Кога гледам во огледалото...се гледам ЈАС! Паметна,убава,згодна..хахаха! И гримасите никако не ми бегат секогаш се со мене кога стојам пред огледалото..и пробувам некој пози за сликање хахахахха
Долга кадрава коса, невино мазно лице, прекрасна насмевка, темни кафеави очи. Малку вишок килограми околу стомакот, но само малку Убава половина, убава форма на тело, големи гради.
Видов една женска која се здебелила прилично и ме молеше да поработам на себе, да бидам пак онаа старата-убавата, но јас ја зезнав. Се свртев и си купив што најмногу ми се јаде.НЕЗНАМ КАКО ДА И ЈА ИСПОЛНАМ ЖЕЛБАТА, НЕ СУМ ФЕР, да муугодам на желудникот сега ми е многу поубаво, ама за кратко, кога ќе го погледнам огледалото следниот пат во тесен фустан, сигурно ќе добијам шок и жал ми е за таа женската што ќе ја видам таму.А можеби наскоро ќе ми го тури паметот.
Леле колку сум убава денес. :geek: Гледам прекрасна личност која зрачи со позитивна енергија. И резултати од чучњевите т.е. вежбањето. Не, не... навистина се почесто и почесто имам денови во кои имам одвишок на самодоверба. Тоа ми годело. Се збогував со времето на комплекси без причини. Се сакам таква каква што сум, го прифаќам секој дел од мене онаков каков што е. Епа луѓе, убаво било да бидеш самоуверен. А и плус стануваш милион пати поубав. Нема ништо лошо во тоа да си се гледаш во огледало и да се восхитуваш на одразот.
Бубулица над устата ,подочњаци до колена,нос џоа компир :geek: тоа видов денес Друго што гледам ? Гледам згодна,паметна девојка со крупни кафено-зелени очи,долги трепки,темно кафена коса и големи усни.Гледам девојка полна со самодоверба со широка убава насмевка кој никој неможе да и ја тргне деновиве ги гледам и резултатите од моето напорно вежбање Секој ден се повеќе и повеќе си се засакувам ....i love my mirror
Сега гледам млада, висока девојка, со црвени прамени од остатокот од колор шампонот, со сини очи и лоша фацка, која упорно се обидува да се научи да ја крева само едната веѓа. Како ова Всушност, гледам девојка која упорно се обидува да ја најде среќата и да испадне на вистинскиот пат. Девојка која се обидува да ги развесели другите, бидејќи знае како е кога си тажен. Девојка која им помага на другите и ги советува, само зашто несака да им се случат работи кои неа и се случиле. И на крај, гледам девојка, која оди со крената глава, малку подгрбавена и насмеана, а во неа крие приказна од која и таа самата се плаши. Девојка која постојано се бори со внатрешното чудовиште, но не дозволува другите да го видат тоа.
Гледам жена која и покрај се што мина стои исправено и верува во себе. си вели ајде ричи го можеш ти ова
Утрово видов девојка со разбушавена коса ( плус виткана од вчера ) и си реков денеска нема шминкање без разлика каде треба да одам
Денес, се дотерував 1 час, де ова облечи го, де она, де тоа била неубаво, де она грозно стоело, и на крај се облеков, застанувам пред огледало и си викам “Косава како ми е разлетана, ко антени по неа да има.. “. Ја исчешлав, па кога ми “штрокна‘‘ едно влакненце од косата ми идеше да го скршам огледалото.
хаха можеби ке ви биде смешно ама јас си ја зголемувам самодовербата со тоа сто кога ке се погледнам во огледало си викам....леле бре со си убава,види каква си убава,ссекој ден се поубава и поубава стануваш и се попаметна и попаметна стануваш...ехх колку само те сакам хахаха ете така си викам јас
-големи трепки -дебели веѓи -минијатурно, ситно хемангиомче под окото што го мразам -меше што наскоро ќе добие плочки ( ) -едно совршено несовршено девојче