Пих, чуда гледам, чуда! Ако сум во ,,хај самодоверба муд,, гледам одлучност, авторитет, самоувереност, амбициозност... Ме мава некој филм кога ќе ги ставам наочарите, се чувствувам некако моќно. Ако сум нерасположена, гледам масни ткивичка, влакненца и крив нос.
Совршенство и се прашувам дали е можно да сум Волку убава ? ! Ама Волкот не одговара ... Што гледам зависи уствари многу ми помога огледалото си црпам самодоверба , мудрост , и сила . Чудна работа ама ете така е . Нормално не сум секогаш тип-топ па она леле косава или нус појави како акни , коса (флориол Масло ) сив тен , бледа ко духче итн ... А кога плачам ете ко ми се дешава кога ќе погледнам во огледало во истиот момент прекинувам , не да се гледам него да плачам . Не ми се допаѓа тој израз кај мене како да губам како да доживувам пораз кога ќе се видам со солзи во очи .
Си го гледам телото и си викам ееее фала ти мама што сум слаба како тебе и не можам да се здебелам заради брзиот метаболизам.... си го гледам лицето и обрнувам внимание на формата која ми викаат дека ми е карактеристика за мојот хороскопски знак- Јарец. Обожавам кога се гледам во огледало нашминкана и дотерана
Се гледам себе си....ако сум одморена (читај наспана ) сум прилично весела и расположена и тогаш многу сум си убава, ептен си се сакам...си се фрцкам, си се дотерувам, како пубертетлика сум... Кога одиме некаде со мм заедно во кола си се огледувам на огледалцето и гласно викам-туф бре што убава жена имаш, кај ја најде оваа лепотица , неговата реакција понекогаш и ваква е Ама ако сум нервозна тогаш само поминувам пред огледалото, гледам авет (страшило), некогаш знам и да си се искривам сама на себе, знам да одмавнам со раката во стил баш ме брига каква сум, а ако моето нерасположение достигнало врв и кулминирало знам и на огледалото да му покажам среден прст
Ни самата не знам понекогаш што гледам. Некогаш гледам сениште,некогаш гледам среќна девојка,кој ќе ти каже... Углавном,секогаш гледам преубави очи и знаете од оние богатите насмевки кои ви го прават денот поубав. Е таква е мојата. А,и гледам образи измислени за штипење. И гледам многу тага.
Ако ме мава некој нарцисоидам, кој многу ретко ме мава и тоа само по дома, гледам убаво лице и тело. А бидејќи тоа се случува ретко, во поголемиот дел од времето поминато пред огледало гледам само недостатоцииии и недостатоци и то
велам насмевни се секогаш си убава горда сум на моите вишок или кусок на килограми и се прифаќам таква каква што сум -бледа си анастасија ама убава си -несредена ти е косата ама убава си во огледалото гледам многу повеќе внатре одколку надвор на моето тело или лице,се гледам каква сум по расположение и затоа секогаш надворешно сум нарцисоидно убава а самокритична во споредба со тоа што навистина го гледам. ги гледам моите очи секогаш во огледало,тие ми даваат одговор за кој не сум поставила прашање наизуст
Секогаш кога ќе се погленам во огледало си ги гледам очите, во зависност од тоа што го има во нив, таква и се гледам, доживувам..
Гледам девојка што тек треба да се развива и учи за животот.Девојка што не знае што ја чека, но ќе даде се од себе тоа да биде најдоброто за неа
борец, кој никогаш не се жали не цимоли..и не се моли. можеби многу нешта, многу мои сонови сеуште не сум ги постигнала, но јас верувам во себе, дека лошото за добро и дека со тек на време ке постигнам се што посакувам. и да, гледам во себе прекрасна девојка која се бори, и која има свој став.
Уфф до кога со кратки нозе?ПОРАСНЕТЕ хахааххахахахахах (друго не ми смета ништо знам дека никој не е совршен, а и неможе да биде )
аман бе какви ми се нозете дебели ,кога ќе се видам слаба и згодна да си се восихитувам сама на себе хахахха желба ми е луѓееее ама ете пуста мрза пуста стрвност и таква сум каква што сум со 5 кила повеќе од потребното