Za vo cair vo torbicata dovolno e samo vasi raboti da si stavite, moze i nekoe sise voda zosto posle ke vi pustat vasite dole na salter pa sestrite ke vi go kacat. Za jadenje mene mi nosea vo kesa i isto na salter i nikoj ne napravi problem. Za pampers mozete da si zemete vas ama od bolnicata vi sleduva malo paketce violeta pa ako sakate mozete i od niv da koristite. Pavloviceva jas ne nosev ne ni mi pobaraa ni ednas samo na edna cimerka i pobaraa i toa samo ednas. Za gakjite jas si nosev i gi oblekov utredenta od koga se porodiv (prirodno). Vloski za gradi i te kako trebaat ama brzo se odlepuvaat od spavacata a prsluk ne ni pomisluvas da nosis i toa si kape i ja pravis lom spavacata. Svoja spavaca nema da dadat da obleces zosto vo rodilno site se so isti i se drzat do toa site da bidat vo isti spavaci. Ako se napravis lom fino lepo ke ja zamolis cistackata pa ona moze ke ti kaze deka nemaat ili da vidi dali ima suvi ama ti ke bides uporen i ke ti dadat nova. E sega jas sedev povekje denovi pa smeni 3 spavaci, a dokolku se porodite prirodno i se e vo red si odite doma za 2 dena pa taka ne nosite mnogu raboti izvinete za lat i dolgiot post
Се јавив во чаир и ги прашав дали има потреба да се носат резултати од испитувања за хив, хепатити и ми кажаа дека не треба тоа. За тие што се заинтересирани за во чаир
Јас кога отидов во болница имав само здравствена книшка и картончето за крвна група... Ништо друго не ни побараа...
Девојки на излегување од болница ќе можам градник да носам? И дали треба боголем број од моменталниот да си купам?
Јас си носев градник за доење...доколку имаш млеко знај дека геадите ќе ти бидат покрупни од претходно...така да јас си земав еден број поголем ид тој што го носам и немав никаков проблем
Феминки, може ли некоја од вас која скоро се породила во Чаир да ми каже дали треба пелени да носам? Ќе се пораѓам таму но некаде прочитав дека пелени биле забранети во болницата и искрено малку ми е нелогично. И ме интересира пешкири дали си носевте за туширање ило даваат таму???? Јас спремив торба иако сум 34та недела,имавме лажна узбуна пред 3 недели и што си е сигурно-сигурно е
Пелени даваат таму, но можеш да си земеш и ти едно мало паковање за секој случај. Пешкири ќе ти требаат многу, не даваат таму, земи си ти барем 2 големи и еден мал.
Фала ви Лолипоп и Џокерче. Значи да допакувам пешкири и вода Знам дека е рано, 34та недела сум ама нетрпелива сум и радосна и морам да сум спремна.
Мене ми е се уште рано, но со близначка бременост не се знае кога ќе те изненади. Веќе мислам и на пораѓај, па сакав да ве прашам, во какви торбици си ги спремате вашите ствари и стварите за бебињата за во болница, дали обични патнички или има некои посебни што се купуваат? Лелеее за никаде сум, си немам поима од ништо среќа ве имам вас тука да ве читам што се е потребно
Идни мамички и вие кои имате искуство со породување во Чаир. Дали можам да си земам фен? На многумина ова би им било смешно, но мојата коса е зејтин мрсна веќе вториот ден после миење Никогаш не знаеме како ќе оди породувањето и колку ќе останеме во болница. Ако некој знае или има искуство за фен споделете ве молам Јас си спремив во обични патнички со тоа што за бебушот е помала дека има помалку работи: пелени мало пакување, влажни марамици и павловиќева. Мојата е со нормална големина, но да бидам искрена не ме собира некако двете крпи за лице и тело највеќе простор ми зафаќаат, ми се издува скроз.
И јас денеска планирам да докупам што ми фали и утре да ја средам торбицата. 35+3 сум рано ми е , ама доктотот ми рече да не се изненадам и ако ме фатат болки штом влезам во 9ти , затоа што дечкото мој последната контрола одговараше за 37ма недела. Сакав да прашам тие што се пораѓале во Чаир , влечалки ти си носиш или даваат од таму?
Даваат, од тие кафеавите гумени Ако сакаш можеш свои да си носиш. @Libra88 што ќе ти е да фрлаш пари за нова торба, спакувај се во било што, помала некоја торбица, ранец....За бебињата колку може да зафаќаат место работите? Исто во едно ранче ќе ги собере. И да немаш, подобро зајми торба него ли да купуваш.
Ако носиш 40ка боље да си земеш твои, мене ми дадоа и мали ми беа (тесни до душа), петата надвор за нареден пораѓај ке си носам мои да не ги влечкам тие...
@Kay Scarpetta јас коса да измиев сабајле до вечерта зејтин ми беше па и јас го имав поставено прашањето со фенот за во Чаир. Нема да можеш фен ќе се слуша низ цел ходник. Јас отидов со финта си земав сув шампон за коса и напрскав дури третиот ден кога си излегував од болница да бидам средена. Нема да можеш да мислиш дали ти е мрсна косата или не. Имав два големи пешкири ама го употребив само едниот. Имав купено нова торба од Локо Кроко преполна и речиси ништо не искористив. Искористив: голем пешкир, паста и четка, влажни марамици мали за моето лице, тоалетна хартија, две пакетчиња влошки со мрежа, и дента на излегување шминките и сувиот шампон. Бев непланиран царски и можев да облечам гаќи па добро е што си понесов за секој случај. Ми недостигаше: ланолин маст за брадавици и силиконски брадавици за побезболно доење. Подобро да не набројувам што се имав во торбата.
@gjoker4e фала ти многу на објаснувањето и препораките. Ќе извадам од крпите тогаш, нека има по една за тело и една за лице, не ми е ни јасно од која причина спакував две Тогаш ќе си купам и сув шампон, имам користено од DM два типа, било кој ќе ми заврши работа па ќе си се измијам дома ко човек.