Пошто скоро се породив, ќе ти одговорам. Јас ги прашав за папучи дали може со мои да влезам, они ми рекоа не и ми донеасоа нивни. Јас носам 41 и не ми влегуваше ногата и и викам дајте ми поголеми неможам овие да ги облечам, и таа ја мрзеше да оди по нови и ми рече - па оди си со твоите.. Така да со мои влегов.. Си носев и една ролна тоалетна хартија и едно пакетче влажни марамчиња, тоа мораш обавезно да носиш зошто таму нема ништо и ќе немаш со што да се бришеш. Си носев и едно шише од 1/2 литар Добра Вода Велнес, мада добро ќе ми дојдеше уште едно такво шише. Значи обавезно носи си нешто за пиење. Јас отидов во 3 ноќе со пукнат водењак и многу слаби контракции. Пред да отидам дома сама си ставив чепчиња Дулколакс за да завршам дел од работата дома, и завршив малку а таму ми ставија клизма со вода, и да речам џабе ова чепчињата пред тоа, клизма си е клизма Немаш потреба ни дома да ставаш ни да носиш. Дури и ми дозволија да си го земам мобилниот со мене, ама ќе напоменам бидејќи беше ниедно време и со слаби контракции ме сместија на патолошка, па можеби затоа ми дадоа и мобилен да земам, не сум сигурна за ова. Од документи ти требаа здравствена книшка, електронска картичка или зелени картони, упат од матичен, и картонче за крвна група. И со лесно!
Sunshine фала ти многу на одговорот. Се ми е јасно освен тоа со телефонот. Кога би успеала да го внесам, каде би го ставила кога ќе се породам? Прва бременост ми е и не знам кога ќе ме примАт дали прво во соба ме носат или??? и ова за крвна група, кај се вади потврда?
Нешто не ми е разјаснето, а до вежбите на ГАК неможам да чекам Дали има потреба освен тетра и шведски пелени, некои бенкичиња за пресоблекување на бебушот да се купат и носат во болница. Ми кажаа дека некои ги пресоблекувале таму, а некои од дома си носеле...
Мислам на трансфузиологија во градска или во државна, ќе прашаш кај матичниот гинеколог или општ, и ќе ти кажат ама гледај да ти дадат итен упат пошто ако ти закажуваат преку "мој термин " ќе чекаш може еден месец, а како што гледам немаш толку време. И ај со лесно па може ќе се сретнеме во чаир
Ни тетра, ни шведски, само обични пелени. Не знам каде ќе се пораѓаш,ама на ГАК не дозволуваат облека од дома, ни за тебе ни за бебчо, освен таа со која ќе излезете на крај
Мене за шведските и тетрата ,сестрите во болница ми рекоа да почнам да ги ставам тек после 10 тина дена,за да се исправиле првин ноџињата.Јас прв пат слушнав за тоа..зборот ми беше нема да ви требаат во болница .Само памперс и влажни за бебчо.
До секој кревет на патолошка имаше натказна мене тука ми останаа работите во кеса, откога се породив и ме носеа накај соба, сестрата што ме возеше на количка ја замолив да ми ги донесе работите и таа и кажа на една друга сестра која ми ги донесе. И мене пошто не ми беше баш сигурно си земав еден стар телефон, ако отиде јабана да не го жалам
Domakica еве инфо од вежбите Нема потреба од носење на алишта, само памперс (тие ќе ти бидат со тебе и бебето во соба). На ГАК ги облекуваат во алишта за бебе кои тие ги имаат, но доколку сакаш да го облечат во твои алишта не бранат и можеш слободно да си однесеш.
Мене ми го донесоа телефонот со останатите работи уште додека бев на бокс. Додека чекав два саати за раната на сите се испојавив. Мој совет: Не носете којзнае какви торби и работи кои ќе ви требаат за после породувањето. Се ќе ви донесат. Доволно е влошки, тоалет хартија, влажни марамчиња... Секако таму нон стоп ќе се врткаат вашите. Мене прво ме примија во претпородилна, па на бокс и после два саати ме сместија во соба.
Може ќе се сретнеме а може и сме се сретнале на ЦТГ За крва група ќе се потрудам да си гонајдам картончето од возачка. Ако не ми рекоа таму правеле на тие што немаат. Па не можам да се маткам сега и по трансфузиологија, многу ми е тешко деновиве
Jas se porodiv vo Gak i mene mi bese merak da si bide oblecena vo svoja obleka, nikoj ne ti brani. Jas se si imav spremeno i za bebusot obleka i za mene spavakja onakva za doenje so nametka, nikoj zbor ne mi kaza duri edna doktorka me prasa od kaj sum ja kupila spavakjata ona za kjerka i da kupela. Se sekjavam samo deka ne stavav tetra i pokraj toa sto gi nosev, tuku samo pampers, denta pred odenje sestrata mi pokaza kako da ja povivam i togas prv pat i staviv tetra. Za mene najvazno e da si nosis gel za dezinfekcija na racete, i da si kupite specijalni mrezasti bolnicki gakicki za da ne ja drzite vloskata - pa posle bebceto od nevnimanie infekcija da fati. Neznam dali kaj nas po aptekjive donele, mene mi gi donese sestra mi od belgrad i za toa sum i beskrajno blagodarna http://shop.aksa.rs/carriwell-higijensk ... omada.html
^^Видов во Рамстор имаше се продаваа такви мрежасти гаќи, но мали бројчиња имаше само. Секој различно кажува, но планирам да си спакувам 4-5 бенкички исперени и испеглани за секој случај.За дезинфекција имаа диспанзери со средтсво некои нивни, во секоја соба, но зависи дали ги полнат редовно. Мамита ти спаваќата од кај ја зема? Прслук купувавте специјален или постојаните, обични, си ги користите? Јас немам некои виснати и големи гради и незнам дали да купувам воопшто специјален и кај да најдам некој квалитетен и скроз памучен. Полиестер не поднесувам па колку сака нека е добар и скап.
Јас во болница кога ставив прслук сестрите ме искараа ми рекоа одма да го извадам.И да ви кажам искрено од како се породив не носам освен до град ако излезсам.Мн е полесно за бебето кога сака да цицка ја креваш само маицата и почнувате.Вака додека го откопчаш,извадиш бебчо станува нервозен бидејки чека
Spavakjata ja zemav od Struzanka mnogu ubava so ubav pamuk, imase ciklama i zeleno-tirkizna so nametka, a delot kaj gradite se zakopcuvashe so nitini ubavo - znaci i posle milion doenja ne se razvlecka materijalot, ama ja kupiv 2011 sega neznam dali gi imaat istite bea okolu 750 denari. Znam deka togas imaa i poednostavni spavakji isto za doenje, ama bez kopcinja i mi izgledaa kako brzo deka kje ti se razvleckaat, bez nametka i pokratki tie se mozebi posoodvetni dokolku se poragjas na leto, i bea poevtini okolu 300. Prsluk kupiv isto od struzanka pamucen so elastin, izgleda kako bebi dol za nijansa pokrut, od gornata strana imas del koj se spusta za doenje, jas nemozam bez prsluk, i plus koga kje izlezam morase da stavam pamucen tufer da ne mi protece mlekoto, eve i slika
Домаќица, неможеш баш со корпи да носиш во првиот период додека да се воспостави лактацијата (првите два месеци), зашто ќе имаш моменти кога премногу ќе ти надоаѓа млеко па градите ќе бидат поголеми и покрути. Затоа си постојат овие посебни прслучиња за доење, ги има скоро секаде каде што има бебешка опрема или долна облека, памучни се со ластик одоздола. И обавезно барем еден број поголем. Јас со првиот се зезнав, земав од Пенти за 400ден, но поружно неможе да стои! После тоа си ги плеснав парите во Лиска (1800) меѓутоа прслукот е феноменален. Дури од после видов дека се продаваат и поевтини на места како Бебесупермаркет, Енци Менци, Mothercare...Ама што да правиш кога си неискусен во оваа работа
Фала ти за советот, ова прашање ме мачи цело време, а не е малку да се лупнат пари за прслуци што не ни знаеш дали ќе ти требаат
Јас прслук за доење си купив од зелено пазарче од тезгите за 180 денари. Не се памучни ама мене ми вршат работа. Една другарка ми кажа дека имало во Сити Мол во некоја од продавниците памучни за 400 денари.
Ги читав последните страници на темава, но советите сите се за Чаир и ГАК. Доколку некоја мајка се пораѓала во Систина, ќе може да ми каже што е препорачливо да се носи? Знам дека повеќето од работите за во државните болници за таму не требаат,,,