Не мора цел пакет, нема да го истрошат. Они мислеш многу често ги пресоблачаат. Мене еднаш ми го земаа сабајлето демек да го бањаат, ми го вратија во истите алишта и бонус истиот помочкан и покакан памперс (среќа што одма го проверив).
Офф колку ме фаќа параноја како се приближува времето за пораѓај дека треба во Германија да се породам и појма си немам што ќе ми треба за во болница. Веќе сум во 9ти а многу касно ми дадоа термин за да идам до болница да договарам и се мислам дека пред тоа ќе се породам а ништо немам спремно. Ајде пешкири , обични улошки, гаќи, лична хигиена ќе земам, но што друго? Спавачи тоа воа незнам како е во овие болници дали треба да си носам од дома или од таму даваат? Инаку царски ќе бидам.
Пиши на гугл kliniktasche и болницата во која ќе се пораѓаш. Ако нема список онлајн таа болница види во некоја друга список за пораѓај. Јас се носев ама ништо не ми требаше освен приборот за лична хигиена и пешкир. Улошки и мрежести гаќи имаше таму. Тоалетна имаше таму. Од германки читав да носиш мастики, нешто благо, кока кола, капри соне, има таму фрижидер да ги оставиш потпишани со твое име. Вода имаше таму и газирана и негазирана. Спаваќа таму, облека за бебе таму. Носиш од дома облека за тебе и бебе за излегување. Удобни влечки носиш од дома. Ланолин маст за гради таму ми дадоа. Можеш твоја спаваќа ама имаше и таму. Ама скоро исто како во Мк што се носи, не е нешто многу поразлично. Полнач за телефон и пинот го имав запишано на лист. Можеш слушалки, книга. Ама на крај секако знаеш ништо не се користи ама битно е да имаме како би се чувствувале посигурно.
Спавача, Влечки, Влажни, Крпа, Чешел, Ролон, Полнач, Паста и честка за заби, Влошки без крилца, Гаќи, Памперс за бебе, Вода, сок, Маст за брадавици, Подметачи за на кревет
Хаха да, тоа е сакам осигурана да сум со се. Оти со претходниот пораѓај во болницата во мк ама апсолутно ништо не даваа. Ми дадоа една спаваќа кога стигнав да се пораѓам и се утепаа врескајќи по мене да не ја извалам а јас крварев па воденјак ово оно и друга не сакаа да ми дадат си останав со таа извалкана додека не ми донесоа од дома а тука знам дека овие се похумани али пак да си прашам
Пред 3 недели се породив, За бебето носев -пелени -павловичева -влажни А за мене -влошки Вир -подлоги за пресоблекување обавезно земи, менуваат чаршави не викам не, ама овие се корисни си постелаш под тебе и гајле немаш ако крвариш -несесер со паста, четка, чешел и сл..... -пешкир, два големи и еден мал
За тебе ќе си земеш вир влошки две пакетчиња, несер за лична хигиена. Јадење и пиење ( грицки, вода и сок) За бебе само памперс, павловичева и влажни. Облека за тебе и за бебе за искачање. Мене ми ја донесе мм, ама повеќето сами си ја носеа што мислам и подобро е.
Јас бев со врски ама генерално сестрите се однесуваат со сите исто. Има и фини има и дрски.и безобразни.
Девојки од прилика видов што треба да содржи торба за породување. Ке идам во Чаир. Имам неколку прашања за тие што се породиле таму: Дали може да носам спавача од дома или мора од таму? Козметика за бебе, шампон/купка и крем за пеленска регија дали може да земам од дома? Картон со крвна група го викате тој обичниот лист од трансфузиологија?Мене таков ми дадоа кога испитував, да не е некој специјален тој? Бебето навечер е со мајката или во друга соба? Ви покажуваат ли како да го доите бебето или никој не се замара?
Iskustvo moe ke spodelam pred skoro 2 god spavakja moras nivna,za Malata nosev samo pavloviceva tamu so sapunce ja banjaa pred mene,karton za krvna grupa e toj od transfuziologija,ako si prirodno odma beba e so tebe a ako si carski utreedenta ti go nosat i sekako ima sestri koi ti pokazuvaat Kako da go dois. So lesno mamickje ❤️