Си го гледам лиценцево добро познато, ама понекогаш како да не го препознавам.....гледам ситни кафени очи што неможат да се одлепат и да се расонат, глупава мрсна кожа на лицето После ставам насмевка и гледам дупчиња на образите па си велам добро утро, еден длабок здив, 2 чекори поназад од огледалото (поубава сум од далеку ) за да не ги детектирам новите модринки под очиве од неспиење и некое ново мозолче пред добивање 2 потега со чешел за средување на стандардно бушава и разлетана коса, еден окрет налево, па еден надесно....малку мрчење за 2 килограми вишок и целулитче, вовлекување на стомакот.....па си велам ајде Гоу марш надвор, ваква лепота да седи дома е срамота Таква сум (не)совршена....не дека огледалото ме покажува таква, ама убаво ми е, најчесто пред огледало си влевам самодоверба дека се е во ред....иако има моменти кога тоа што ќе го видам таму што се рефлектира ме тера да останам дома под ќебето, ама тоа не е физички знам....вннатрешните емоции го создаваат одразот огледалото
Девојка со широко отворени кафеави очиња, усна наутро полна(и таква ја обожавам) а потоа малку спласнува. Насмевка со дупчиња на обравчињата црвени и севкупно бело лице кое плаче да биде исончано! Го насочувам погледот надолу и си го гледам убавиот долг врат, бел како лицето... Потоа следат градите мои, големмки, онакви какви што ги сакам (а не е лошо да се уште малку поголеми). Е тука некаде е мешето, тоа не чини. ИмаШЕ три „гуми за пливање“, а сега се две. Тоа е добро, но не сакам да има гумички, си знам јас да пливам и без нив. Следат колковите на кои целутитчето се намалува и добиваат фин изглед. Тука се колената и една лузна на десното која е белег на моето детство! Долниот дел од нозете и стапалата не ги гледам во огледалото бидејки толку многу сум го наведната погледот што гледам право во подот! Е тоа го гледам јас во моето огледало!
Ја гледам девојката што и секој ден ја гледам......И сеуште неможам да си објаснам ........... БЕАУТИФУЛ... Ма џуст киддинг........ само гледам убавица
Прво што гледам- преубави, ситни, зелени очиња кои наутро се толку свежи, без трошка шминка и се како океанчиња, цуциња мои. Второ- Ууу, грди митисери на образите. Одвратни бе, грдички, не се свесни колку ги мразам. Грди бе, грди! Трето- Нос.Одвратен, со мала грпка која ми ми ја намалува самодовербата. Како капак, безбројните пеѓи и црнки на него. Еже! Четврто- Уф, прекрасни усни. Кога ќе станам од спиење ми се така преубави што ми иде да си ги изгрицкам. Мњаам. Имаат таква нежна женствена боја и многу нерамнини, абе како силикончиња Срцки мои Петто- Широка насмевка и прекрасни заби. Забите ми се едно од најубавите работи што си ги сакам. Ситни, но рамни и преубави. Мерак! Кога ќе се одалечам гледам: Слабо тело на кое дефинитивно му фалат уште 10 kg. Мали пилешки гради. Огрооооооомни колкови и голема задница. Слаби нозе И бушава нескротлива коса. Толку
Големи зелени очиња,а под нив огроемни подочњаци, мислиш со палка ме тепале 3 дена Разбушавена коса и испукана уста.Ужасна бев.
па.. гледам во еден небричен,малку разбушавен ,,момак''... тој мене симпатично ми делува и знам дека тоа е помалку субјективно.. ..и поради тоа нема да го земам сопственото мислење за веродостојно.. ...и гледам во некој кој си го заслужи правото на секого да може му погледне право в лице... ...во очи... ...без исклучок... ...па дури и на овој шизик во огледалото..
Косаа- виткана,бујнаа разлетана ама си ја сакам очи-Големи,црни со мали трепки Нос-со грпкааа што многу ми пречи кога профилот го гледам иии прекрасни,големи усни штооомногу си ги сакаааммм
ako ne sum naspana gledam PODOCNJACI,a ako sum naspana prekrasno lice posebno ako sum 1-va smena na uciliste [mod-kirilica:2mx2ssyu][/mod-kirilica:2mx2ssyu]
Денес видов убави, штотуку измиени заби, , слатка насмевка, дупчиња на образите и некој посебен сјај во крупните зелени очи. Среќа.
хахаха ме изнасмеа славица јас во последно време го гледам стомакот (што ми е ко да сум трети месец) и не знам што ми се дешава со лицето тек тук имам по нешто црвено, дали од жешково, незнам. во секој случај ретко сум задоволна кога ќе се погледнам во огледало
Гледам еден телевизор од коса што ми стои на главата кој мора под итно да биде пострижен! Си ја сакам косата,но мора да ја скратам. Овоа ми е стандард последниве денови секогаш кога ќе се погледнам во огледалото. Деновиве гледам тука,таму некое мозолче,како последица на менструацијата и нејзиното доаѓање. И ги гледам тие сафири од очи,кои толку добро умеат да ја скријат мојата осаменост,што дури и самата понекогаш се запрашувам. Гледам љубов. Секогаш. И радост. Секогаш.
Глеам софистицирани, женствени и префинети црти, и пак не ме бендисува. Ептен некоја... Класична лепота имам, обична си сум.
Си се гледам самата себе...и си мислам да сменам некои од недостатоците...како на пример целулитот на задникот...
Последниве 7 дена секој пат кога ќе застанам пред огледало си го гледам целулитот на задникот. Толку многу ми смета и ме нервира ми иди да врескааааааааааааааам.
Во моментов гледам една жена удрена од топлотниот бран кој ја следеше некаде по пат . Ако остане жива ќе изгледа подобро
Гледам една девојка која се насмевнува за да си ја провери намсевката Задоволно се смешкам кога гледам дека целулитот на задникот секој ден се намалува. Има денови кога не сакам да се глеам во огледало бидејќи ми има дојдено менструација , а има денови кога не сакам да се одделам од огледалото