Јас ќе се пораѓам во Чаир. Во торбата за во болница за мене ќе спакувам: 2 вир влошки со мрежа , 3 бони светло сини (ќе спакувам и такви и такви да видам кои ќе ми бидат поубави), една тоалетна хартија, неколку паломи, 2 големи пешкири за бањање, 1 мал пешкир за лице, влажни големи марамици, мали влажни марамици, павловичева за бебе, 3 литри вода, несесер (шампон и гел за туширање бебешки со кои и јас ќе се бањам, паста, четка, стегач за коса, шнолче, чешел, шминки), за мене за излегување од болница чорапи, гаќи, фустанче лесно и за бебето боди, шпихозни, чорапи, ќебенце, транспотер. Од ова последното нешто ќе ми донесат уште првиот ден, а нешто дента пред или дента кога ќе се излегува од болница. Единствено не знам што ми треба за градите, како се вика, а не е градник нели бидејќи најверојатно нема да можам да носам. И дали кога ќе одам на пораѓајот може со мене да го носам и телефонот или треба мм да го донесе откако ќе се породам? Ако има некоја брзо породена во Чаир ако може да го корегира или дополни мојот список, може и во лична порака.
@gjoker4e во ред е сето тоа што си го спакувала, за градите не ти треба апсолутно ништо, тие треба да бидат слободни за доење, на спавачите има отвори и буквално по цел ден си со разголени гради. Евентуално ако имаш купено ланолин за нега на брадавиците можеш да си земеш, јас носев и силиконски брадавици зашто знаев дека нема да можам да дојам без нив. Гледам памперс не си пишала, даваа пред 2 месеци, сега не знам па не е лошо да си земеш. Од ова ништо не можеш да земеш со себе, како ни телефонот. Приемното одделение е долу кај шалтерите, таму се слекуваш гола буквално и се што носиш со тебе му даваш на маж ти. Ти се качуваш горе кај родилните сали само по спавача и влечки што ќе ти ги дадат од таму. Торбата можеш да ги замолиш да ја оставиш на шалтер па откако ќе се породиш ќе ти ја качат, или пак да ти ја донесат потоа. Стварите што ќе ти требаат за излегување ќе ти ги донесат на денот кога ќе ве испуштат. Исто се симнуваш долу по спавача и влечки, таму ти ги даваат алиштата за тебе и бебето, се пресоблекувате и си одите дома.
Јас за градите (бидејки тече млекото), носев тетра пелени и искрено ме спасија од често менување на спаваќа, прслук немаше шанса да облечам многу ме болеа... затоа една тетра под нив и така си спиев... исто така ептен ми фалеше некое канче за одмолзување на млекото бидејки таму немаше што да ми дадат.. некои чашки, нешто што ке ти заврши работа за ако надојде многу млеко да си олеснуваш па тоа после ке го даваат со шприц на бебето... може и шприц еден да си земеш и сама да му даваш... Јас лежев 4 дена, веќе третиот градите ми беа екстра полни и цели течеа Ланолин додади за брадавиците, спасува и тој доста... Друго се што си напишала е доволно... само не ти треба да носиш со тебе облека за тебе и за бебето, тоа кога ке те испуштат ке ти донесе некој и онака доле ги облекуваат бебињата и ти доле си се облакаш и додади полнач за мобилен на список
Фала многу за одговорите. А ланолин за што е? Тетра пелена од аптека се купува? И да напоменам за гради дека е или се подразбира? Врска си немам.
Не не тетра пелени се оние коцки бели памучни што ни ги ставале нас како пелени, оние за широк повој... од Стружанка јас земав, не е специјална за гради хаха ама јас така си ја користев дека памучна убаво ми пријаше таа да си ја ставам под гради.... А ланолин е маст за брадавици, ги омекнува и помага за болката колку толку... јас имав на Медела Пурелан, 100% ланолин.. тааа е малку поскапа 600+ден, но имаш и поефтини варијанти... битно да е 100% ланолин, безбеден е не мора да се одмива од градата...
Сакам да прашам дента кога ќе излегувам во болница какви гаќи може да облечам, дали од тие што сум носела до сега или треба некои специјални на пример пошироки, помеки...? И стомакот нели ќе виси така да го оставам или тогаш треба мидер да се носи? Градник мора ли од тие за доење дека гледав цени на нет околу 1 500 денари, ако мора таков дали има некаде поефтини? Целата сум прашалници за најосновни работи се извинувам.
Гаќи обични, секако да се лесни и удобни Стомакот зависи како ке се породиш (царски нема да можеш одма), јас пробав уште втора недела од бременоста да носам мидер ама страшно ме болеше цел долен дел од стомакот, па не го носев се до 3 месеци од раѓање, тогаш пак почнав.... (природно породена сум). Градник за доење имаш скоро во секоја маалска продавница за долна облека, како и во Сара Фешн, јас земав од Веро Центар од таа Сара Фешн и беше макс 500ден, убав памучен прслук.. мислам NBB беше прслучето
Мамички што облека е потребна за бебе родено крај на јули, почеток на август? Уште ми е рано, но да знам што да купувам ако ме фати мерак по продавнициве .
@gjoker4e не виси стомакот, незнам како го замислуваш Некои немаат стомак, а кај некои останува испакнато стомаче како во 6ти месец отприлика. Немаш потреба веднаш да се стегаш. А за прслук јас би ти препорачала да ди имаш таков за доење, зашто јас пример немав а млеко ми надојде третиот ден, така што кога искачав од болница со обичниот прслук со сунѓер и фишбањ, крајно ми беше неудобно! Мада јас од тој на Сара фешн сум многу незадоволна, еве да не ти ги препорачувам Лиска, имало во Стружанка удобни за доење. @Luna91 купувај на кратки но купи нешто и на долги ракавчиња и ногавички, и обавезно чорапчиња и ракавички памучни. Не ми е јасно кога ќе видам бебе на тој пекол во август сред бел ден со боди на долги ракави. Купи си кога ќе излезе летна колекција, уште е рано освен за долгите.
1.Како отприлика би требало да изгледа соодветна торба за во болница и од кај би можела да купам и која цена се отприлика? 2.Во која аптека може да се најде Мустела комплет за нега на бебе и која цена е отприлика и што содржи внатре,мислам француски дека беше? 3.Памперс за новороденче која цена е отприлика, дали едно пакување само треба за во болница? 4. Цена на една тетра пелена? 5.Колку пакетчиња влошки со мрежа се отприлика потребни за во болница? Се извинувам на прашањата посебно за цените, немам ништо спремно а 9ти месец полека изминува.
1.Во обичен ранец може да си земеш се што ќе ти треба, нема потреба од посебна торба. Несесер со производи за лична хигиена, влошки со мрежа, стегач за коса, чешел, влажни марамици за тебе, чорапи, полнач за телефон, за бебе пелени и влажни марамици. Толку. 2.За Мустела не знам, ама реално, ако не ти треба, не мора со неа да почнуваш, сепак е медицинска козметика, и обично се користи ако не дај Боже бебињата имаат проблеми со кожата. Така што може и со некоја поевтина колекција да поминеш за почеток - Хип, Пенатен, Себамед... 3. Пелени Памперс прашуваш или општо? Ти треба едно мало пакување за во болница, а плус и даваат во болницата, ќе ти се најдат. Не сите имаат пелени за новороденчиња, бр. 1 знам дека има Памперс, има БејбиЛав, други не знам. Цена можам да ти кажам за БејбиЛав, едно мало пакување пелени бр. 1 беа некаде околу 300 денари, за Памперс мислам дека беа поскапи. 4. Не би требало да се скапи пелените, ако немаш потреба, не купувај многу. 5. Земи си три за почеток, па ако ти требаат уште, ќе ти донесат.
Блазеси ви мамички си знаете што да понесете.... А ние од Прилеп за гревче сме не знајме дали торбиците да ги полнеме за во прилепската или битолската болница Случајно да не има некој од вас информација кога ќе биде готово одделението за гинекологија во Прилеп ако не кажете што се ми треба за бо Државната болница во Битола
Мене пред некој ден ми рекос дека почеток на април ќе биде се завршено.. Јас бев нс контрола, додека чекав примија неколку за цтг.. А кога ти е термин?
5ти април влегувам во 9ти месец баш денес ја видов главната сестра ми рече нема шанси до мај да се пушти само хитни случаеви тука. Дај боже да биди....