Несмееш гаќи да носиш, т.е. нема да ти дозволат да ги облечеш за да дишела раната А овие дозволуваат да се носат затоа што се мрежести и служат само да ја држат улошката. Ние сме малку назад, во другите земји болницата сама ти обезбедува од овие еднократниве додека си таму, у ствари многу работи т обезбедуваат што кај нас е за сега научна фантастика ама ај да не забегувам од темата
хахах форко ептен си загрижена, обични неможеш зошто влошките немаат најлон како обичните и пропуштаат, јас кога бев недозволуваа гаки и со нозе само ја притискаш улошката ќе се наместиш убаво и почесто во вц, зошто кога доаѓа визита неможат да те чекаат да се соблакаш само шириш нозе они со штипка ти ја тргаат улошката да ти ја видат раната и ти ја враќаат назад ама ќе издржиш 2-3 дена. најлошо од се е станувањето во 5 сабајле на туширање мене ми се погоди таква чистачка на смена и сакаше се да и е исчистено пред визита и она беше поглавна од сите не будеше во најслаткиот сон
нема да ти шлакне не се секирај , јас со серклаж во болница со спаваќа и улошка без гаќи, па одев до вц, наваму натаму...
А тие Вир улошките, видов едно пакување 130 денари некаде беше викам многу скапо, а па на друго место исто Вир 80 пишуваше околу 60 денари, толку се тие што треба да се купат? Има некој користено од БОНИ? или не треба такви за у болница?
Вир влошките се најубави затоа што се со памук само завиткани во мрежа и не паѓаат ако немаш гаќи ,доека другите влошки се синтетички и не се убави за раната не може да дише ,инаку гледав некои од родилките носеа и други значи не е забрането , исто ми дозволиа бебто во мои алишта да си го облечам ,може и спавака да си носите
Фала пепита, а колку пакетчиња улошки ти носеше? Спаваќа гледав од стружанка али не ми се свиѓаа воопшто а и продавачките не беа воопшто љубезни и ми се одмили да купам
Истото и мене ми се случува неколку пати по ред во Стружанка. Си викав ај сум ги начекала на лева нога, еве не сум била единствената. А сега па ко што сум раздразлива, се навредив бе Барав и ја спаваќа и ми покажуваат старинска една, мислам таква никаква во дезенот и ја се киселам, не ми се свиѓа, па имам право да не купам и како лути уште ја дрпнаа си ја прибраа. А баш ќе им испазарував, сакав и постелнина да земам и некои пешкирчиња ама си излегов. Инаку за улошки, носете си повеќе пакетчиња, мслам дека 2 малку се, нека има, подобро да ти останат него ли да немаш. Не дека нема таму да ти даадт ама зошто да бараш, па имале, немале, вака стави си 4-5 и мењај кога ќе ти текне.
Ана јас имав од Бони ама од тие со мрежичка шо се светло плави и тие се добри како што кажа пепита не паѓаат ако немаш гаки и купи си 3,4 паковања. А во битола дозволуваа гаки да се носат, и пред визитата сестрата ке речеше одете да се истуширате и слеквајте ги гаките, ако немаше време да се истушираш само ке си сменеше улошка ке си се подзабришиш и ко ке помини визитата веднаш гаките ги облекваш и готово Само ке си носиш повеќе пара за да си ги мениш и тие нормално оти крвариш И да ви кажам а и да не носите гаки ич нема да ви биди чудно оти и јас си мислев како без нив, ама два дена си поминав без нив (во пред породилна цел ден, и другиот ден од ко се породив ми беше шубе ради раната па дури приквечерта си кладов)
Епа не ќе е до нас со ова продавачкиве ама сериозно воопшто не беа љубезни и викам ај ќе појдам во другата продавница во гтц што е , таму прашував за трењерчиња бебешки една другарка земала и беа многу слатки и продавачката ме гледа и на цел глас Девојче ти сериозна си што ми бараш тренерки за новороденче??? И јас таква прашалници, викам зашто? Па вика нема толкаво бројче и јас ја гледам ок викам фала за љубезноста, другарка ми се крстеше кога излеговме боже боже викааа ти се развика истото беше и за спаваќата што викаш ти старински, јас очекував некој боље до душа само две ми покажа таа можеби ја мрзело да ми покаже уште...страшно
Добро за мене ми е јасно што треба да носам,но не ми е јасно за бебето.Треба ли пелени или шпикозни или пак памперс е најдобро
зависи каде ќе се пораѓаш, ако си во чаир ти треба само памперс и марамици, од облека ништо зошто ги повиваат цели во пелена што мене лично мн. ми се допаѓа зошто се мн. полесни за кревање и поцврсти него одма во облека , а во ГАК ги облакаат од таму во шпихозни и незнам дали е дозволено свои да носиш нека напишат тазе мамичките што се таму породени
јас за бебето ќе пакувам 3 осмици и 3 тетра пелени, ајде осмицата да ми се најдат а тетрата може да ми потребаат за покривање и легнување на бебето, влажни марамчиња крема и памперс
Карак ако мислиш да носиш осмици за широк повој нема потреба во болница одма да му ставаш повој ,само памперс носи си а пелени носете обавезно за да си го ставате бебто на нив
I jas si ja spremiv torbicata za mene no od pusti merak ja spremiv i za bebusko ....do dusa za bebusko vo bolnica ne mi treba nisto bidejki se od bolnicata davaat za tamosniot prestoj pa ke moram da prasam dali ke moze vo moi alistenca da ja oblakam Pusti merak toa ti e.....
абе можеш да го ставиш на пешкирче али за покривање ако ти требаат и ете за забришување на млекото после цицање и дрн дрн земи си тетра бркале доста работа
Ке земам 2/3.. ама знаеш што сакав да те прашам Папучи какви да земам не знам дали да купам гумени некои за под туш или нема везе?
јас си купив гумени кломпи не дека после ке ги носам али да би ти препорачала нешто гумено како папуча не апостолка затоа што ако е навечер свежо може ке си облечеш чорапчиња а апостолки и чорапи така да нешто гумено и плус за под туш