1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што да се спакува за во болница?

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 27 август 2012.

  1. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Моја
    Моја роднина се породи во Систина и баш ја прашав кога ги прашала што да земе со себе и рекле ништо,освен ако сака да си земе своја четка за заби,но и немора зашто таму им даваат,односно во секоја соба има.Така да ни за тебе ни за бебче ништо додека сте таму,освен нели кога ќе си одите алишта какви сакате. :)
     
    На darcy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    а дали некоја мајка се пораѓала во плодност во битола да кажи ...?
     
  3. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    јас спакував еден куп работи,сите различно кажуваат, зборувам за породуванје во државна болница ( не Скопје) со царски рез, сега незнам што од ова стварно ке ми треба... За мене влошки со мрежа, влажни, долен веж, спавача, влечки, тренерки,полнач за мобилен. За бебе бенкици, шветски и тетра пелени, (незнам по колку пара треба да ставам), боди, зиври, шпикозни, капичка, памперси. Нешто да не пропуштив?
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    324.047
    Пол:
    Женски
    А зошто ти се бенкици,тетра и такви работи?
    Они си ги повиваат во нивни пелени .и плус одма не се става широк повој на бебе.И тренерките ти се вишок.Земи 2 спавачи мн полесно ке ти е.За визита,за менување влошка.
     
    На mami blue, karak и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  5. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    28.215
    Пол:
    Женски

    За ова влошкиве со мрежа ме фати смеа,и јас слично како тебе спакувано ме оставаат на хитен царски нема врска и кога дојде на ред кога ме стануваа ајде треба да ме облечат јас со влошките со мрежа и болничаркарката се смее и вика што ќе ти се вакви влошки ти со царски си не си сечена одоздола....И јас е па природно требаше ама завршив царски и си порачав после обични влошки ми донесоа.А не носев ни тетра ни шветски пелени
     
  6. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    За бебе ти треба само памперс и влажни, и евентуално помада. Друго ништо.
    А за тебе тренерки нема потреба да носиш. Земи си две-три спаваќи само, да имаш да смениш.
    Секако ќе се лежиш поголемиот дел од времето.
    Гаќи викаат не, ама јас си носев. За визита само ќе ги соблечеш и после пак ќе се облечеш.
     
    На Draginja му/ѝ се допаѓа ова.
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Феминки што се породиле во чаир да ми споделите искуство.
    Колкаво паковање на пелени да понесам. Паковање од околу 40 е доволно или тоа големото што има околу 80 да земам?
    Бидејќи најверојатно ќе се пораѓам со царски дали ми требаат тие влошките со мрежичка?
    Денес се сретнав со женичка што пред месец дена се породи таму и ми рече дека ми требаат пелени и влажни марамчиња за бебето, несесер да си спремам за лична хигиена и гаќи за мене, друго вика не ти треба. Спавача вика ти менуваат редовно немаш стварно потреба да купуваш ти.
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.159
    Допаѓања:
    76.061
    Пол:
    Женски
    Jas se porodiv tamu i lezev 3 dena, inaku pustaat za 2 dena, e so carsko neznam kolku se lezi, ama peleni od 80 ti se mnogu, jas nosev pakuvanje od 27 peleni i mi ostanaa dosta, ne mi teknuva kolku ama ostanaa...a inaku ako si carski nemora so mreza, mozes i obicni uloski :) prirodno so mreza treba bidejki se sterilizirani tie i da ne se sluci nesto so ranata ako secnat... Inaku najpotrebno ti e peleni za bebus, pavloviceva, eden peskir za tebe (ako si carski zemi si i sapunce za da si se mies nadole), vlazni, mene mi se najdoa dosta i palomi (moze 4 Pakovcinja istrosiv), bebe blucka pa si go brisev so niv, tetra pelenite mnogu mi se najdoa stavav pod bebus kaj glavceto za da ne go povrakja krevetceto i si stavav na gradite zaso 3tiot den imav mnooogu mleko :) ako si e sube i gadno mozes i edna navlaka tvoja za pernica da si zemes :) a ako imas golema noga kako mene dobro kje bide i papucki od doma da ti donesat, mene tie tamu petite mi iskacaa hahaha :D inaku za licna higiena sto sakas zemi si: pasta, cetka, cesel za kosa, krema nekoja za lice itn itn :D
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    @irena.1 јас да ја надополнам Мариз, ако си сигурна дека одиш царски, ќе те задржат барем 5 дена, и мислам дека ќе ти заврши работа едно помало пакување, ете тоа од 27 пелени. Па ако има потреба ќе ти докупат и донесат во болница, на маж ми секој ден му порачував по нешто да донесе :D
    Ние бевме 3 дена, имав најмало пакување од 14 пелени, а 2 останаа.

    За влошки со царски не сум сигурна дали можеш од обичните, ти земи си обични, па ако нешто ти преречат тогаш ќе си порачаш да ти донесат од овие со мрежичка. Значи не е крај на светот и ако нешто се заборави, по неколку пати во денот поминува една сестра и носи работи кои ви ги донеле од дома.

    Средства за хигиена има во секоја соба така што и да не земеш сапунче (јас земав зашто незнаев) ништо страшно. Има медицински средства на Алкалоид, на лавабото во самата соба има средство за миење раце со дезинфициенс, а во купатилото имаше нешто како купка-шампон за туширање.

    Иначе јас сум гадлива за носење туѓи папучи па и тоа си земав од дома, гумени, можеш и апостолки.

    Ахх да....и влошки за гради :)
     
    На НаталиЛили, Maceto123, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Еве јас да ви пишам што ми требаше за во болница во чаир. На приемот ништо, се оставаш. Одкако ќе те породат мажот да донесе пелени, павловичева и влажни (сестрите не користеа влажни за бебето). За мене ми донесе многу сокови т.е течности (со царски сум па што повеќе течности треба), пешкир, тоалетна, влошки со мрежичка, четка и паста, четка за коса, паломи, мислам дека е толку.
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Ајде нека сподели искуство некој тазе породен на ГАК...Што треба да носиме...
     
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Папучи (немора гумени, мене ме убедуваа гимени тебало, ама немора, сите си носеа фини папучки)
    ВИР 80 (2-3 пакетчиња)
    Голема крпа за туширање (наутро пред визита да можеш да се тушнеш )
    Дезодоранс, сапун, паста и четка, крем за раце....
    За бебето пелени (мала кеса земи си со 20)
    Крем за газенцето на бебето (ако ти го остават ке треба да го преоблечеш па...)
    За себе носи си кафетин (во случај со спинална да раѓаш, ќе ти треба обавезно)
    Тоалетна и влажни (влажните и за бебето и за тебе)
    Јас пред да тргнам од дома си исцадив еден лимон во пола литро шишенце со вода и си го носев.Додека си на бокс не ти даваат ни вода ни шише да носиш, ама во претпородилна добро ке ти дојде
    Мобилен обавезно и полнач.
    Јас си носев и еден пар гаќи и кога ќе заминеше визитата си ги облекував (поголем број да не те стегаат), неможев со влошка да одам така.
    Друго што ти треба , повели.
     
    На LadyC, Draginja, ♡BuBaLe♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  13. lina-kalina

    lina-kalina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    ^Јас да прашам сите ја спомнувате визитата и гаќите :lol: .е каква е таа визита, што прават за време на визитата?
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.745
    Допаѓања:
    324.047
    Пол:
    Женски
    Те гледаат долу ,раната,дали крвариш и колку гледаат :)
     
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    За време на визита (обично во -7.30) доаѓа директорката на болницата со неколку сестри од разни области.
    Ти треба да си спремна (во поглед на хигиена) и да лежиш со дигната спаваќа за да може да те види до каде ти е раната.Ги читаат резултатите од крв и сите анализи на глас и кратко дискутираат што треба да ти стават од страна инјекција или да примаш железо или апчиња.
    Трае кратко (неполна минута).
    Гаќи не се дозволени, раната мора да се луфтира..
    Со гаќи е болно, ама јас ќе си ги облечев и не се движев многу освен до тоалетот.
    Иначе купатилцата во секоја соба се релативно чисти, во секое доба има топла вода.
     
    Последна измена: 22 јуни 2015
    На LadyC, makedonkamak, karak и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Подобро е доколку можете да си набавите болнички мрежасти памучни гаќи, незнам дали има кај нас да се купат, јас ги купив од Белград како на сликата се и ептен се практични - можат да се перат во машина. Овие се баш наменети за периодот после пораѓај.
     

    Прикачени фајлови:

    • vesh.jpg
      vesh.jpg
      Големина на фајлот:
      2,3 KB
      Прегледи:
      108
  17. cacikr

    cacikr Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    243
    Dali nekoja se ima poragano vo bolnicata vo Ohrid I sto treba da se nosi za mene I za bebushot I nekoj sovet kako e sto e tamu :angel:
     
  18. MargaritaD^2

    MargaritaD^2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Баш сакав и јас да прашам како е за во другите градови оти јас сум од Бт, а од првата бременост и порагај поминаа 5-6 год.не знам дали е исто
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.045
    Допаѓања:
    76.622
    Пол:
    Женски
    Јас бев со царски породена и се породив во Чаир па задолжително беше да се носат влошки со мрежичка и гаќи не дозволуваат да се облекуваат затоа што им смета на визитата.Папучи гумени таму даваат,моите ми ги вратија.А инаку треба да се носи прибор за лична хигиена како влажни марамици,паста и четка за заби и такви некои ситници што се користат секојдневно и пелени и павловичева за бебето,на нас ни бараа по 5 пелени дневно.И секако полнач за мобилен :)
    И да,мене ќе ме пуштеа третиот ден иако бев со царски породена ама ме задржаа 6 дена затоа што бебето имаше жолтица па примаше терапија.
     
  20. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Што треба за на ГАК (со царски рез)
    За мене и за бебенцето , Ве молам побрзо одговорете утре одиме:worried: