психички гледам идиот кој дозволува да биде воден од други луѓе физички гледам прекрасни очи на кои им фали светлина виткана коса која сакам да е права и гледам дека сум се здебелила а тоа ме пласи бидејки зените од моето семејство се склони кон екстремно дебелеење
кокошка која поради тоа што нема голема самодоверба ќе пати во животот(ако не го попраи тоа),облаче преполно со емоции и соништа кои сака да ги оствари,понекогаш убава девојка која е преполна со живот која не сака да старее.
Одвнатре,наивна глупачка која носи непромислени одлуки кои нема да ја одведат никаде во животот.Однадвор,девојка со тело на свиња и фаца на 60 годишен старец.
Слаба емоционална личност,на работ на нервен слом поради тековните проблеми,премногу чувствителна и со +3кг.
Психички гледам личност која била многу осамена цел живот и била пресилна, и сега сето то резултира со огромна неисигурност во луѓето и намерите, и голем страв од животот од загубата од... СЕ ! А физички слабо витко телце, и симпатично насмеано лице со црвени косиња И си се сакам. Некој мора
Стојам пред огледало најчесто пред излегување, и првите десет пати најчесто гледам личност погрешно облечена и куп од алишта зад неа.
Кога ќе се видам во огледало ако не сум средена. си викам - гледај се каква си, никаква. Ама кога ќе се средам се цакум-пакум, лелее најубава сум И секогаш си викам дека сум дебела и треба да ослабам Без разлика дали сум средена или не и стварно треба да ослабам
Јас се немам ни видено во огледало Шала настрана,кога се видов си реков:Која е бе оваа вакваа?!! Потоа се помислив и си реков ма која ќе биди јас сум хихихи.Фатив и се средив
Гледам дека сум ослабнала и дека сум добила и по некое мускулче И иначе и гледам девојка која е полна со неотварливи соништа
Гледам убава , паметна и згодна девојка хахаххахахха Психички се гледам како голем нарцис , оптимист , и како храбра личност но и многуу тврдоглава која си ја обожава својата фамилија а физички слаба, висока со убви очи и дооолги трепки ,и полни усни
Гледам девојче кое најмногу од се сака да се смени по карактер,а физички,па не се сметам за премногу убава,но од се би ги издвоила долгитe нозе,веѓите и косата...
Моментално, една девојка со кафеави очи, малку маскара и со празен поглед. Убаво обликувани веѓи, средно (повеќе оди накај високо) чело, дебели обравчиња и полни усни. Гледам мозолчињата се повлекле поголемиот дел, да не ги урочам . И гледам стрии на нозете, последица на тоа што во последниов период нагло се здебелив .
Па гледам личност со прилична слаба самодоверба.Но сепак цврста и силна личност која и не е со некој си изглед. Но сепак што е најважно можам да се видам себе си а не копија на некого.
веке не ја ни познавам личноста што ја гледам во огледало, физички силна и храбра, а емотивно, толку слаба и ранлива