спиење. Во принцип кога ќе се погледам во огледало гледам убава,среќна и млада личност.Слабичка,со долга темно црвена коса,очи полни со сјај и совршено чисто лице,без ниту едно мозолче (освен во ПМС) И секогаш насмеана
Некој кој што прошол низ многу препреки во животот. Некој што преживеал многу повреди и разочарувања а сепак продолжил да чекори со дигната глава (Малце филозофски, не ми се лутете )