супер значи имам време уште и јас не им верувам многу ама сакаш нејкеш ти влегува тоа во психата...а тоа тетра пелени какви се? и кај се купуваат? За чепчето ме фати страв пошто мисе појавија сега хемороиди и си викам леле што ако неми поминат а ме болат.... Ве поздравувам многу
тетра пелени се оние бебешки памучни пелени ги има во стружанка ,а за хемороидите ти пишав во труднички муабети не се плаши не е ништо страшно
и јас планирам во ГАК да се пораѓам. читајќи ги вашиве совети мислам дека е најдобро и најпрактично во еден помалечок несесер да се стават најбитните работи (влошки,марамици,телефонот и др.ситници) не би правеле проблем во родилна за еден несесер. а јас со чепчињава навистина ќе направам некој скандал ај нема да ризикувам Цеки знам и јас примери на мајки што носеле девојчиња и си ги родиле после 40 недела. тоа во која недела ќе се породиш не зависи од полот на бебето. докторот ќе види на ехо колку е спуштено бебето и ќе ти каже приближно кога да го очекуваш породувањето, исто и на цтг ќе ти кажат. е сега за во домашни услови онака сосема лаички кажуваат дека се спуштал стомакот на мајката кога била скоро до породување ај ќе видиме кај нас како ќе биде
Јас дека си купив бебешка торба така многу убава и си викам леле ке ја влечам по болница ке ја испрлам пред време и си викам ај нешто друго кеси поносам некоја обична торбица дека во несесер незнам дали ке стигнат сите тие работи? нели викаат влошки хигиенски работи памперси влажни марамици па незнам сега дали да си поносам и спавача со себе? како е таму во Гак со спавачите гледам тука се жалат.... а ова со женскиве деца бабите што не ке измислеле на времето и тоа останува цел живот леле вака леле така се и сешто
носете си и спавака и некое аливце за бебечето, покрај другите работи ке се најде место и за тоа во торбицата , ако дозволат добродојдени ке бидат, за во старата зграда на ГАК ви кажав мое искуство не знам како е сега во новата немојте да не заборавите нека е се како што треба со бебчињата и пишете ни како е сега таму
Добро е барем тоа да не му ја мислам многу бабини деветини... Инаку велат дека сега во новата зграда е боље во соба биле само по две жени со свое веце така ми имаат кажано. Спавача купив од стружанка 680ден али сакам уште две даси купам за секој случај но да најдам нешто поевтини имате ли некој предлог?
Инфо за пораѓање во Ремедика, дека нема потреба ништо да се носи, освен основниот свој прибор за лична хигиена. Се друго е опремена болницата, таткото треба само последниот ден да донесе облека за мајката и бебето за да излезат од болница, друго се имаат таму, плус и сестрата ми рече, ич не се секирајте за тука,иако сме болница, многу убаво ги дотеруваме бебињата, немате потреба да носите од дома ништо
Некоја мамичка напиша дека во родилна не дозволувале да се носи цела торбица на мајката,поради тоа напишав дека во несесер ќе си ги спакувам најважните работи секако и торбица ќе си носам ама ако не ми дозволат да ја земам веднаш со мене барем ќе го земам набрзина само несесерот.
Да Роза мене ми рекоа нема потреба сега од цела торбица ,срека во посебна кесичка ми беа влошките па ги ставив и марамиците и телефонот земете го јас од паника го оставив во тотбата ,само мм одма сабајлето ми ја донесе и после тоа се што ви трба си има задолжен за тоа и ке ви донесат право на кревет,така беше во старата зграда а си викам сега само зградата е нова а персоналот и некои правила сигурно се исти,јас многу паничев што и како да носам ,ама се во свое време ке си дојде
Мамички какви папучки да си спремам за во болница? и спавача освен стружанка кај можам на друго место да си купам ? во ГАК дозволуваат ли своја спавача и некј вели и пењуар да си земам што мислите вие имам ли потреба и од тоа?
За во болница најдобро ти е пластични папучи, ако земеш платнени да не ти се намократ, па да шеташ со влажни нозе. Инаку, во претпородилно не знам дали ќе ви дозволат несесер, мене ми дозволија само телефонот да си го земам, и шише со вода. Толку.
^^Сега дозволуваат, во претпородилна сите си имавме торбици, си добиваш кревет, таму ќе те сместат за ЦТГ и си ја ставаш торбицата, после ќе ти ја донесат во соба сестрите.
уф, добро е значи сега е поорганизирано на ГАК вчера најдов едно видео, ќе го поставам тука,се надевам дека ќе биде од корист http://www.youtube.com/watch?v=GRlKqVfDQzI
Лолита ти се породи во новата ГАК ? како е сега дозволуваат твоја спаваќа ? како е со алиштата за бебчето? јас имам време ама планирам да земам од дома,пошто во корпите каде што беа бебешките алишта лазеа лебарки пред 3 год кога се породив
Да во новата Гак, се породив во сабота, а во недела се` носат на перење и немаа да ми дадат заменска спаваќа, па јас си ја облеков мојата. Можеш и за бебето да носиш алишта, дај им ги ќе ти го облечат бебето, ама не ти гарантирам дека ќе ти ги вратат....мене не ми ги вратија, ама па јас не им ни нагласив дека сакам да ми ги вратат, некако заборавив да ги побарам, пошто бебето фати жолтица и скрос заборавив на алиштата.
еве најново што е потребно за во болница во Битола, денес ми кажаа од таму Здравствена легтимација Болнички упат Сино картонче Доколку болнички упат немате во моментот или сино картонче,нема никаков проблем,може да донесите подоцна. Потрбни работи за трудницата-родилката Микро клизми Медицински влошки-со мрежичка Влажни марамици Прибор за лична хигена Пижами или спавача-она во што ке се чувствувате удобно после раѓањето на вашето дете. Еден пар влечки. Потребни работи за вашето новороденче Памперси Влажни марамици Павловичева маст Шампонче или беби сапунче-она кое сте го одбрале за одржување на хигената на вашето новородено.
Што убаво дека не ви бараат алишта за бебето, јас треба да носам 7 боди и 7 штикозни, 3 пара чорапи, лигавчиња, вреќа за спиење и плус еден куп козметика. Само памперс не треба да носам. Буквално бараат 3 торбици, една за во сала за пораѓање, една за бебе и една за мама. За мене па еден куп работи треба да земам. Божем за на одмор се спремам