А дали ќе сака некој да ми каже какви се тие тетра пелени, јас прашував во аптеките но секаде ми велат дека нема. Инаку и мојата торбица горе-долу е спремна ставив пешкир, пижами, паста за заби и четка, влошки 3 пакетчиња Вир 80, памперс канбебе, тоалетна хартија, влажни марамици, крема за бебето, гаќи, чорапи, полнач
Tetra peleni se pamucni peleni....gi ima vo Struzanka, a mozesh i po pazarite da najdesh. Pred edna i pol godina 10 tetra peleni bea okolu 550-600 den. Isto i shvedski peleni t.e. takanarecenite osmici peleni. Ovie vtorive kje ti trebaat ako planirash da mu stavash na bebeto shirok povoj. Vo sprotivno ne ti se potrebni.
Тетра пелени во стружанка и на пазар. Тоа се оние бели пелени, како крпа личат Прашај во стружанка они си знаат точно што се, и ќе ти покажат. А тетрата ти требаат само ако му ставаш широк повој на бебето (за тоа плус и шведски треба да си земеш,исто во стружанка има) или пак да ги ставаш под бебето или да го прокиеш додека сте во болница. Истото можеш да го направиш и со некое пекирче, така да види си дали ти требаат.
Па не знам штом може и кебенце подобро кебенце, а за повивање не планирам да го повивам само памперс и облекичка мислам доволно му се прва бременост ми е и затоа не знам како и што треба благодарам на одговорите
Bо право си бас денес се информирав на страницата сто им е на фејсбок и ми вратија со убава порака дека само треба да си понесам вир влоски со мреза ,гумени папучи .прибор за xигиена влазни марамици за бебето и памперс и тоа е се а за искацанје од болница се носи на денот кога си одите дома облека за вас и за бебето хммм едвај цекам ама прво се нека помине како сто треба засто терминот ми е на 5 фебруар ама докторт ми каза дека поради дијабетот моз ке се породам во јануари па така да спремна сум позз
а кои се најубави влажни марамчиња за бебето според вас:,,,јас за мене си користев бекутан,мене овие бекутан лично многу ми се некако јаки....какви користите вие за бебето?
38 недела сум и сум речиси спремна а сакав да ги прашам тие што се породиле во државна во скопје дали таму даваат храна и каква е, дали е убава
Храната е убава. За појадок даваат бели печива со јогурт, за ручек супа, манџа и овошје, а за вечера макарони, јајца, зденки, и сл. Лошо е што храната ја даваат во лошо време. Појадок во 8, ручек во 12 и вечера во 17 часот. Така беше кога јас се породив, односно пред 2 години. Дозволуваат да носиш вода, сок или чај.
Во државна на вежби вчера ни рекоа дека е потребно: за бебето само паковка пелени. За нас, несесер за лична хигиена,влажни марамчиња, улошки и шишенце вода. Спаваќа и др. работи НЕ. А облека за бебето само за изнедување, и тоа најблиските дента кога ќе дојдат ќе си донесат.
и да те дополнам кремче и влажни за бебето. и што ми текна да ви кажам нели ако бебето ви го пресоблекуваат таму сестрите а не вие не очекувајте да бебето ви биде во ваши пелени, они ви зимаат пелени на пример колку им требаат за цел ден или пола и си им дал памперс ти го вракааат во бекутан. мислам факт е дека нема тие да знаат чиви пелени чиви се затоа што таму ги фрлааат на куп од сите соби. ама ок сакав да ви го кажам како детал да не се изненадите. па и од друга страна земете си било какви пелени за два или три дена во болница
мене ме интересира дали некоја се има пораѓано во плодност битола и што треба за таму да се спакува??????рано ми е мене али сепак да се потспремам.
и јас помислив на помада за бебе, ама не ни спомна. Инаку, за пелените...ние рекоа дека пресоблекувањето ни е кај нас во соба, и донесените работи кај нас си стојат, што значи ќе биде пресоблекувано со тоа што сум донела.
се породив пред 6 месеци и ти кажувам како е да си го пресоблекуваш ти доколку си здрава права способна и се останато... ако ти го земат навечер кај нив нели треба да го соблечат??? да се си стои кај тебе али во случај да треба да ти го соблакаат они ете ние бевме 2-3 дена одделени поминуваат зимаат пелени колку им требаат за цел ден, и ти вадат влажни марамчиња. само јас онака спомнав инаку да на даска за соблакање си местиш се баш како дома никој не ти чепка ништо
Не знаев кај е соодветно да прашам па ајде тука, што да се купи од облека за изнесување од болница за во зимно време? Вие што планирате? шпикозни или дводелни комплетчиња? а гледам има и цели комплети што се продаваат, ако има некој купено такво молам нека ми кажи што има од облека во нив и како се движат цените на тие комплети?
^јас баш правев муабет со свекрва ми и мајка ми. И се договорија, свекрва ми да ја купи облеката а мајка ми - плик-ќебето. Значи, свекрва ми ќе земе, боди, ѕиврички(тие како пижамчиња со ногавички, незнам точно како се викаат), шпикозна, чорапчиња, ракавички, капче. А мама ќебето-пликото, за да го завиткаме во него. Ете тоа. Свекрва ми ме праша дали сакам и од тие транспортерите како торбица- ама реков не, зошто мене не ми се свиѓаат и ми изгледаат како фрлена пара. Има бре татко у раце да го носи
Se izvunuvam za latinicava od mob pisuvam.Ima nekoja sto se porajgala ili ke se porajga vo plodnost bitola da mi kaze sto treba da se spakuva za tamu sakam da pocnam da si kupuvam no stvarno neznam sto treba.
За ГАК прашувам. Дали пелените,марамиците и помадата што ќе ги однесам си стојат кај мене во соба? Или ми ги земаат?