хахаха, и јас глеам исто, абе ние да не сме близначки? Убаво и чисто лице кое во најкраток можен рок ке се дочисти ,згодно тело со малку целулитче и стриички, преубава коса која треба да се потшиша итн итн
Денес ДАСКАЛ го видов (како ја пее т.е. рецитира онаа песната за одмазда со препукување и сл.- За сите ноќи чинам беше) Ете него го видов А кога се видов малце од поблизу видов и една ненаспана, жедна за љубов лепотица
Денес кога се видов во огледало, видов дека сум се здебелила и дека почнува да станува очигледно. Пижамките ми се стесниле кај газето (таму најчесто се дебелеам) и среќна бев да, на ова јадење редно беше.
Јас па денес си видов една црнка на брадата. Абе и кога немав огледало пред мене ми бодеше очи, гром ја мавнал!
Се во зависност од денот Пр. Наутро гледам страшило, т.е. погледнувам страшило и вртам глава да се соземам Попладне гледам девојка која се труди да си ја среди разлетаната коса ама секогаш има некои праменчиња кои се бааѓи непослушни па ми иде со ножици, кац и ајт чао пријатно Приквечер си се гледам ок, си се допаѓам како изгледам а пак скроз вечерта сум најубава.. Изгледа само за спиење сум супер и сабајлето.. Here we go AGAIN
Неможам во никој случај да се дефинирам...ни физички а ни психички.Во бестрага сум,се обидувам да го средам тоа ама пак тапкам во место...
Личност која се бори со самата себе, испиена од умор и борби, ги затвара очите да надмине, ама не успева денес и течат солзи колку и да се труди.. болка..
Во последно време, единственото нешто што го гледам - уморниот поглед. Водам борба со несониците, а не сакам да признаам дека ме победуваат.. Ми треба сон!
Зависи каков ми е денот...И зависи на каде ќе погледнам... Ако си го гледам телото, најчесто си велам- Ех, години и години напорно вежбање не биле залудни Ако си го гледам лицето,а сум расположена, си велам -о.к. си Лола благодари им на добрите гени! Ако си го гледам лицето,а НЕ сум расположена,си велам-о.к. Лола,смири се, добра шминка се покрива, а потоа си викам, да не ми е време за ботокс?Или некој филер кај др.Анчевски? Под нож нема шанси,ама за ботокс или некое филерче-ќе стегнеш заби Лола!
Белина. Како сонце да не ме фатило овие седумнаесет години. Густа, руса коса која никогаш не можам да ја скротам. Синџирчето од мама со приврзок срце лежи на моето грло. Лузната над мојата десна веѓа не се познава ко порано. Очите ми се малку уморни.
Нов лик кој колку ми се допаѓа толку и ми е одбивен...дали оти е нов па тешко го прифаќам... Ќе се врати голем дел од стариот, време е...наближува, се бројат деновите...