Од мое искуство иако не се пораѓав во чаир, се пораѓав во државна во бт спреми си повеќе пешкири. Немора да ги носиш сите со тебе но нека ти бидат спремни дома. Јас многу крварев и ми беа потребни многу пешкири и многу долен веш.
@Luna91 долен веш не е дозволено. Тоалетната побарај да ја внесеш пред да се породиш, може да ти затреба повеќе отколку од после.
Колку што знам за во приватните болници освен мобилен тел . и полнач ништо друго не ти треба ,освен нормално да си спремиш за тебе и за бебето за излегување од болница алишта ,јас за во систина истово ми е спремно
Четка за заби,пешкир,сапун,влошки зависи дали ќе одиш во државна или приватна болница за бебето пелени и помада вода или сок и ништо друго
Според мене Бони плавите, каде каде поудобни со поубав помек памук се од оние Вир што се продаваат низ аптеки Ставав Вир некако крути чудни, а карши мене цимерката Бони една ми даде.. кога видов разликаааа, одма такви му порачав на мм
Јас планирам за почеток и од двете да земам па кои ми се подобри со тие ќе продолжам. Овие Вир каде ги има?
Ги има по аптеки, а ги имам среќавано и по супермаркети, маалски маркети... Мене ми завршија работа три пакетчиња за тие три дена во болница, после продолжив со обични со крилца, страв ми беше да не ми се изместат и лом да се направам. Дури и за искачање од болница спремив една Олвејс со крилца
И мене Вир повеќе ми одговараа. Вир се покрути затоа што кај нив на долната страна има тенок пластифициран слој со што има помала веројатност за истекување, за разлика од бони каде го нема овој слој и ми се собираа на средина и се правев лом.
@eli25 Ели те молам да ми кажеш што ти беше потребно за во Ремедика ме интересира, и што од потребните работи имаат они обезбедено таму, имам време ама да си знам
Стварно само толку ? А за бебе ништо , па во што ќе биде облечено бебето тие денови дури сме таму, во нивни алишта ли, а пелени? И кажи ми те молам, објаснуваат ли убаво се што е потребно за да се снајдеме кога ќе стигнеме дома, леле мене многу ми е страв дали ќе се снајдам дома со бебето , мислам дека ќе им вртам на телефон на секој саат за се нешто?
Gi oblekuvaat vo nivni alista, spihozni, peleni ima tamu se, nisto ne ti treba. Bebus moj bese vo beli spihozni na koi pisuvase sistina Jas vo sistina se poragav ( ama segde e isto vo privatnite) nitu cetka za zabi ne nosev, bukvalno se imas tamu , peskiri mali/golemi, vloski, cetka, pasta, sapun, sampon, gel za tusiranje, fen , papucki..samo mobilen i obleka za za bebus i mama za iskacanje
@RedRevolution објаснуваат да. Ич да не ти е гајле прашувај си цело време. Исто во секој момент од дома можеш да им се јавуваш да прашуваш а и ќе имаш чести контроли со бебуш.