1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што да се спакува за во болница?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 27 август 2012.

  1. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Фор, какви и да си одлучиш, гледај само да не се лизгаат, можеби гумени најдобро, треба да се тушираш со нив па да не се излизгаш таму. Јас си спремив 2 пара, едни гумени од Џамбо за туширање и едни папучки за по соба ама ми кажаа да не носам ништо, се давале од болницата па се мислам што да правам.
     
  2. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Јас само улошки 3 пакетчиња сум купила и влажни марамици незнам од кај да почнам за другото :D
     
  3. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Cliona, и овде да ти пишам. Значи на пораѓај отидов со ташната за шетање. Значи НИШТО!!! И четка за заби од оние за еднократна употреба ми дадоа.
    Не си требала ништо да купуваш во Ремедика ти даваат све и за тебе и за бебето.
     
  4. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Да мила, сега знам ама тогаш не, па си се спремив јас скоро со се. Како и да е ќе се најдат сите работи, ќе си земам само за излегување облека за бебушот и толку.
     
  5. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    ana.tinkerbell за кога ќе те примат во болница тоа и ти е доволно. Уште едни папучи да си земеш и пешкирче, толку. Откако ќе се породиш ќе ти донесат уште пелени за бебето и на крај облеки за излегување. Стварно само ова ти е потребно.Што помалку носиш толку подобро. Кога ќе ми текне јас колку се натоварив а ништо не употребив од тоа. Кога ме примија си отидов со ташна онаква обична за шетање. Се што ќе ти затреба можат да ти донесат, немој да носиш од дома. Ајде со лесно нека ти е, гледам дека ситно броиш... :*
     
    На Forko и ana.tinkerbell им се допаѓа ова.
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ана незнам каде ке се пораѓаш ако си по државниве клиники,за почеток ти се доволни влошки,влажни марамици, тоалетна и папучи кои ке можеш да ги водениш. А дома спреми си една мала торбица со два пешкира,еден за лице и еден за бришење после туширање ( јас носев уште еден си го ставав на перницата да си лежам) четка за заби,за коса,неколку цефки (ќе ти бидат потребни барем мене ми беа),лути бонбони какви љубиш ( зошто ако си царски нема да можеш да кашлаш а грлото многу ти се суши после анестезија). За бебето јас си носев една памучна пеленка да ми лежи на таа и ќебенце си земав зошто нивните ми беа доста прашливи (не ги перат толку често како чаршафите) и ракавички за да не се гребе.
    Друга торбица спреми си алишта за од болница твои и негои за мм кога ќе доаѓа да не му биде комплицирано да бара :D
    Се надеам ти помогнав,поздрав исо лесно нека ти е мила! :f:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Ракавички за бебињата носете ,јас ги заборавив и моето рани се направи по лицето мм нормално не можеше да се снајде да ми ги донесе :) и како што кажа Мама25 2 пешкирчиња, за раце земете си обавезно нема со што да се избришете ,и јас носев пешкир на јастукот го ставав за да легнам и за бебушко пелена или кебенце да го легнете , сето ова во торбицицата што ке ви ја донесат откако ке се породите ,и за влошките сакав да ви кажам ВИР 80 се многу подобри одколку БОНИ ;)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    а да пишевте еден финален список што да земам кога ќе одам а што да ми донесат? а мобилен смее така?
     
  9. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Еве Форко финален список (ова јас го носев по препорака од докторите кога одев на вежбите за породување)
    1-ва торбица - Улошки ВИР 80-две паковања (или други улошки со мрежичка)
    - тоалет хартија
    - влажни марамици (по можност Бекутан)
    - папучи
    - може да се понесе шишенце вода,сокче или лимон
    - и обавезно (ни нагласија) ако некој пие таблети со железо, за висок притисок или за нешто друго- и тоа да се понесе.

    Тоа е за торбицата, а секако од регуларниот дел треба да се земе здравствена книшка, болнички
    упат (може и покасно да се донесе), плав картон, картонче со крвна група, и последните брисеви.

    2-ра торбица - памперс од најмалите (едно пакување)
    - влажни марамици
    - 2 големи и 2 мали пешкири
    - од јадење може само грицки, сок и кроасани

    3-та торбица - гардероба за бебето (бенкица, ѕиври или хулахопки, шпикозни, чорпчиња, капче и ќебенце)
    - гардероба за мајката
     
  10. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Koi posledni brisevi?
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    За во Чаир не ти требаат папучи, тамо ќе ти дадат.
     
  12. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Па нели после 36-та недела земаат брисеви за уреоплазма,оа цервикс и од вагина.Епа со тие резултати ќе си појдеш на пороѓај,за да не ти зимаат таму
     
  13. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    последен пат правев проверка за уреоплазма и стрептокока ке ги земам тие .Фала ти Силк :* Меу не одам у Чаир - се разочарав.
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Од што се разочара, нели допрва ќе се пораѓаш :lol:
     
  15. Afrodita25

    Afrodita25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    75
    Колкава торбица за бебето за во болница е доволна? Сакам таа што ќе ја купам да ја користам и понатаму за ствари за бебето. Од каде сте ги купиле, цени и слично. Полека сакам да се подготвувам, па малку по малку да ми се намалуваат работите :D . Колку спавачи ви беа доволни за 3 дена и какви се тие мушами или незнам точно како се викаат за постелување на креветот, непропустливи, каде ги има? Цела сум прашања :D ама оправдано прво ми е
     
  16. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Од X причини Меу
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Јас исто така сакав да купам посебна ташна за во болница ама се предомилсив и си спакував куфер, среден, ни мал, ни од тие големите и да ти кажам дури и мал ми беше, спремав и за мене и за бебето алишта и се што беше потребно и на крај морав да ставам уште некои работи во ќеса голема, не ми собра се во куферот :tmi: така да, јас те советувам да не купуваш безвезе ако немаш потреба , јас си велев ќе купам за да си ја користам и понатака ама џабе ќе ја купував, поарно што не земав оти немаше да ми собере се и плус после немаше да ја искористам пак, за бебето си купив ташна за пелени и такви ситнории, кога излегуваме некаде со мене ја носам секогаш и тп ми е ;)
     
    На Afrodita25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Јас спремив 2 торбици една моја една за бебушка.
    Е сега вака кажете што да додадам што да извадам :)
    Во мојата ставив 2 пешкира,папучи,тоалетна,несисер со лична хигиена,спаваќа,1 чорапчиња и една маичка за одоздола,5 цевки,3 пакетчиња ВИР,1 пар гаќи.
    Во торбицата за бебушка 15 парчиња памперс,1 павловичева,2 пелени,1 ракавички,влажни Бекутан,и едно мало пешкирче.
    Е сега,планирам кога ќе одам натака да ја земам само мојата торбица а за бебето отпосле да ми ја донесат.
    Како да правам? Добро сум ставила или...? :)
     
  19. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    190
    Маче добар ти е списокот, само што на почеток би ти рекла да си носиш само несесер со прибор за лична хигиена, затоа што таму каде ќе ја оставиш торбата? На некои може им дозволиле торбица да донесат ама знам нас на часовите ни рекоа ништо да не носиме, само за лична хигиена нешто и толку. Подобро маж ти да ти ја донесе торбата откако ќе се породиш, пред тоа и така нема да ти треба ништо од тоа, е сега можда спаваќа ако не ти тутнат таму нивна. И би ти рекла за тебе исто да си земеш од гаќите за една употреба, јас без тоа неможам да се замислам таму, ќе се направам крвишта цела, па да пазиш кога ќе стануваш да не ти падне... Абе вака мирна глава, сеа уште и на тоа да мислиш :| За бебушко земи си и капче некое и лигавчиња, и облека да не ти го облекуваат во нивните и ќебенце обавезно да си го легнуваш на тоа и да си го виткаш, да не ти даваат од нивните, ние тие што ги видовме беа катастрофа стари некои, ужас :| Пешкирчето ќе ти биде кога ќе го бањаат ама обавезно земи си и ќебенце, облека исто повеќе за него би земала него ли папучи за себе или спаваќа, штознам :worried: Незнам како е таму, дозволуваат ли да носиш ти или мора од нивните да земеш, нас само тоа ни рекоа да не носиме ништо, за бебето само памперс и толку ама ако може свое да си носиш уште поубаво.
     
  20. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Епа тоа не знам,кога да ги замкнам торбите :)
    Колку пари се тие гаќи за еднократна употреба?
    Не даваат да носиме облека,само за искачање.