Колку пара зема? Јас ни џемпер не земав, зар ладно ќе е толку многу? Ќе си облечам од дома, срам ми е колкава ми е торбата и тоа жими пелените, подлогите и големиот пешкир. Не дека имам којзнае што ...
Па не знам многу поделени мислења се за дали ти оставаат или не да го преоблекуваш сама малце фуфка ме јаде не знам дали има врска од гужва, колку им се работи на сестрите или редовно си ги средуваат тие. Јас имав сфатено дека треба да им дадам на нив сè (пелени,влажни,крем) ама после па некаде прочитав да имаш до тебе и така изгледа ќе дознаам кога ќе отидам таму За чорапи и јас ќе ставам 3 пара а за џемперче ќе видам ако ми треба да донесе маж ми, викаат топло било на гак општо клими дувале во секоја соба.
Земи си два пара чорапи. Ако ги намокриш да си имаш резерва. Џемперче на раскопчување такво имав со првото. Со него се породив октомври и тогаш си го облекував. А се што имаш од облека на тебе треба да дадеш на придружбата да врати дома. Ти даваат спаваќа да облечеш и освен гаќи се враќаш За крема,никој не бара, ако ти сама сакаш да го мачкаш. И да,пелена си менував сама, наутро пред визита доаѓаше сестра да смени за да бидат чисти на преглед. Ако пропушти пелена си одиш си бараш алишта и си го пресоблакаш. Не знам можеби може и они да го средат,јас сама сум се грижела.
Јас ставив и ушалки, мастики ќе требаат пошто не смееме вода пред царски и пумпа за молзење. Пошто гледам и ти имаш иста терапија еутирокс, мене препорака за со првото ми беше после еутирокс испиен бебе да не цица мин 2 часа. А пумпата пошто на прв ден имав премногу млеко ми помагаа сестрите за да се молзам рачно. Сега ако дојди барем ќе се измолзам како што треба. И првиот ден не ми ни даваа да го дојам.
Лејди обавезно. Цело време додека доиш ќе си фатиш некој ритам. 2 часа после еутирокс нема доење. Јас навечер во 2,3 кога ќе цицаше ,после подој пиев доза и таман после сабајле ми се будеше по 2,3 саати.
Не сум имала ситуација до сега. Ова со тироидава ми е од пред две години, родени ми беа и подраснати децата. Фала најмногу, беља ќе направев, ич не ни размислував на оваа тема...
Знам,те испратив за ова. Затоа и ти пишав. Прашувај се што ќе ти текне, и во темата тироидна има доста совети и искуства. Тука сме
Не знам фали добро сфатив, царски ќе си? Ако си царски ни фен ни пешкир за коса ќе ти треба. Те боли кога креваш рака репче да фатиш, а не па коса да миеш.
Со првото темпирав наутро откако ќе цица да се напијам еутирокс и не му давав мин 2 часа и да бара пак, а додека е помало и нема баш ритам и тоа го знаеше. Затоа земав пумпа и да бара ќе му давам од шишенце. Морав да внимавам пошто големи дози еутирокс пијам, а сега и уште поголема ми е и не ми се ризикува
Приридно породена сум,само ноќе го земаа. За ова со еутироксов,кога бев бремена со првото овде прочитав да не се дои 2 саати по еутирокс. Веднаш по пораѓај го прашав специјалистот што ме води од Нуклеарна медицина. Ми кажа дека воопшто нема врска,нема потреба од никакво чекање после пиење на лекот,дека не пречи за доењето. 20 месеци го доев првото, сега 4 месеци цица второво, децата ми се здрави ,прави И на сајтот на е лактанција можеш да провериш дека низок ризик има лекот.
Софке,јас и ти цело време сме со различен став за тироидна и терапии Не знам јас имам лошо искуство со сестра ми од еутирокс и тироидна во бременост и влијание на хормонов,па затоа се тресам многу на оваа тема и внимавам. Одам само кај двајца ендокринолози што им верувам и секогаш се со ист став ,па така и терам. Да не ја ширам сеа на темава ,за друго е.
Ама бременост и доење не е исто Јас од паники околу терапијата и доењето во првата бременост си купив пумпа за доење (до тогаш не и придавав значење) за да имам измолзено млеко кога нема да смеам да го дојам бебето после пиење терапија. Но потоа кога прашав и ми дозволи ендокринологот, си терав како и претходно не внимавав. А пумпата секако ми се најде за надоаѓање млеко
Има деца што од 3,4 години пијат тироксин зошто се веќе зависни од истиот и го примале преку антитела на мајката или преку млеко. Затоа и ТСХ се проверува веднаш штом се роди кај бебе. Не е баш едноставно пиењето вештачки хормони. Да, низок ризик имаат ама тоа не значи дека немаат последици истите. Јас споделив досегашно мое искуство и знаење споделено од ендокринолози. Секој сепак си знае на кого му верува и што е најдобро за него и децата.