Едно прашање имам околу влошките. Кои се најдобри да ги користиме после пораѓајот? Има некои препорачани од доктор или ?
Јас сум во 37 недела, планирам да се породам во државна па сакам да ве прашам дали е задолзително да се носи спаваќа, каква треба да биде и колку треба да понесам, една или повеќе, дали даваат таму, и дали за бебето треба да понесам многу облека или ќе го облекуваат тие? Однапред ви благодарам
Мила за бебето треба да си набавиш само памперси додека сте на болница. Таму не го облекуваат туку е повијано во пелени.
Фала ти karak јас спремна сум чим само ова ми треба само уште во торбица да го сатавам. donna.17 Имаш Вир влошки, и имаш Бони (паковањето е бебшко плава боја). 100% и мрежичка, такави ти требаат. Јас не знам кои се подобри па си купив и такви и такви. Вир земав од Зегин, Бони од Тинекс.55ден. се, и таму и таму. macence7 Не прочита ни една страна поназад, карак има напишано убав список за се што ти треба Не ти треба спаваќа, ти даваат од таму, секој ден имаш ти даваат чиста спаваќа. За бебето освен пелени, влажни марамици и крема, и ако сакаш тетра пелени неколку за да му постелиш под бебето, не ти треба ништо друго. Ако однесеш алишта најверојатно нема да си ги земеш назад. Кога ќе го пресоблечат малото ги ставаат сите заедно на куп за перење, не гледаат кој што донел,така да не носи, не ти требаат.
Јас овие влошки за гради ги земав од Зегин Спојлер А во болница ќе ги носам следниве работи: За мајката при прием: -здравствена легитимација, упат и картонче за крвната група -папучи пластични -брич-bic (за отстранување/бричење на косматиот дел) На одделение: -Влошки со мрежичка стерилизирани (2-3 пакувања) -Влошки за гради -Пешкир (1-2) -Прибор за лична хигиена -Влажни марамчиња За бебето: -Влажни марамчиња -Пелени памперс -Крема (павловиќева, јекодерм)
Ги прочитав речиси сите претходни страни, но никако не ми стана јасно затоа што едни кажуваат дека треба едни дека не треба да се понесат повеќе работи, а најмногу ми беше да прашам за спаваќата затоа што немам, а и не ми се купува без потреба па затоа прашав дали е неопходно да се носи спаваќа
^ Спаваќи даваат на клиника, ама тоа се едни секси спаваќи баш како за доење . Нема потреба ни да ја поместиш за да може детето да цица. Се е извадено надвор. Мене една таква ми дадоа минатата недела на патолошка (инаку тие им биле најубави), па маж ми виде, не виде мораше да трча до Стружанка да ми купува спаваќа. Мој совет е да си имате 1 спаваќа во случај да ве задржат неколку дена на патолошка, (таму е ужасно досадно ако не ти се погоди друштвото и ако си без болки и плус неотворена мораш да шеташ), а откако ќе се породиме каква сакаат нека даваат, не ми е гајле тогаш. Инаку и мојата торбица е горе доле иста (да не се повторуваме по 1000 пати), и спремна е и чека, да не се изненадиме пак.
Море јас решив да не купувам спаваќа. Не е нешто скапа ама многу пари ми се за нешто што ќе го носам 3 дена и веќе никогаш во животот. Ко што сум магнет за попусти и наоѓање евтини работи за тие пари има да си купам најмалце 2 маички lol: И вака и така ќе ми биде неудобно па што има врска каква е. Туку сакав да прашам auroraa што пари ги зема влошките? Јас па како разглдувам внимателно, што, каде и колку ќе си речеш кола купувам Таква сум, анализирам се до најмал детаљ
за влошки ке си ги земете вир 80 поубави се од бони. разликата е во тоа што вир 80 одоздола кај делот што треба да иде на гаки имаат најлон кој нема да ви пропушти, а бони се само памук.
Купив влошки за гради од Зегин, 120 ден. паковање од 3о влошки (15пара) И со тоа е завршена подготовката, однос купено е се што треба за торбицата за во болница
само што ја спремив торбицата и во неа ставив 2 пешкири, 3 паковања бони влошки со мрежичка,паста за заби и четка, гел за туширање, 4пара гаки и кломпи, а за бебето ставив памперс кан бебе бр.2, павличева, влажни марамици, и 2 тетра пелени. Друго што ми е потребно пишете ми.
Во основа тоа е се што ти треба. Понатаму пред да тргнеш би ти препорачала да ставиш и полнач за тел. ако носиш ама тоа може и да ти го донесе мт. И јас би ставила нешто благичко Сникерс или нешто така, најверојатно нема ни да го изедам ама во случај да ми падне шеќерот
Кога сме кај благото, имам прочитано искуства од трудници што шверцувале мед. Мона, земи си и тоалет, ќе ти треба.
Мона и облека за бебето, бодиња ќе ти требаат многу јас имав околу 8 понесено ама дали памперсот добро не и го местев хехе ги измочка сите и потоа морав да ја праќам свекрва ми да ми носи други за бебето ке гледаш да си земеш што повеќе облека
За почеток додека не се породиш ти треба тоалет хартија, влошки и сапун. откога ќе се породиш сопругот ќе ти донесе торбица со прибор за лична хигиена, памперси, влажни марамици, павловичева. Тетра пелени не ти требаат, гел за туширање никако, само со вода смееш да се бањаш, а и гаки не ти требаат (не се дозволени). Наместо кломпи ти препорачувам да си земеш апостолки. За бебето облека не зимај, зашто не е дозволено. Ова на ГАК. Со лесно
Не мора алишта. На овие вежби/предавање што се во ГАК ни кажаа дека не треба да се носат. Е сега ако се пораѓате на друго место не знам. Ако сакаш сега е дозволено ама на форумов имам прочитано дека ако го облечеш детето во твои алишта најверјатно нема да си ги добиеш назад (мислам деак пишав за ова 1-2 страни поназад) Исто и гаќи е дозволено сега. Пред визита поминува сестра и ви кажува дека треба да се спремите за визитата што значи гаќите соблечени и да бидете одмиени па си ги облекуваш пак после тоа. А, и ни рекоа дека ако сме зимурливи да си земеме џемпер или нешто на раскопчување, ама јас мислам дека нема да ви треба затоа што е многу многу топло
Mona, мислам дека за новороденче ти треба бр.1 пелени, и чепчиња да не заборавиш, гаќите да си ги скриеш, мене така ме советуваа родилки, пред визита ќе си ги соблекуваш, не е да наметнам мислење, сепак ти си знаеш. Со лесно нека ти е. ********************************************** Еве што спакува Whitecloud: (да не пишувам две мислења едно по друго) - влошки за гради; - влошки бони со мрежичка; - чепчиња; - HiP чај за доилки; - пумпа за млеко; - павловичева; - влажни марамчиња; - пелени CanBebe 1; - 2 тетра пелени; - 2 шведски пелени; - прибор за лична хигиена; - една спаваќа за на бокс + пижами; - влечки; NB! термо чорапи за на бокс; - MАЛО ШИШЕ ВОДА ВО РОДИЛНА САЛА ДА ИМ ДАДЕТЕ НА СЕСТРИТЕ ОД ТОА ДА ВИ ЈА ТОПАТ УСТАТА. Си порачав да ми донесат јогрут, сок од јаболко и сок од боровница, една другарка ми кажа дека после породување освежувало.
Некој праша кои влошки се подобри... Вир се дефинитивно подобри бидејќи имаат и заштитна лента против протекување и повеќе впиваат од Бони...Јас во болница имав и од едните и од другите и дефинитивно неспоредлива е разликата На Бони им е угледна само амбалажата =)
За облека за бебето , јас пишав како е кај нас, инаку во МК не се породив па најубаво прашај си , кај што се породив јас мораше да си носам од дома