@eli25 јас успеав да измијам коса. Немав фен, ама дека лето, а мене косата кратка брзо ми се исуши. Инаку ќе беше забрането сликање на излегување. Нема фен. Ако мислиш дека нема да можеш да пројдеш без миење понеси си. Евентуално ако даваат по потреба, ама мене не ми ни текна да прашам.
Стварно Шо толку ја наполни жити се Абе ај на пораѓај одите не на пат @butterflysk има ремедика сапун @Ano јас одев превиткана Мислев ако се исправам ќе ми пукне раната А кога се туширав (и дома) исто свиткана и со страв за водата на раната Циркус, затоа неможев коса да измијам. Докторот ме караше ме тераше исправена да одам
Стварно Добро што си ми пишала, почнав да се преиспитувам. Сум ставила еден пешкир (за секој случај ) и гаќи и маица, нели за секој случај Фен не зимам а голема е веројатноста и шампонот да го извадам, тешко дека до косата ќе ми биде.
Ееее, ќе си сакаш да се избањкаш јас не можев да се поднесам и едвај чекав коса да измијам. Што сум се потела, па од лежењето - грозна се осеќав.
Мислам дека тон товар симнав кога измив коса( ама дома). Ако ќе можеш таму уште подобро. Ставај фенот
Мојата ако не ја измиев ќе беше ко петарда да ми пукнала. Дека лежиш и нон стоп ја триеп од перницата. Измиј се без грижи. Ако ти е страв ќе викнеш болничарка на припомош.
Јас лежев три дена ама како троесет. Не измив глава само се туширав. За излегување ставив сув шампон. Ама овој пат ми е пократка а ми се мрси многу од хормониве па можда и ја ќе се олеснам таму
Во Ремедика имаше во собата некаков гел за туширање кога јас бев таму ама јас си носев мој. Коса не миев нит ми беше на памет да мијам затоа не знам дали има фен или не. Не знам што планираш да носиш ама мене се ми собра во еден несесер.
Не знаев кај да прашам па ај тука.Како документ за крвна група ми треба?може со тој што сум вадела возачка или мора нешто друго да идам да извадам ?
Јас тој го давав секаде каде што ми требало до сега. Односно копија од тоа давав да им остане во досие а оригиналот само на увид.
Кажете што треба да пакувам за болница за мене и бебето? Сигурно пишува наназад ама ме мрзи да барам. И кога ја спремивте торбата за во болница? Термин ми е 6ти март ама веќе сум влезена во деветти, па не се знае кога ќе се реши бебка да излезе.
-спавача -наметка -влечки -влажни -тоалет -прибор за лична хигиена -влошки со мрежичка За бебе -влажни -пелени -кремче за газето павловичева или што ќе користиш -тетра пеленки Тоа имам јас.
А од облека за бебето? Или не носиш? Јас кај што ќе се породам мора да си носам ама не знам од што по колку.
Завиткани се и во битолската државна болница. За бебето алишта само оние за излегување ама нив не мораш да ги носиш,ќе ти ги донесат домашните на излегување.
Зависи за во која болница кај нас во Прилеп треба и чаршав ,попречни ,пластични влечки ,навлаки ,домашни влечки,спавача,пижами,тоалетна,влажни,прибор за јадење и лична хигиена А за бебе памперси ,влажни ,тетра пелени ,кремче,Павловичева..
А нешто воопшто има ли во прилепската болница? Ме чуди тоа што мора од дома да се носат чаршави, попречни, навлаки и др работи кои болницата треба да си ги обезбеди. Тоа не е потрошен материјал за да немаат. Извинете за офтопик.