@Kitten јави се во аптеки по телефон и прашај дали воопшто држат, и ако има, точно ќе ти кажат во која аптека. Ова ми стана веќе практика, затоа што никој нема време да шета низ сите аптеки во Скопје. Пробај во Виола, некогаш се поопремени од другите. Земи отвори златна книга и барај аптеки
А не ли е дуќанов само за бебешка опрема? И само во Сити мол го има? Таман во среда сум во тој правец.
Во принцип е за опрема. Ама беа закачени зад касата и прашав што се од таму знам Има и во аеродром. Киддо. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1696999827046479&id=804350409644763
Само козметика за тебе (четка за заби, паста, шампон, гел за туширање, креми за лице/раце и што и да користиш). Ништо друго не ти треба. Се што треба за тебе и за бебето таму си имаат. Даваат влошки, спаваќи колку што ти требаат. За бебето се е со нивно. Даваат и ланолин ако ти распукаат брадавиците и силиконски пупки ако требаат.
I jas zemav od kiddo, samo me interesira dali treba da gi zaperam pred upotreba zosto loso mirisaat ?!
Девојки и мами, за во торба во Чаир што да си понесам? Веќе сме близу моментот, па да бидам спремна. Ако има некаде некој пишано, редактирајте ме Знам дека прибор за хигиена обавезно + влечки и спаваќица за мене За бебе пеленки и две три комбинации лесна облека (13 јули ми е терминот).
Од ова што наброи не ти треба спаваќица, не дозволуваат твоја. За бебето не ти треба гардероба, исто таму ги повиваат и облекуваат. Гардероба ќе ти донесат кога ќе треба да си одите. Не заборавај пешкири, тетра пелени (мене ми се најдоа за да го легнам бебето до мене и за одмолзување), тоалетна хартија, улошки со мрежичка (Вир се најдобри), влажни марамчиња за тебе (тоа стави во торба зашто не ја прегледуваат, а не дозволуваат отпосле да ти донесат, појма неам зошто ) јас си носев од антибактериските на Алкалоид. Исто така би ти се нашле и влошки за гради и тие гаќите за една употреба. Мене ептен ми завршија работа. За бебето пелени, кремче за газе, а може и немора да ти побараат и влажни марамици за газе.
За Систина, што ми треба? Да почнам полека да планирам што и како, кај и да е ќе да почнам да ја пакувам
E ja so vrzana idev, namenski Ne se potev ana domtorot vida na lice mi stavi da me osvezel kako na filmovite