Јас носев работи за лична хигиена, макар шо сѐ имаш таму, полнач, слушалки шо не ги искористив, книга шо не ја искористив, шминки, четка, документација. На денот на излегување, мм донесе алишта за мене и за бебе.
@Мишел* А колку долг кабел купувате? 5м /10м ? Едит: на алиекспрес најдов до 5м, ама немам претстава колку се далеку штекерите да не ми го приклучат во другата соба
Јас во Чаир прошлата год кога бев на операција имав штекер одма под мојот кревет, а цимерката пунеше кај мене, она немаше. Мислам дека не е толку голем проблем, ама утре ако не заборавам, ќе видам колкави има.
Devojki sto ste se poragjale vo Cair kazete mi dali gi proveruvaat torbicite bidejki mi kazaa da ne gi nosam mrezestite gakicki mozno e da mi gi zemat...pa sega se mislam dali da gi konfiskuvame odposle ili regularno da si gi vnesam vo torbicata...
Не не смеат да чепкаат во туѓи работи. Јас 2 пати се породив таму еднаш носев мрежести, еднаш обични. Кога ќе поминеше визита си ги облекував поудобно ми беше така.
Никој не ти проверува ништо за да ти одземаат. Само после додека бев во шок соба јас, ми ја "провериле" ташната, веројатно болничарките. Не носи многу пари или накит со себе.
Не смеат ништо да ти конфискуваат. Ја бев во друга државна болница, самата болничарка ми рече да си земам гаќи да ми ги облече после првото туширање. Цело време во болницата бев со гаќи, дури и еднаш визитата кога дојде ја ги носев оти не очекував дека толку рано ќе поминат, па ништо не ми рекоа.
Едно пакетче памперс за во болница доста е, 28 гледам има внатре. Да не се многу/малку, и дали тие им ги ставаат, или собираат се што имаш, па им ставаат какви им дојдат при рака? И влажни дали треба за во болница иако не планирам да користам ама за таму не можам да бирам За ГАК прашувам
Не знам кога ти е термин ама како што слушнав на ГАК почнале да примаат само ковид позитивни, се надевам тоа за брзо ќе се смини. Иначе да, едно пакетче пелени ти е доста, а влажни носи си, мене ми рекоа да носам
Мислам од пред некој ден, само нека потврди некоја членка, јас на телевизија слушнав а и зборев со другарка она треба да почне на цтг да оди и исто ми кажа. Планираше и она на ГАК да се пораѓа, па сега не знае што да прави
Се надевам дека е така. Инфото од пред некој ден на тв беше дека имало моментално на гак 44 позитивни трудници и дека засега се примаат само позитивни ради исполнет капацитет.
Не сум породена на ГАК, но можам да ти кажам, повеќе од доволно е. Јас носев пампера актив, а му ставаа други зошто ги зимаат на купче пелените и пич ги боли кај кое што ќе стават
Доволно ти е едно пакетче. Најверојатно и ќе ти останат дел. А за влажни, носи си барем 2 пакетки. Ќе ти се најдат и на тебе и на лепотицата.
Цело пакетче ти е многу. Јас носев 10тина пелени само и ми останаа, и ги оставив. И влажни носи си. И тебе ќе ти се најдат влажните А мојава еднаш само беше во пелена од тие шо ги носев, онака се си беше во некои други Ама за 2-3 дена не е страшно
Здраво. Има ли некоја мамичка што се има породено во Штип да ми каже искуства и како е таму со хигиена, со персонал и што е потребно да си понесам за мене и бебе. 31 недела сум и многу ме фаќа паника и страв ми е.