Според мене малку ти се две пакетчиња влошки. Барем уште едно ќе ти треба. Ја 4 потрошив во болница. Можеш да си носиш и од дома спавача ако ти е покомотно така. Влошки за гради мислам дека не ти требаат. Од средствата за хигиена не си пишала гел за туширање. Јас имав во малечко шишенце ставено, тоа ми беше и за раце и за туширање, за да не мкнам шишиња за џабе. Шампон не искористив, не миев глава таму. Во помала торбица (ако имаш некоја со повеќе џебови ти е најпрактично) би требало да ти ги собере. Гледај убаво да си ги наредиш, сѐ да ти е лесно достапно. Храната можеш и во торба за пазарење или ќесе. + многу вода и чаеви и пластична чаша си носи, мене ми беше многу тешко да ги кревам шишињата, па си сипував по малку во чаша и така пиев. И овошен јогурт ако си јадеш за освежување + лажичка. Од документи освен потврдата за крвна група (би требало да ти ја важат таа, а може и само ќе те прашаат која крвна група си, бдз да ти бараат документ) мајчина книшка и здравствена не ти треба ништо. За бебе само пелени и марамици.
За шампон и се мислев не знам дали ќе мијам коса таму, ама ќе земам барем сув шампон да имам. Овошни јогурти мислев и јас, ама па нели сува храна викаат да се јаде, мислев за да не се оди по голема нужда ради раната Мајчина книшка немам
Влажни марамици 1 од големите пакувања ќе ти заврши работа јас мислам. Шампон не верувам дека ќе ти треба, ако си природно породена за 2 дена ќе те пуштат, нема ни да ти текне да миеш коса. Башка со миење коса ти доаѓа и фен носење, многу замарање мислам дека ти е Крема за бебе носи си ако планираш ти да му мењаш пелена, јас прв пат пелена дома сменив, таму со брзина на светлината ја менуваат, кремата додека ја извадиш од торба пелената ќе биде сменета Влошки за гради не ти се потребни уште таму. Вода, ледени чаеви или мали си земи или плус пластични чаша. Гаќи, пошироки, поудобни, памучни да си земеш за излегување Јас отидов со здравствена книшка и картончето ама од трансфузиологија, ама како и да е шо ќе ти прават ако си веќе отишла со тоа картонче, не ќе те праќат ново да вадиш сигурно Ако ти промрчат кажи матичниот кажа дека важи и не се замарај Едит: мала торба/ранец. Гледај да ти е све на дофат и попрактично
И стварно така ми кажа, уште на првиот преглед кога ме праша за крвна група и и го покажав картончето, рече дека тоа е ми важи, ама сепак не знам дали да се замарам сега да одам и до трансфузиологија за тоа За гаќи од трудничките ќе спакувам за излегување, тоа ќе ми донесат кога ќе не испуштат со алишта за бебето
Колку што знам нема веќе мајчина книшка. Само здравствена и картонче за крвна група. Ако носиш влошки за гради, носи и прслук, зошто госпожите не стојат на место нели, па пак ако ти надоаѓа многу млеко лом ќе се направиш. Јас не носев, не ми ни требаа, не ми надојде одма млеко. Јас ги носев во ранец работите, а на пример жената што лежеше со мене во соба носеше куферче. Како ти е тебе позгодно.
Ич да не се замараш сеа да вадиш ново Е добро, јас у торбата си имав одвише место и знаев дека ќе збеснам од возбуда денот кога треба да си одиме па си ставив и моја облека и се облеков уште после визитата затоа ти спомнав за гаќите Кога ти е терминот?
17ти, со надеж дека до 13-14 веќе ќе завршам работа Од почеток на бременост имам некое предчувство дека до 10ти ќе се породам, дури така и си го сметам како термин Ама еве дека само омекнато грло имам, не сум почнала да се отварам, си го продолжив до крај на неделата Ќе видиме бебето што решило
Гаќи можеш и обични, памучни 'домаќински' да си носиш. Јас такви си облеков за излегување, овие мрежестиве многу незгодни ми беа.
Па немам земено мрежести, а обичните што ги имам сите се мали бројчиња оти доста се поправив во газот сега во бременоста, па трудничките ќе ми завршат работа, секако и стомакот колку-толку ќе се намали додека да излезам па ќе ми бидат комотни.
Ги има во Дм, 350 ден беа 4 пара. Мрежести се. Ама ич не се удобни, ја едвај 1 пар искористив. Среќа шо си носев повеќе пара памучни. Додуша и тие едвај ми стигнаа, лом се правев.
Бебе може и преку ноќ да реши да се запознаете. Верувам дека си превозбудена Ти посакувам лесно и брзо породување. Со акцент на брзо
Не ми текна на тоа. Не знам како е после природен пораѓај, јас дека со царски после 2 дена ми ставаа клизма да се прочистам.
Носат се, само за време на визита не треба да се носат. Иначе како улошката ќе стои, без гаќи ми паѓаа, изгубив две улошки. @Mrs.Sofija да, да.
И јас се чудам како стојат тие улошки ама од читање тука заклучив дека не треба гаки Ете не ми текнало да ги отворам да видам како изгледат како се местат
Јас си носев и пред визита ги соблекува, и повеќето сите си носат гаќи, иначе ќе треба да одиш како шатка за со нозете да ја држиш влошката.