1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што да се спакува за во болница?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 27 август 2012.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    За мене мм донесе се она што му кажав,бидејки немав спремено имаше време за породување.
    Две спавачи-една долга др кратка и 1пижами.
    Пет рала гаќи,чораби и облека за излегување +за хигиена.
     
  2. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Мамички, спакував:

    -влошки за гради;
    -влошки вир 80 ,3 паковањета;
    -крпа;
    -прибор за лична хигиена (четка,паста,чешел..и сл.);
    -влажни марамчиња за бебушот;
    -влажни марамчиња за мене;
    -павловичева;
    -влечки;
    -памперс за бебушот;

    Е сега замолувам некоја поискусна мамичка да ми каже дали и што имам заборавено? :)
    И дали за бебето да го носам целото паковање пелени (43) или доволно е пола?

    Во ГАК ќе се пораѓам, кај и да е деновиве чекаме. :D
     
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Супер ти е списокот, јас носев и работи што не ми беа потребни.

    Влошки за градите и јас си спакував, ама не ги искористив. Имав млеко од првиот ден, но не толку количински за да морам да ги носам влошките. Мислам дека нема да ти требаат.
    Стегач за косата земи си зошто ќе ти биде мноооогу топло! :)
    За пелените се зависи колку време ќе останеш во болница, јас носев цело пакетче, а потрошив помалку од пола. Бев два дена по породувањето во болница.

    Од мое лично искуство, потребен ќе ти биде пењоар, јас среќа што си носев.
    Ќе доаѓаат да те посетат а спаваќите им се НИКАКВИ! Ај што се горе ептен разголени (бидејќи се за доење) ќе се направиш со крв, а не многу често даваат нови.

    Обавезно документ за крвната група да си понесеш и чорапчиња за да не ти биде ладно на нозете!
     
    На mila101 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51

    Фала ти Jagoda123 :)
    Ќе земам чорапчиња, а стегач веќе имам земено.
    Документ за крвната група имам и пењоар зедов.

    А нешто дополнително за бебето не ми треба нели? Алишта за излегување отпосле на денот кога излеземе мислам.
     
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Облека за тебе и бебушко ќе ти донесат твоите на денот кога ќе ве пуштат од болница! :)
     
  6. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам за тие што се породиле во Чаир, дали да носиме спавачи ние или тие од таму ќе ни дадат? :wasntme:
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не дозволувале свои да носиме, од таму даваат чисти и ги менувале секој ден, за тоа не се секирај ;)
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    И јас имам слушнато дека се пеглаат влошките, па дај кажете ми ваше мислење/искуство?
     
  9. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    ^
    Порано се пеглале, а сега НЕ се пеглаат ВИР влошките. Не ни можеш да ги испеглаш, памук и мрежа се. :)
     
  10. Sunshine3

    Sunshine3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    215
    ^ Незнам на колку порано мислиш, јас се пораѓав пред 5 години, колку што се сеќавам на тогашните вежби на клиника ни кажаа да ги испегламе влошките, за да се дезинфицираат.. И тогаш беа ВИР памук и мрежа..
     
  11. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Јас денеска почнав да припремам за на болница, купив само вир80 2 паковања и сапун.
    Сеа муабетот ми беше, дали 2 паковања Вир ми се доволни? Дали вистина не му ги ставале тие памперси што ќе ги однесам јас, наводно ставале сосема други, а овие нашите ги чувале?
    -И да ве прашам ваше мислење, имам 21 година, прворотка (очигледно според прашањава хаха) , дали морам да носам класични спавачи, долги, везени горе кај градите, знаете за какви ви велам нели???
    бидејќи јас имам 3 нови спавачи кратки малку над колена (терминот ми е до 21 септември), со кратки ракави, во цвежи бои се со натписи бла бла... аај искрено да ми кажите дали личи и што мислите, што се однесува до мене немам воопшто мака околу тоа, ама народот што би мислел??
    -И друго ме интересира, за јадење, да си носам нешто слатко благо солено?
    -И се надевам последно прашање, за градник, дали морам да земам од оние за доење специјалните.. или можам да земам обичен што после пак можам да го употребам?? АКо можи дали да биди со жица или не? И ако неможи колку чинат отприлика градниците за доење?
     
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    Јас исто зедов две паковања влошки,ако затребат ке ми донесат уште
    За памперсот незнам-ама ако го бањат пред тебе ке видиш самата дали ставаат ко твојот или не
    Спавачи си купив исто две со убав дезен до над колена,за народот гајле ми е
    Јадење после ке ти носат твоите(бар кај нас е така)
    Јас во болница градник не носев а и дома слабо бидејки градите многуууу болат на почеток.Ако векје земаш тој за доилки е подобар отколу оној со жици
    П.с земи си и папучи и пешкир и влажни марамици (за тебе) за во болница
     
  13. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Јас вчера ја докомплетирав торбицата, сега ме чека спакувана само да ја земам :)
    Се водев по тоа што ни го кажаа на часовите во Гак:
    1 торба ( треба да ја имаме со нас)
    -здравствена книшка (+ здравствена картичка)
    - документ за крвна група
    - влошки со мрежичка Вир 80 или Бони (јас земав 2 паковања, ако ми требаат повеќе ќе ми донесат)
    -тоалетна хартија
    - влажни марамици
    - пластични или гумени влечки
    -шишенце вода
    -лимон
    2 торба (ни ја даваат после пораѓај)
    - Памперс за бебе (до 20 броја)
    - влажни марамици
    - тоалет
    -бришачи за раце
    - влошки исто Вир80 или Бони
    - 4 крпи
    - личен прибор за хигиена
    - леден чај или бистри сокови
    (јас за секој случај си земав и чаршав и навлака за перница и антибактериски сапун)
    3 торба (за излегување)
    -алишта за бебе
    -алишта за мене
     
    На Freyja и Asja им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    И јас спакував чаршав и навлака за перница

    Инаку артемидис зошто е лимонот?нешто поврзано со притисокот или?јас и ти сме ден разлика во термините :) во пон сум на цтг и докторката ми е дежурна цел ден и цела нок па јас во шала си викам тогаш му е мајката ,убав ден за рагање :D
     
  15. macy28102012

    macy28102012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
     
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    А бре девојки за кај се спремате, за во болница или за на годишен одмор :lol:
    Имам пишувано во темата "породување државна или чаир" но еве на кратко за во Чаир, спаваќици џабе ви се, не дозволуваат, башка ако не ви се со копчиња напред ќе ви биде многу тешко за доење, ќе треба цела да ја дигате, прслучиња исто не ви требаат, постелнината е чиста, секој ден го менуваат чаршавчето под вас, пелени ги користат тие што сте ги донеле (во соба ги пресоблекуваат пред вас), јас носев и влажни марамици и павловичева за бебето. За храна може да ви донесат што ви душа сака, само внимавајте да не пиете премногу сокови (тие што сте прворотки и не сте запознаени како што ни ја не бев), млекото многу надоаѓа, да не си имате проблем. Улошки доволни се 2 до 3 пакувања, зависи колку дена ќе ве задржат.

    Гледам не сте спомнале улошки за градите, тоа обавезно да си земете едно пакување.
     
    На janickaskopje му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.729
    Допаѓања:
    323.777
    Пол:
    Женски
    Зависи каде..јас уште пред 5год кога се порагав во нашиот град спавачи не даваа,си носев мои фала богу ке си носам и сега.И самата раб во болница и гледам колку 'чистат и менуват постелнина'..ако не им наполниш торбата со банани и сокови не те погледнуваат ;) затоа подобро од дома еден чаршав ке земам отколку да и се улизувам на некоја таква.Мене дури и греалка и кебе ми донесоа од дома пошто прозорите дуваа од сите страни и комфорно можеш да си настинеш со бебето.Три дена се во прашање ама сакам да имам со мене што мислам дека ке ми затреба :)
     
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Јас пак од бивацинот имав мака, многу ми ја исуши раната и умрев од болка. Еднаш шприцнав и го баталив спрејот.
    Мене само физиолошкиот раствор ми помогна. По секое туширање со шприц мм ми ја испираше раната.
    Инаку во списоците додадете си ментол бомбони! По породувањето устата и јазикот ќе ви бидат прееееемногу суви, капка плунка во устата нема да имате.
     
  19. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    јас не користев ни бивацин нити некои други спрејови...единствено се мијав со камилица, од дома ми вареја и ми носеја 1,5 л и во текот на цел ден се одмивав..раната ми зарасти пребрзо и немав воопшто мака уште 2риот ден се движев,примав посета си седев со нив исто ко да не сум сечена :D
     
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој во породилно Чаир дали е дозволено да си земам од следните работи кога ќе одам на пораѓање. Односно
    -папучи
    -влажни марамчиња
    -тоалетна хартија
    -вода, природни сокови ( за освежување )

    И дали треба да си носам картонче за крвна група и чепчиња за прочистување дулколекс , или таму ќе ми дадат?