Будала прва класа, од посебна раса, ми иде да се фрлам од тераса. Прво, си ги гледам ноктите, од далеку како изгледааат. После това, си го гледам бувот ми од коса. Зависи од денот, доколку сум расположена, си ја гледам позитивната страна. А доколку сум унрасположена, си ја негативната страна. И то..
Лик. Некогаш провиден, некогаш мистериозен. Некогаш насмевнат, некогаш кисел. Час беспомошно, безгласно човече - час некој што би можел да го спаси светот во еден потег. Личност која понекогаш го носи сиот товар на овој свет, а понекогаш се чувствува лесна како пердув. Не гледам убавина, не гледам ни грдотија. Не гледам дали ми штрчи прамен од косата и дали сум профи нашминкана. Барем најголемиот дел од времето. Јасно де, ке се погледнам за да не шетам ко чума у центру града, ама колку и да звучи смешно, си го дознавам својот вистински став за нештата преку огледалото т.е. повеќе ми служи за психоанализа на моменталната состојба. Можам да се убедувам себе дека нештото ми одговара, но доволен ми е еден длабок поглед во огледалото на душата за да знам дека се залажувам себе.
Зависи ако сум у добрите ,тогаш гледам колку сум најубава и се воодушевувам , а доколку сум не расположена тогаш одма размислувам дека имам некое кило плус и одма смислувам стратегии како да го симнам ,а и одма почнува каење што си ја скратив мојата косичка
Со сегашново расположение, кое го достигна дното, не гледам ништо, бидејќи ништо не ни остана од мене..
Гледам идиот и размислувам од каде да се фрлам......чудо е што досега огледалото е живо ај ќе пукни некој ден
Јас па гледам убава девојка со потенцијал.Ако некој не го гледа тоа,тој губи Понекогаш ја гледам тагата го нејзините очи,но тие очи кријат и сила која вика мора да се оди напред и нагоре.Господ голем е гледа и се ќе си дојди на место. Spoiler Е и јас губам де,ама не се давам.Зошто тој не можи да ги протолкува моите очи?Илчи можеби видел последниот пат?Реторични прашња...
Од ден на ден чудо е колку сликата во огледалото може да се смени. Пред еден месец ке видев безнадежно девојче, без насока, со празен поглед но со искра надеж. Тоа девојче не пронаоѓаше ништо посебно во себеси, за жал. Денес тоа девојче е сменето, сега со гордост се гледа во огледалото, го гледа најдоброто од себе и ужива во тоа. И погледот... сега и е светол, мирен. А што се случи? Тоа девојче... порасна?
Прво, сите си се сакаме себе си, нели? Прв случај: Јас. Пред огледало. Некогаш толку многу си се сакам и потајно воодушевувам. Егото и самодовербата растат. Втор случај: Па дали сум тоа јас? На ништо не личам. Како сега тоа кога вчера бев убава? Е сега, вчера сум се преценила или денес измислувам комплекси? Која сум јас кога сум пред огледало? Јас сум една. Истата.
На огледалото што е во спална кај мајка ми и татко ми гледам дебела женска, а на тоа во соба моето модел од Вики Сикрет. Па стварно неможе да им се верува на огледалава -.-
Гледам една девојка која многу проблеми не ја скршија досега. Девојка која се надева на невозможното.
Утрово бев многу убава во огледалото. Права Снежана. Со лице како снег, усни како крв и коса како абоносово дрво еднаш си направив, по еднаш на двете обравчиња и денот започна