Дека секој ден станувам се поубава. Па секој ден се подебела. Па секој ден со нова брчка. Па секој ден сум понесиметрична. Па секој ден колку сум изморена. Па секој ден колкав ми е стомакот. И на крај, решив да не се гледам толку често во огледало, оти секогаш гледам според тоа како сум расположена. Ама не ми оди, среде стан е огледалото.
Гледам вампир Бледо лице, скоро проѕирно, подочњак темен и уста сува, испукана И шишка,ни таму-ни ваму И толку, доста гледање да не се изнервирам уште повеќе
Денеска кога се видов пред да тргнам за на школо, првата помисла ми беше: Не е страшно..Сум била и погрда
Еве денеска кога се гледав си викам онака пре нарцисоидно, ' Види бе колку си уба и кога си тажна па камоли кога се смееш.Дај заборави го кретенот и подари му ја таа убавина на добро момче.
Девојка која е во најубавите години ,девојка која е убава и храбра,одважна,самоуверена,по малце инетлива и тврдоглава.Девојка која ќе се бори со се и сешто, и со сите предизвици кои овај живот ги носи..
Насмеана жена со големи и убави зелени очи. Тогаш насмевката станува уште поубава, зошто очите се огледало на душата, а сјајот во нив никогаш не го изгубил својот интензитет.