Гледам убаво девојче со желба за живот,гледам борбеност,храброст..само што деновиве гледам и уморни очи полни со прашалници...
Едно зеленооко девојче , кое добило многу ножеви во грб затоа што било премногу наивно и верувало на сите . Го гледам на колена во солзи .. Од друга страна , жена која веќе не верува на никој , и се бори за она што е нејзино .
Гледам чисто лице стакло, за разлика од пред тоа кога бев цела со акни. Гледам по некоја брчка и лузна. Гледам вишок најмногу во пределот на стомакот, но и тоа ќе го средам. Гледам очи зелени полни со тага, а сепак подготвени да му пружат помош и насмевка на секој. Гледам дека треба да ја скратам косата оти многу поубаво ми стои кратка коса, ама пуста желба за долга коса. Можеби и бојата треба да ја сменам. Гледам безволност, но тоа всушност е мал психички одмор. Гледам... време е за промени.
Дали е дека претерано се гледам во огледало, но некој пат сум си убава а некој пат па и толку грда, како две различни личности. Иако сум свесна дека секое огледало различно може да те прикажува, во зависност што гледам, постојано или ја имам или ја губам самодовербата