Здраво, може ли некоја тазе породена да сподели што треба да се спакува од документи и работи за лична хигиена за пораѓај во Систина?
Четка и паста за заби, стегач за коса - толку. Документи ти се потребни скрининзи, крвна слика и лична карта
Stegac za kosa, corapi, licna higiena za lice, lanolin krema...tolku se ostanato: spavakji,cetka,pasta,sampon,gel za tusiranje, papuci davaat
Здраво што се носеше за во Чаир за пораќај дум забправила. Дополнително вир влошки дали ги има негде по аптеките, во зегин немаше ми понудија бони влошки али не не знам какви се.
Мене на времето (пред 6г), бони поубави ми беа. Вир беа ептен крути, сметаа. А Бони беа помеки и поудобни.
Здраво. Колку се останува во болница после природно породување? Колку често го носат бебе кај мајката после пораѓај? Како изгледа сето тоа искуство? Фала
Zavisi kade ke se poragjas no za vo GAK primer ako e sve vo red so bebeto i majkata gi pustaat za 2-3 dena. Sekoe sabajle okolu 6 casot ti go nosat vo soba i so tebe e cel den do kaj 9-10 navecer. Vo tekot na denot pominuvaat sestri so dozicki za ranenje na tie bebinja koi seuste ne cicaat i eventualno znaat da gi soberat vo tekot na denot ako treba nesto pregled da se napravi i posle gi vrakjaat pak kaj majkite Edino za vikendi i praznici ako te fati ne gi nosat vo 6 sabajle, malce pokasno odkako ke pomine pedijatarot na proverka, pomalce personal se i podolgo vreme im treba za da gi pregledaat site bebinja
Планирам да се пораѓам во Чаир здравје боже, па ја пакувам торбицата. Ставив вода, пешкир за туширање и пешкир за лице, гел за туширање, шампон, сапун, чешел, полнач, бони влошки со мрежа, гакички обични и мрежести, влажни марамици, павловичела за бебето, друго нешто да не заборавам да не треба за носење.
Ти кажала членката пелени да си земеш за бебето, папучи не видов да имаш напишано, нешто грицки, иако тоа секако можат и да ти донесат, ладен чај. Да не заборавиш и картончето за крвна група да си го земеш.
Четка за заби, паста, тоалетна, влажни и за тебе, део стик, папучи. По мене не ти треба шампон ако си природно вториот ден ако е се во ред ве пуштаат дома, ако си царски за 3-4 дена, битно нема да можеш коса да миеш зашто нема да имаш сила .. Јас носев и пелени за на кревет породена сега пред 3 недели.
здраво Дали некој што скор се пораѓал во Гак може да напиши што треба да се носи ? дали пешкири, пижама и др основни работи се од болницата или ги носиме од дома? исто така имам прашање и за бебето што треба да се носи? при отпуштање од болница (бидеќи треба сега брзо да се породам во август) за бебто дали треба да носам алишта со доли ракави или може и со кратки?
Да се надоврзам на членката погоре. Што од документи треба да носиме? Тоа ми е најбитно , да не заборавам нешто.
Од документи само крвна група. За вас: - 4 пакувања влошки - мрежести гаќи ако сакате (се облекуваат после визита, се соблекуваат пред визита) - 2 парчиња тоалетна - влажни марамици х 1 - пешкир за тело, за лице не препорачувам бидејќи нема каде да се остави да се суши - средства за лична хигиена - ако немате кој одма да ви донесе земете вода, леден чај, сок од јаболки. Препорачувам од пола литар шишиња. Мене ми се погоди една златна сестра што цело време првиот ден ми префрлаше од големи шишиња во пола литарско. После царски во наредните 24 часа треба да испиете 3 литри течности * Не препорачувам ваша ноќница затоа што може да се направи со крв, а они ви даваат ако си побарате или ако видат дека сте направени. Менуваат и постелнина ако видат дека е валкана. За бебе: - 20 парчиња памперс - влажни марамици х 1 - крема ако сакате вие да го мачкате, они не бараат
Ништо, само ме прашаа дали сум правела и какви биле резултатите. Не ми бараа ми лк, ни книшка. Имаат они некои обрасци, ме прашуваа и си запишуваа одговори.