Mamicki kade i da e ke treba da se spremame za vo bolnica vie sigurno znaete sto treba za majkata da se nosi ? Neli treba spavaca vloski itn... me interesira kakvi gaki treba da se zemati dali vooopsto treba
Јас овој пат му кажав на мм и ми донесе пегла, фен си имаше во самото купатило и те како ги искористив, си заличев на човек
Знае ли некој дали и при породување со царски рез треба да се носат од влошките со мрежичка ? јас сега купив едно пакување такви и едно пакување обични со голема апсорптивна моќ ... ако некоја е породена во Чаир со царски нека сподели што точно да спакувам и дали веднаш со мене да ги земам работите или одпосле да ми ги донесат ? а да , и кога телефонот ќе ми го дадат после породувањето
Треба влошки со мрежа, небитно како си породена, а тие другите само ќе те спурат повеќе, не ти требаат такви, оти се чиста синтетика. За Чаир не ти треба ништо, освен бистри сокови за пиење (пошто нели после операција прво само на течности ќе бидеш), и влошките, а ќе ти ги донесат отпосле, немој да земаш ништо. И за бебето не ти треба ништо освен пелени и крем, ама се тоа после породување нека ти донесат. После само алишта за тебе и бебето за излегување.
Pribor za licna higiena, peskirce. Golema rabota mi zavrsi i tetra pelena, edna za mene ja stavav pod gradi zasto 3 dena kapka mleko nemav, pa koga se napuniv odednas mi tecea ko ludi i ne me spasuvase ni vloski za gradi so prsluk za doenje, baska bolat gradi za da gi opnes vo prsluk.. taka pelena pod, nad niv kje zavrsi rabota, edna pelenka pod glavceto na sinko deka si bljuckase mnogu. Pampers i krema obavezno za bebceto, nisto drugo Vlazni maramici, palomi kje ti zavrsat rabota.. Jas bev nonstop zedna pa sokovi mi donesoa, a za jadenje si imav kroasani inaku jadenjeto vo Cair im e preubavo, barem bese jas koga bev
И јас вадев пред една недела картонче за крвна група и ми рекоа обавезно да го носам на пораѓај. За во чаир ова. Инаку се вади со упат од матичен на трансфузиологија и резултати одма следниот ден.
^ На моја другарка не и го важеле картончето со крвна група во Систина оти и било со моминско презиме И испитувале таму дополнително и и наплатиле нормално, само пари да се земе
Ако не го важат моминското презиме, треба да го важат матичниот број, тој не се менува. Ако им е за презиме и венчаница ќе им однесам. А и ако ти проверат таму, за трудници е бесплатно нели.
Епа и јас тоа и реков, матичниот број е битен, јас може 5 пати ќе се омажам и 5 пати ли ќе вадам картонче за крвна група а во приватните болници не е бесплатно.
На Гак не го важат веќе, мора од трансфузиологија картонче. Кога прашав зошто ми рекоа зашто тие за возачка можно било и да не проверат туку така ставале печат, од ракав што би се рекло. Не знам дали имале некакво лошо искуство, ама ете. И не знам како може за возачка од ракав да одредуваат крвна група не дај Боже сообраќајка и крв да треба погрешна крвна група ќе дадат.
Епа тоа од авион се гледа дека им е само за пари. Моето картонче ми е од трансфузиологија, еднаш донирав крв. Туку, каква крема користите за бебињата? Јас купив мало пакување павловичева, 240 денари што е многу, многу е. Прво купив павло дерм ама си реков ај да не е поквалитетна павловичевата. Купив торба и ја наполнив, мислам дека ставив се, уште една спаваќа да купам, кажете ми кај има некои интересни, за доење плус да бидат, нешто налик вакви
@Abeja pisi pamuk pale na fb,i razgledaj gi spavakite za doenje,super se. Jas 570 ja kupiv mojata i uste od sega sum vo nea po cel den
Вистина е тоа. Мене само ме прашаа крвна група, јас не знаев и ми ставија А. Сосема случајно и сум таа крвна група. Инаку на ГАК задолжително бараат картонле со крвна група. Јас имав од авицена и ми го важеа. За пораѓај си понесов влечки, тоалет, мрежести улошки, вода, две мали чоколатца кои ми се најдоа после пораѓај, и си земав од подлогите за повивање, ги има на бекутан и канбебе, кои ептен ми се најдоа, инаку ќе си сњдиш на.мокро. Со лесно на сите