Адаптирано имаат таму, со шприц им даваат. Облека за бебето ќе ти треба за излегување, може да ти донесат денот кога ќе ве пуштаат. За време на престојот во болница, во нивна облека ги облекуваат.
Тазе породена во Систина, од сѐ што носев искористив: - полнач за телефон (со подолг кабел, 2 метри од Пепко си го купив) - слушалки - лабело - Ланолин маст - обични марамчиња од ДМ (имам труднички ринитис па постојано секнам нос) - гел за миење лице и крема за лице - четка за коса, стегачи - гумени папучи (ги користев за туширање) + - облека за мајка и облека за бебе што ми ги донесоа дента кога излегувавме Мрежести гаќи, улошки, четка и паста, гел за туширање и шампон, пешкири, ноќница, подлоги за на кревет, храна - се има во болницата. Производи за бебе - памперс, крема, влажни, дохрана, пумпа за молзење и тоа има. Со лесно на сите!
Здраво девојки. Некоја што е породена во Жан Митрев , да сподели што е потребно да се земе за пораѓај, а што има таму ? Благодарам однапред
Кај Кижески, презадоволна од се таму Имав многу убаво искуство иако бев со царски, ама негата и грижата им е врвна. Ти посакувам и ти да имаш убаво искуство
Фала ти. И јас ќе бидам со закажан царски исто кај Кижевски... Страв ми е пошто ми е второ со прво лошо искуство....ти беше на закажан или?
Не, мене ми пукна водењакот без контракции и не се отварав, иако он ме праша како сакам ама јас од страв да не ми даде провокации се одлучив царски. Јас мн брзо се опоравив, после 1 недела не осеќав ни болки веќе, така да не се секирај ќе биде се како што треба