Гледам.. imperfections. Си се осудувам сама себе врз основа на физичкиот изглед. Има многу работи што ги „мразам“. Не дека не ми се свиѓа како изгледам (а не ни мислам дека сум најубава на овој свет), ама кога се гледам тоа ми одскокнува. Не ми смета многу, ама не би било лошо да ги нема - нели. А, да се допре во внатрешноста, прво треба да се заборави и „уништи“ површинскиот слој.
Кога ќе се погледнам во огледало ја гледам Дениз Чакир но само на некои слики пр... И СИ СЕ САКАМ ТАКВА КАКВА ШТО СУМ! тоа беше надворешен изглед инаку јас да си се опишам внатрешно чуствително девојче,со многу надеж за подобро утре,девојче кое не верува на никого па и да има најверна другарка некогаш никогаш нема на никого да кажи за своите тањи,срамежливо но доколку се зближи со некого многу зборлесто и така !
Височко multi елегантно пополнето девојче (со скриени стомачни зад салцето), долга црна коса, зелено-кафеви очи, раздвоени два предни заби, црвени обравчиња итн итн...
Правам некои намуртени злобни фацки и си се сакам многу тогаш, си правам филмови колку сум опасна а искрено поубава сум полоша и построга кога изгледам
Девојче кое поради стравот (социјопат) дозволува да не си ги остварти соништата во животот, гледам девојче кое е способно да направи многу нешта во својот живот и да се гордее со тоа....ама дозволило другите луѓе да и го водат животот
гледам кожа, очи, нос уста. Очите светкаат од солзи, а се плашат да протечат. Премногу ќе се наполни и некоја ќе истече. гледам исто лице...тоа сите го гледаат. а, јас? јас? јас гледам длабока црна бездна и вечно пропаѓање во себе...
Си ги гледам очите и се инспирирам да го цртам. Еден ден од што сум *убава* автопортрет ќе напрам бе!
Девојка на која очите и блескаат од среќа, која сака ова да потрае, конечно насмевната и спремна за нов почеток.. девојка со надежи
Си ја гледам насмевката, бледите брчки крај очите кои се појавуваат кога се смеам, си го гледам челото три прста, косата густа-кафена-виткана. Си го гледам телото и се заљубувам во самата себе. И кога ќе се загледам сфаќам дека бојата од летото ми паднала и дека си ја сакам пак. И си мислам кога ќе станам среќна. Имам толку луѓе кои сакаат да бидат со мене, да ме допрат, да ме имаат. А сепак нешто недостасува. И ќе си се искривам самата себеси со јазичето онака детски. Ќе ја затресам главата, ќе се насмеам пак и пак и искачам.