Слаба и витка жена, со инаетливо цврст карактер,и еден куп лоши работи кои ги поднела низ животот, а сепак стои гордо исправена
Несреќна жена но, борбена која нема да се откаже од тоа да стане среќна жена. Секое утро и велам Ти заслужуваш да бидеш среќна. И ќе бидеш!
Brand new подочњаци, минус 5-6 кила, бледо лице кое конечно го стигна уморот и бледа верзија на таа што некогаш ја гледав пред истото огледало.
Пегава девојка , со многу светол тен и ретка коса , која веројатно со ништо нема да се згусне ... И лице како баскет . Нос кој понекогаш си мислам дека ми е прееголем ( а реално нормален е ) ама од друга страна кога ќе видам каква грешка и направија на една жена , па почна носот да и расте како на Пинокио , си велам " немој да си толку крејзи КрејзиГрл , остави го каков што е , мајка природа ти дала нормален нос нема потреба со сила да го правиш ненормален " .