Колку што се сеќавам само доле „те прегледуваат„ односно дигаш спаваќа на лице место, на кревет и те прашуваат добро е, и ти возвраќаш добро е и толку. Преглед на гин. стол мислам после еден месец, кај матчен гинеколог. А за прслук мислам дека може, никој не те гледа што носиш горе, а и никој не ти проверува што носиш во торбица.
Изгледа јас од Марс сум падната со ова спаваќиве, денес по некоја друга работа бев во Стружанка, и ми текна да прашам за спаваќа. Кога ми извади една со некои чудни животињи на неа, една шарена, усвет да фатиш. Па и еден пењоар што ми даде, стварно незнам кој ги смислил боите и дезените. За ќерка ми немам купено толку шаренила! Од каде купувавте спаваќи и пењоари? А да, и цената ко ми ја опна, 680 денари за тоа стравата шарена, а не памтам колку беше пењоарот. Башка беше без копчиња напред, да не речам до врат, како ќе дојам?! Во животот немам носено нешто такво, имам само една сексиљава на девојачката што ја добив, ваљда нема да се збудалам со неа да одам на пороѓај ако не најдам асална некоја!
Подобро ке најдеш во обични продавници за долна облека што се. Јас во Тетово така , влегов кај што се продава долна облека и пижами,прашав за спаваќа, ми покажа една многу убава розевка,480 ден, веднаш си ја зедов,планирам и уште една да земам. Немој да бараш класична спаваќа него младалачка,мојана е убавка памучна да ти е мерак да ја носиш
Јас никогаш во живот не сум носела спаваќа. Не знам како ќе издржам додека сум во болница Дома за доење стари кошули од мм што ги носам за спиење ќе ми вршат работа ама додека сум таму?! Добро де, зошто мора спаваќа? Кога ќе дојде визита ќе соблечам пижамите и ќе си ги облечам кога ќе си отидат а горе ако е за доење пижама на раскопчување или обична па ќе ја кренам
Ова со спавачите и мене никогаш не ми стана јасно. Мојата другарка не ни знаела, па кога ја примија за во болница и рекле, а она се изначудила. Па ај маж и трчаше на пазарот во Буњаковец на една тезга и купи. По негов избор и вкус
Спаваќа мора затоа што (зависно од тоа како ќе се пораѓате) ќе мора можеби на секој час да ве проверува доктор, да не има компликации, како зараснува раната, ако сте со царски првиот ден на секој час болничари доаѓаат да ви менуваат влошки бидејќи нели сте под анестезија со катетар и неможете да мрдате. И сигурно нема сестрите и болничарите по 20 пати да ви ги облекуваат и соблекуваат пижамите =)) Спојлер Јас и со спаваќа бев, среќа си носев плус спаваќа од дома и барав плус резервна спаваќа пошто ко свиња се убербатив од крвта! А спаваќата е едноставна навлекуваш ододзгора и толку, доаѓа визита крева спаваќата- гледа- спушта спаваќата и си оди =)
Жени што му се замарате толку за спавачи,во тие моненти нема ни да ви е до пресоблакање верувајте! Поготово ако сте со царски. Болки те се неиздржливи приковани сте за кревет, единствено најбитно е да земете било каква за во случај ако ви се погоди некоја лева болничарка , па да не ви даде а сте се направиле бербат па да се пресоблечете. Инаку нема ни да имате време да се пресоблакате пред визита,таман сте решиле да дремнете ете оп дошло 8 саат ете ти ги на визита дошле,не си комплицирајте само дополнително. А за гаќи конкретно јас купив еднократни и највеќе си ги понесов за дома,зошто и најмалку стегаат. Инаку за таму се исто така непотребни. Со лесно на сите мешковци
И јас стварно незнам што е толку страшно да се облече спаваќа Јас имав обична спаваќа, ја носев за време на пораѓај , после во соба кога ме однесоа се пресоблеков во долен дел пижами . Ама јас бев природно породена немав рана од сечење , кога доаѓаа лекари да ме прегледаат ги соблакав ке прегледаа и пак ги обелкував . Ама некоја царски што е породена нормално е да е во спаваќа .
Тука во МК се пораѓаше? И не ти правеле проблеми за пижамите? Прв пат слушам вакво чудо. Мене не ми е важно каква е спаваќата, туку не сакам да носам спаваќа. Не ми е удобно и и ме фака сафра од самата помисла.Кај таму ќе бидам целата за никаде од пораѓање па уште ако во тоа морам да седам... Ќе си земам кошула или пижама на раскопчување. Долги се исто како спаваќа. Мислите тоа дека ќе биде проблем?
Се сложувам со твојов пост околу спавачиците јас нема да носам резерва бидејќи таму каде што ќе се пораѓам чув дека секој ден ја менувале. Btw Мама каде ги има овие гаќички за една употреба и која цена се? Ти земи си за секој случај ама мислам нема да ти дозволат и не се секирај нема да те фаќа сафра, толку ќе бидеш уморна после пораѓајот, ќе немаш ни сила на телефон да збориш со најблиските и цел ден ќе одмараш така да верувам нема да помислиш ни на С од спаваќа, ама ете понесиси ја пиџамата ради сигурност
Јас носев и пижами со пантолони и спаваќа во куферчето, бидејќи незнаев како е овде што дозволуваат да се носи ( не се породив во мк ) и ми рекоа мора спаваќа и кога се пораѓав неа ја носев. Инаку природно се породив
captivating не се порѓав во Мк , проблеми не ми правеа. Ама јас како што кажав бев природно породена , после пола ден бев спремна да станам од кревет . Да бев царски дали ке можев да бидам во пижами од раната и од сите катетри Јас инаку два дена преседов во спаваќа пред да се породам , приклучена на тие инфузии и пда
Читав дека се носат специјални влошки, ама не требало долен веш да се облекува епа како ќе стои влошката??
Да, ти требаат влошки со мрежичка, вон и бони. Има во аптека и јас имам видено во Тинекс (светло плаво паковање со 10 внатре 55ден) А за стоење, ќе стои. Ќе ја наместиш убаво меѓу нозе А и претпоставувам дека не се движиш многу додека си во болница. И не знам дали прочита ама речиси сите носат скришно гаќи и ги соблекуваат само сабајле колку да помине визита
само за време на визита не се носат гаки, и јас кого немам прашано за ова,влошката само ја држиш меѓу нозете додека помине визита за да може полесно да те прегледаат. бидејки и тие специјални влошки се подебелки па нема да е тешко
Jas samo za vizata gi soblakav gakite,a vloskata nema da padne oti neli ne se dvizis dodeka trae vizitata tuku lezis.Spavaka nosev od doma,isto i pizami ama spavakata epten mi posluzi oti bev carski, 3 dena ne stanav od krevet.Ne mozev ni vloska da si smenam a kamoli da se preoblakam i da oblekuvam/soblekuvam gaki.Baska mi nadojde mleko i utop se pravev,smeniv 3-4 spavaki i bas mi bea udobni