ти треба пешкир само за тебе, еден поголем, еден за лице, за бебе не треба затоа што во ГАК не ни ги бањаат. Имам пишано во друга тема сигурно, дека за мојот престој на ГАК, 5 дена, нит го избањаа детето, ниту пак ми покажаа како јас дома да го бањам.
Мене како што ми се ближи терминот, еве што планирам да носам во ГАК: 1. 4 мали пешкири 2. 2 пакетчиња ВИР улошки 3. хартиени марамици 4. пластични папучи 5. крем за лице, паста за заби, чешел, шампон, млеко за тело (онаа павловичева што си ја правев против стрии ќе ја земам) 6. полнач за мобилен 7. 2 пара чорапи Од документи: 1. здравствена легитимација 2. упат 3. крвна група 4. резултати од последните брисеви За бебето: 1. пеленчиња Canbebe 2. Jekoderm A на мм ќе му оставам дома во една кесичка облека за мене и за бебчо облека кога ќе дојде да не земе.
Земи си 3 пакетчиња ВИР улошки минимум. Јас потрошив 4 сигурно, можеби и повеќе знам дека мм докупуваше, ама страшно е ако останеш без нив. Јас завршив царски, и од пораѓајот додека ме преместат во ПостПородилно ги потрошив две пакетчиња, буквално на секои пола саат се менуваат улошки. Така да подобро да имаш повеќе, и онака ќе ти требаат за после дома
Vetruska za tebe zemi si nekoe paketce vloski plus,toaletna hartija i vlazni maramici.Ne si spomnala no zemi si i pizami ili spavaka i gaki Za bebus isto taka zemi vlazni maramici,nekoe sredstvo za kapenje i krema za gazeto. Jekodermot za vo bolnica nema da ti treba.
Средство за леќи ќе ми дозволат да си земам? Ваљда нема да ми прават проблем за тоа Јас без леќи сум како без очи. Не гледам на пола метар од мене. Наочари немам и не сакам да носам.
за спаваќа и гаки рекоа дека не дозволуваат. спаваќи они давале а гаќи не смеело ни под разно (ама ќе скријам 2-3 пара во торбата) Да, тоалетна и влажни марамици веќе земав, треба уште павловичева и уште некое пакетче улошки да земам. Фала девојки! стискајте палци да поминам добро, ме фаќа малкуцка страв
e aj i jas da kazam ,,,jas treba pocetok na januari da se porodam ama ete poleka si pisuvam na livce so ke mi treba za u bolnica inaku jas sum dijabeticar se bockam so insulin dali dozvoluvaat tamu da se bockam mislam da si go ponesam insulinskoto penkalo zasto lele mi e strav da ne kacam seker od bolki uff od toa se najvise plasam a za drugoto gospod ke si nacini taka li e devojki ....
taka doktorkata mi kaza inaku terminot mi e na 5 februar ama taa kaza da si se pripremam za januari mesec deka sum dijabeticar i sum so spusteno grlo na matka mozno e i vo januari da se porodam pa taka da i jas sum zbuneta ufff
Е ај кажи како тоа без гаќи Се замислувам како се ститскам кога ќе станам до веце со влошката меѓу нозе
дават од тие ама јас треба царски рез да се пораѓам и тие за царски се 700 ден 4пара во пакетчето ... малце смешно е нели а оние за природен мислам дека се 300 ден .... ова бизнис е или навистина не е пожелно да се носат памучни гаќички
какво е то давајне кога сама треба да си платиш цццццц.јас да сум че си носам од дома па ако сакат нека викат по мене
нишѕо не даваат бре какви гаки.тие спавачи немаат асални(зборувам за биотла од каде што сум).за првото кога се порагав мм го пуштија ракавици медицински да купи оти немале?! затоа сега се си носам.и подметачи за на кревет и облеказа бебето да не ми го облекуваат во партали .оти од тоа што го видов овие трипати што отидов за цтг на болница ништо не се променило иако помина 8 год.само за на тв , за сликанје и за фалби први се а реалноста катастрофа.уште спавачите со фластер ги лепат оти пак немаат петлици....и се ви е јасно не треба да објаснувам. by the way утре најверојатно ке се породам со провокација.држете ми срека ке ви пишам како сум поминала во прва прилика штом можам.
WORRIED.BT како што знам тебе не ти е поминат терминот! Зашто да те породуваат со провокација Јас пошто бев една недела над терминот и не се отварав воопшто , ми дадоа провокација на 8от ден а се породив на 9от ден! Ама во мојот случај беше потребно..