Ќе се пораѓам во Ремедика. Сега спакував торбица и за мене и за бебчо Во мојата ставив: Влошки VIR80 (2 пакетчиња) Козметика (шампон, млеко за тело, препарати за лице, паста, четка за заби…) Гаќи Чорапи Градник за доење Облека за излегување од болница Шминки Чешел Полнач за телефон Папка со документи (Извод од матична книга на венчани, “Подготовка за пораѓај” и крвна група) Во таа за бебчо: 2 тетра пелени 2 памперси (ми кажаа дека има ама за секој случај ) Ќебенце Боди Панталончиња Чорапчиња Капче Ракавички Дали земав се? Посебно од работиве за бебе не сум сигурна Прво бебче, па не знам дали ќе му биде доста таа облека или треба уште нешто да му се облече
Павловичева ама може имаат таму не знам и папучи за тебе ако треба исто земи и некое блузиче не знаеш какво ќе е времето ако ти е за искачање ова а ако ти е за таму доста е
Си спремала и повеќе од доволно. Влошки за тебе не ти требаат, даваат таму. За бебето освен облека за излегување од болница не ти треба ништо друго. Се што треба има таму. Облеката за бебето ти е доволна, секако си спремала и ќебенце ако е поладно времето.
Ова претпоставувам ти е и за излегување од болница, инаку за таму ништо нема да ти треба од ова освен лична хигиена. Влошки, мрежасти гаќи, памперси има таму. Таман е инаку сѐ
Женски да прашам сега некоја што се има породено на ГАК дали треба да се носи извод на венчани или само крвна група и упат?
Крвна група, јас ни упат не носев пред 5 месеци породена у 22 ме фатија болки кај да го најдам тој упат
Значи да не барам јас изводи низ куќа, хаха, ќе си ја земам само крвната група. Инаку живи и здрави да сте ❤
Во Ремедика на пораѓај отидов со полнач за мобилен само и тоа ќе заборавев дека ме фати неспремна. Не ти треба буквално ништо освен козметика (паста за заби, четка, чешел и крема). Се ти даваат таму. Облека за излегување за тебе и бебе можат да ти донесат денот кога ќе Ве пуштат. Со лесно
Да сте живи и здрави, мамичка ❤ незнам погоре некаде прочитав па викам да не им текнало и тоа да бараат оти како тргнале еден цел куфер малку ќе ни биде за во болница хаха ❤❤
Некоја тазе породена царски друшка во Систина? Да ми каже што треба да носам (дали за мене ствари истиот ден ги носам или одкако ќе се излеземе ми носат? За бебињата исто дали денот кога ќе не пуштат мм ја носи торбицата или?)