Човек што си ги загубил чевлите или некој му ги украл... мада познавајќи се себе си, многу веројатно дека се тука, само не ги гледам во моментов.
Сум се здебелил. ЛЕЛЕ ЧОЕЧЕ СУМ СЕ ЗДЕБЕЛИЛ,БРЗО НА ДИЕТА х) Леле како ќе искочам вака,види сало,целулит,спојлери. Се шалам,глеам еден дебил со подочњаци,жут дуксер и црна блуза.
Гледам дека огледалото е цело прсти,и дека во собата уште малку ќе ми никнат габи од што ми е ептен чисто. Исто така гледам огромна флека на горната пижама. Јанија. Гулаш. Не бе ајвар ќе да е.
Па гледам девојче. Изгубено, наивно.. Гледам прсти по огледалото ииии.. едни бистри очи. Не знам зошто се толку бистри?! И кога плачам, како да светкаат!
Утрово во огледало видов намќор. А што да видам побогу, надвор црно темничиште, јас со петлите станата уште, ќе одам да полагам, убајни и то царцки. И ако се лажиме косата ми беше средена, со фигаро од посабајлечки ја зафаќав, од подочњаци ни п, тип-топ скоцкана и не се накапав со кафето на новата блуза. Се на се, срцка бе...
Кога утрово станав да се спремам за на училиште, на огледалото си ја видов мојата насмевка со дупчиња,и плавите очи
Денес не се гледам во огледало... Нервозна сум од болките во стомакот (од женски причини) и дури и собствената ми фаца ќе ме изнервира..