Во државна. Прв пат слушам за чепчиња. Знам дека таму даваат, а дека од дома треба да носам појма немам. Како и да е, следнава недела сум на ЦТГ па може ќе ми кажат тогаш.
Они ставаат чепчиња, да, не треба да носиш. Тоалетна ти треба. За пораѓај ти треба само влошки мрежести, влажни, тоалетна и папучи. За бебе памперс и влажни. Комплетот за излегување ќе ти го донесат кога ќе излегувате. Кога ќе те префрлат во соба ќе ти донесат пешкир и останат прибор. Носи си го само најважното, друго се може потоа во соба да ти се донесе. И спаваќа земи си. Може да добиеш некоја искината, а може и воопшто да не добиеш. Со лесно.
Za vo apartman vo cair sto treba? jas pocnav da si spremam, za predporodilno staviv papuci, vloski, vlazni, toalet, peskirce, ke si zemam i sise voda, neznam spavaca dali da kupuvam ili ke mi dadat (ic nekam spavaci). Za posle vo dr torbica valjda ke moze da mi donesat, zemav peskir golem i mal za lice, peskir za bebeto i nekoe bodi ke mi treba li?zosto vo apartman mi kazaa deka te ucat i kako da go banjas tamu, zemav i pampers, tetri ke se najdat, vlazni i pavloviceva, a za mene vloski za gradi, pribor za licna higena, punjac e sea za mob neznam ako uspeam da go svercuvam kniska normalno, za izlaganje ke spremam da mi donesat mm nema da se snajde sam sega za sega toa ispustiv li nesto?
Спавача е попрактична од пижами. Прво ради визитата-ке ја поткренеш нагоре и готово.Со пижами треба цел долен дел да соблакаш и така гола да чекаш Јас во спавача се и породив(не во Ск) Ако носиш спавача со копчиња гледај да е ради полесно доење
Во пола литро вода исцадете си еден лимон. Ќе Ви треба во предпородилна сала. Убав е и освежителен, а и лимонот ги стега крвните садови, крварењето нема да е толку обилно во текот и после раѓањето. Нормално, ќе си пиете голтка по голтка. Ова ми беше совет од докторката што ме пораѓаше.
Можеби ти го спушта...лимонот е диуретик (тера на мочање, а со тоа се спушта притисокот...логички, нели) Ама пак за пола литро се работи , кое би го пиела неколку часа, така да, не верувам да ти падне притисокот од малку. Еве има и медицински лица, нека кажат тие
Незнам која би била разликата во апартманот, прашај си, можеби дозволуваат твоја спаваќа да носиш. Во нормалиот дел не дозволуваат, но и да не ти дозволат верувај чисти се и секој ден ги менуваат, ти даваат чиста. Од работите што ги наброја при влез не сум сигурна дека ќе ти дозволат да ги внесеш, телефон па ич. Прашај си таму кога ќе одиш на контрола. Мене ништо не ми дозволија, а и сите жени што беа во предпородилна беа со "рацете во џеб". Пешкир за бебето и облека за него не ти требаат. Се' друго што наброја е Ок.
Lele bar sisence so voda kako bez voda da dehidrira li covwk na zeskovo. I bez mob pa kako ke mu javam na mm deka sum rodila na pr ili ako trae predporodilnoto podolgo vreme na pr cel den
Вода демек не дозволуваат да се пие пред пораѓај. Но јас си одев до вц-то и си пиев вода кога ми се пиеше, така што за тоа не се секирај Телефон ќе ти донесат откако ќе се породиш, од болницата ќе му се јават или замоли некој да ти даде да се јавиш.
И телефон е дозволено и лични работи се дозволени. За ГАК зборам. Тоалетна, влошки со мрежа,влажни марамици, папучи , телефон и шишенце мало си носев. Тие што не носеа си побараа од мажите (по мобилен ) и им донесоа. Е сега...има родилки кои од влагање во претпородилна телефонот не го испуштаат од рака, што е многу досадно не само за останатите пациентки туку и за сестрите и бабиците. Е ЗАТОА опоменуваат.
И јас си носев мобилен на клиника. Мојот престој во предродилна траеше многу кратко (околу саат ипол) и цело време тогаш имаше некој до мене. Кога се породив докторката што ме пораѓаше додека ја чекавме постелката да падне ми вика „Зарем на никој нема да кажеш дека имаш син“. Бабицата ми ја донесе торбата и се јавив на мм. А во торбата имав пелени, гаќи, чорапи, влошки со мрежа, списание едно, прибор за лична хигиена, влажни... И во џепчето имав и шминки Како испуштив да си ја земам пеглата за коса незнам
Шала на страна, ама јас озбилно се покајав што си ја заборавив пеглата за коса, здравје овој пат и неа ја пакувам. Бар средена да си излезам