Мене еден ми пиша порака за полуматура, Мери сакаш ли да ми бидеш партнерка вечер? Тука следеше името негово и на крај п.с. ти пишувам од тука, не ти го знам бројот. Е*ати партнерот, здраво не си кажавме цела вечер. Со ваквите најубаво ти да си опуштена па надеж дека и тие би се опуштиле.
а што да правиш кога ќе и се врати на бифшата,и тоа ради моја грешка што не сум го поздравила(тоа по мојата женска логика ) и тоа бидејќи мислев дека се зеза и избрзав и згрешив,па така он мисли дека ја не осеќав ништо за него и се смири со бифшата.. а и покрај тоа што ќе продолжам со животот не сакам да го заборавам,уште се надевам на нешто.а ја се вљубив на прв поглед,и се гледавме мн еден период па он викна чао и јас не изреагирав пошто бев нервозна нешто и мислев дека се зеза со мене,и сега знам дека тоа е една од причините заради која тој и се врати нејзе!сега не сакам да почнам контакт пошто знам дека не вреди,бидејки е со неа! а криво ми е што не му пишав додека беше сингл Што да правамм?!велат на сите врски им иде крај,посебно дека е со бифша?! што мислите вие?
И‘ се вратил на бившата затоа што не си му рекла „Здраво“?! Дечково врсник ти е? Ако е така, се‘ ми е јасно.
А утре стапите во брак и ти не му кажеш прва „Доброутро“, што ќе прави, ќе трча кај комшиката? Ме нервираат суетни луѓе Тој за се нешто ќе бара влакно во јајце.Терај си работа, ќе си најдеш друг, овие умислени фаци не ти требаат!
мислам дека си во право,но сепак он ваљда сакал да започне контакт и сметал дека не сум заинтересирана или дека можда имам друг.Затоа јас во мене ја гледам вината..
Па можеби имал некои недозавршени бизниси со бившата ,ако ме сфаќаш Можеби посакал пак да се наврати на тие некои работи ,а смета дека кај друга девојка не може да ги добие ,или пак те цени и не сака да изнудува нешто поинтимно од тебе ...
Не знам зошто бараш оправдување за неговата постапка.Ако сакал нешто да има со тебе и да го поминеш на улица тој ќе трча за да ти го сврти вниманието. А он успеал да ти наметне уште грижа на совест.А ако сакал контакт, ќе најде начин, барем денеска сите сме лесно достапни преку мобилни, фиксни, социјални мрежи, па ако треба и во бандера ќе тропа и голуб-писмоноша ќе најде,ама ќе те исконтактира.
кога ти вели дека виткана коса( природна ) му е поубава кај тебе отколку пеглана . ? Јас секогаш пеглана ја носев и вечерва прв пат ме виде со виткана па така ми рече..?Дали тоа значи дека не сум му била убава со пеглана ? Што сака да кажи незнам
можеби тој со тоа што се вратил кај неа се откажал од мене,али ја нема.Сфаќам дека премногу ми значи за да го пуштам да оди..Свесна сум дека ќе имам прилика,и ако не ја искористам како што треба стварно ќе го оставам.Можеби не мислите дека сум во право,ама чувствувам дека го сакам.И дури луѓето ми се чудат како сум можела да го засакам толку кога не сме имале ништо сеуште,али ете тоа е нешто посебно.. аа ова баш не го сфатив..ај ако сакаш кажи ми поточно што сакаше да кажеш
Ако ти се допаѓа мувајте се и остави го со тек на време да се заљуби во тебе ( мувајте се почесто). Кога ќе се заљуби во тебе сам ќе посака да има врска
Чим неќе врска со тебе, сака само на мување, не бидуе да си го пуштиш срцето по него! Гледаш ко мало дете игра не те рецка, ма дај веќе тие игри, цел живот ли ке се замараат со нив ! Да можат у врска, у врска со нив ќе си се стаат ! Смотани машки ццц. Не го рецкај ни ти бе, да види како е Да те сакаше или да сакаше да те задржи, колку и да е зависник ке паузира пола саат барем ке напраите колку толку асален муабет! Недозреани!
Што да правам кога момчето што ми се допага најверојатно си игра со мене топло-ладно Значи прв пат кога се видовме и запознавме беше во парк тогаш ми праќаше сигналчиња дека му се допагам, потоа ме адд-на на фб и подолго време зборевме.. јас сум срамежлива многу али сепак му дадев некој знак дека ми се допага, но тој како да ми даде лажна надеж или си игра топло-ладно Еве веке неколку дена не се ни допишуваме и како да бега од мене, секогаш кога ке се уклучам а и он е уклучен, не му пишувам веднаш намерно и после 10 минути ке го снема, ке се исклучи. Незнам дали да се правам дека не ми е гајле, дали и ја да си играм топло-ладно или што да направам.. Пишете ми ке ви бидам благодарна ♥
Штом не си имала ништо со него, зошто воопшто се замараш? Ќе има и нареден кој што ќе го прави истово, но ќе има и нареден кој што нема да игра топло-ладно туку ќе биде со тебе и ќе ти посвети внимание. Зошто воопшто се лажеме за некој кој што ни симнува ѕвезди на Фб?
Па не дека ми симува ѕвеѕди на фб.. не е таков.. многу е горд, што ме нервира. И иначе штотуку зборев со една моја другарка и штотуку одличив да не се замарам веќе со него... И секако дека ке дојде нареден и како што рече ќе биде со мене и ќе ми посвети внимание( да се надеваме)! Во секој случај фала ти Марама ♥
има девојка, а добро знаеш дека те свиѓа тебе..и цело време ти пишува и сите тие раб,а сеуште не раскинува со неа.......
здраво јас сум нова незнаев каде да го поставам прашањево вака јас имам 17 години а тој има 23 се допишуваме на facebook и вчера ме покани да излезиме на кафе ама јас му реков друг пат бидејќи имам сколиоза ми е искривена кичмата и незнам како да му кажам или кога ќе се сретниме сам нека види барам совет ве молам
Мене дечково ми изгледа како недораснат тип што незнае што сака. Батали го. Ако стварно му се свиѓаш како што вели, ќе треба да си го помачи тоа газенцето, а не да игра топло ладно и да се прави манга.
Aјде да ти одговорам.Не сфатив,каква помош бараш,намлена ти е самодовербата па се срамиш да појдеш со него или?Дај малку пообјасни не знаеме што е.