Најискористено нешто за мене. Иато мислев дека се неудобни но не ги ни осеќам, но голем број зедов (по грешка) и носам и други, но само овие ги кориатам.
Мајки од Битола што се породиле во државна болница што носевте за таму, читам по одговорите секаде е различно. Терминот ми е февруари и ме фаќа паника зошто не сум спремна Help
Здраво мамички да ве прашам што треба да понесам во Плодност за пораѓај ми се ближи терминот а не сум спремна ... Незнам што треба да носам ... Секое искуство ми е добредојдено
Некоја тазе породена мамичка во Ремедика, да ми каже што се е потребно да спакувам за мене и за бебе за во болница? Ќе бидам породена со царски.
Тие што сте сега породени во Чаир кажете што треба да се спакува и носи? Тест за корона 1? Папучи гумени Вода Спавача може да си земеш од дома? Прибор за хигиена друго? за бебето треба пелени или не ? алишта знам дека не требаат тоа кога ќе се искача носи мм и за бебчо и за жената
Полнач за телефон, основен прибор за хигиена (четка за заби, паста, гел за туширање, шампон) штипка/ластиче за коса, чешел, гел за раце дезинфекција. Се останато таму ти даваат (гаќи, влошки, спавача, вода, сок итн.) Облеката за бебе ја носи маж ти дента кога ќе треба да излегувате, а облеката за тебе можеш да си ја земеш кога ќе одиш или накнадно маж ти ќе ти донесе. Во секој случај може да ти донесат нешто ако заборавиш. Со лесно
Пелени треба за бебе и влажни и крема, улошки и тоалетна и за тебе плус. Спавача јас е сум носела од дома таму ми дадоа
Јас носев пелени за бебе, ама никој не ми побара. На крај им ги оставив. Спавачи носев, ама Не ми дозволија мои да носам, даваат нова кога и да им побараш. Арни се и нивните. Полнач и слушалки земи си. Парацетамол и рупурут ( ако ти затреба да не ги молиш). Вир влошки обавезно земи си, не даваат гаќи да облекуваш. Добро, навечер јас си клавав мрежести. И тоа е тоа.
Бебе таму го облекуваат со нивни алишта, само облека за излегување, ништо друго И таа сестрите му ја облекуваат, дотерано ти го носат кога ќе ве пуштат
Zdravo dali ima nekoja mamicka sto se ima porodeno vo GAO Bitola sto treba da se nosi za tamu za majkata i za bebenceto da spodeli iskustvo i od koj doktor e zadovolna pozdrav