Незнам маци колку се по аптекиве, јас моите ги порачав од бебе комфорт, мислам ти дадов линк еднаш, ако не ќе ти пуштам пак. Планирам да земам уште едно паковање, по 4 има во едно ама нека има повеќе подобро да ми останат него да немам таму па да се нервирам. Торбите отпосле, за тебе само за лична хигиена кога ќе одиш во болница и ете спаваќа ако ти дозволат и гледај некако да го прошверцуваш телефонот да не си пукнеш од досада после Облеката на маж ти ќе му ја дадеш и откако ќе се породиш тој нека ти ги донесе останатите работи. За облека знам дека пред заминување треба да ти донесат, ама мислев облека за бебушот додека сте во болница за да не ти го облакаат во нивни шпикознички, тоа земи си обавезно и ќебенце и пешкирче како и козметиката. Ова зборам додека сте таму, за излегување со твоите работи нека ти донесат и некое комплетче за бебушката и толку.
Ме интересира што ми треба за мене и за бебето во Ремедика, дали ми требаат папучи, пижами, крпи или не даваат да се носат од дома и дали ми требаат од тие пост породилните гаќи или даваат таму??? За бебето претпоставувам само за излегување и пелени ???? Исто ме интересира кога ви беше спремна торбата, јас уште не сум почнала да се спремам за во болница ?
Добро мене едно не ми е јасно Сега за во болница треба пелени или памперс.Каде се купуваат тие пелени?
Pampers се пелени за еднократна употреба, исто како Дајперс, Пафис, Виолета, Канбебе, Бекутан и сл. Пелени се тетра пелени, памучни кои за се` ќе ти се најдат, пр. за широк повој, за под главчето на бебето ако бљуцка, за покривање кога е потопло времето итн. Има и таканаречени осмица пелени или шведска пелена, и тие се користат за широк повој. Истите ги има и на пазарите (Битпазар) и во продавнички како на пр. Стружанка. Само прашај ја продавачката и ќе ти покаже. На пазар се поефтинки за некои 10-на ден. а во Стружанка беа 55 ден. парче или 500 ден. за 10 пелени (ова се цени пред 12 месеци кога јас купував за малиот, сега не знам колку се.)
Mamicki eve go i mojot spisok ako nesto fali kazete mi Ve molam. Pampers, vlazni maramici , krema, pizami, shpikozni 3 dovolno mi se , Edna pogolema Pelena za pokrivajne krpi za brisejn. Toa za bebushot . Za mene : spavaca . Corapi, papuci, pribor za licna higiena , od prilika toa e Sega ushte shto mi fali da mi kazete ili dobro e i vaka?
Gladiola jas bi dodala na tvojot spisok uste i polnac za mobilen,vloski i vloski za gradi.Gel za tusiranje mozes da zemes,a i ne mora.Jas se tusirav samo so mlaka voda.
а во која болница ке се порагаш пошто у гак за бебето нема да ти едозволат твои работи во нивни ги облакаат
лелеее мојот список секојдневно се подолг и подолг станува се нешто ми текнува си мислиш на пуст остров ќе одам Гладиола, од прилика тие се основните раб. што се неопходни, само што за бебе ја ќе носам само пелени, павловичева, влажни марамици и некоја тетра пелена чисто ради хигиена ако притреба .... и нели облеката за излгување од боница- која ќе ми ја донесат на денот на искачање.
а во која болница ке се порагаш пошто у гак за бебето нема да ти едозволат твои работи во нивни PÀ vo Gak ke se porodam
сеа и мене ми мутат вода да носам облека за бебче во болница, наводно во гак дозволувале и поубаво во своја него ли во нивната искината и развлечена облека! и не знам што да правам да зимам со мене или не? и исто што ме мачи е во што да го изнесам бебчето, во каква облека?? на кратки или долги? со оглед на тоа дека терминот ми е на крај на Јули- ќе е пекол ја сум за кратки, а восрасниве и „искусниве„ ме убедуваат на долги- како така мало бебе штотуку искочено од утроба на се изнесувало со голи раце и нозе на надворешен свет!?!?! и сега што да правам? вие со вашите летни бебиња како бевте облечени ? ХЕЛП???! А и друго, сакам да си земам и своја спавача за доилки, ама не знам од кај да купам? сте виделе негде да има таква спавача со отвор однапред?
И мене терминот ми е крај на јули, се двоумев и јас дали по кратки или долги да се излезе од болница. Сестра од болница ми препорача по долги но потенки, потребен му бил период на бебето да се прилагоди на околината
во гак нема да VI DOZVOLAт нити спавака нити алишта за бебето ,само кога ке искачате тогаш за себе и за бебето ве советувам за бебуле тенко боди и пантолончиња тенки тенки,нејтенки и оние капчиња бели што се врзуваат под глева и тие се тенки и толку зш мн.е топло
такви капчиња имам, и панталончиња, значи горе само по боди и тоа на кратки или да му облечам и на долги од тие кошулиците- бенкици, или пак на долги боди бенкица? ама па ја сакав да си ја дотерам во некое фустанче.....
боди ти е поубаво од бенкици те нема фајде па ти облечија во фустанче,боди на кратки ракавчиња ,раквчињата ке и бидат до лакти таман , чорапчиња и тие ке и бидат скоро до колена и фустанчето цуцка убава ке биде
Сега на ГАК може да си носиш и своја спаваќа и алишта за бебето...НО јас све што однесов ми го земаа, онака случајно...мислејќи дека е нивно. Затоа за два дена нема потреба да носите ништо свое што ќе ви го украдат, поарно таму во нивните нека го облакаат бебчето. Не им беа стари алиштата, а и се гледа барем дека се чисти и испрани. Иленче, такви гакички за една употреба има во аптека, ама па што ќе фрлаш пари за џабе...Јас си носев обични памучни гаќи, пред да дојде визита си ги соблакав а после пак си ги облекував.