Нз сега немав Вир да споредам ама убави се, после купив др за дома од Еурофарм Нива се викаат тие не ми се бендисаа, памукот се лепи на кожа, катастрофа. Вир користев со првото пред 5 год не памтам колкави беа
Здраво За во Систина што да се спакува за во болница, некој да сподели искуство од скоро? Вир влошки, влажни, чај за лактација, лична козметика, папучи е тоа што ми паѓа на памет , дали нешто заборавам? Фала )
Каде да ги најдам овие мрежести гаќи? Им пишав на инста на аптеката во Ремедика, не ми одговорија, а не сум во можност да одам, би требало да пратам некој стриктно до аптека за да ги земи ако сигурно ги има.
Мора ли овие исти? Јас имав вакви, ми беа супер https://www.zegin.com.mk/mk/tosama-mama-mrezhesti-gaki-za-rodilki-velichina-l-5-parchina
Вакви имав земено за првото, многу ми беа погодени, затоа реков ако можам да најдам пак. Убави се овие тосамата? Меки се?
Немам користено други за споредба, меки ми беа мене. Не ми правеа проблем на шиеното. Природно бев јас меѓутоа имав неколку конци.
Здраво девојки. Дали некоја од вас има искуство со пораѓање во државната болница во Охрид?Што треба да се спакова за мене и за бебе?
Aj i jas da prasam da ne vrtam nagore nadole za vo bolnica za vo drzavna sto nosevte sto vi bese najpotrebno za bebeto i za vas... 39 nedela sum uste ne sum se spakuvala pa potrebna mi e pomos od vas devojki...
Девојки мала помош, колку пелени треба да се однесат за бебо? Се разбудив испаничена дека мора да си спремам торба уште од сега и да стои така во случај да треба да се породам порано и барав наназад што треба да носам ама не знам околу првична бројка па ваљда ако треба плус ќе кажат за сопругот да донесе?
Земи едно мало паковање, ако треба ќе ти донесе сопругот секако. Ако ти останат си ги земаш дома, секако тое стојат кај тебе во соба.
Не ми беше јасно зошто ги бараат тие фамозни влошки со мрежа. Ако одите на ГАК не носете шпилхозни и боди. Таму ќе ги облечат во нивна гардероба.