Е ајде де мене бурмата , белезгија се ми стоеше, баш за стегачот се фати анестезиологот. И не ми го врати.
Ауу јас без стегач и лабело не можам да живеам. Само за шетање ја носам косата пуштена. Ако ми го земат ќе ги скршам. Женски а во приватниве тоа влошки вир мир што ти знам, за гради исто едни што се, ланолин. Па и некој гаќички со мрежа...ништо од тоа да не се носи? Леле шпанско село ми е се. Ќе си појдам јас само со стегач и лабело.
Не ти требаат ни влошки, ни гаќи, ни ланолин, сѐ има таму. А влошки за гради немаат, ама нема да ти бидат ни потребни.
@wannaBeMomma Ау ова ептен лабаво, ја очекував памперси,влажни,влошки да кажеш, сВе Тогаш значи мојот несесер за пролепшавање само да ми стои спремен
Море јас трет ден ама се преполнив, па одмолзував ко луда...Спаваќицата веќе четвртиот ден ми се правеше утоп од млеко, цело време неконтролирано си истекуваше, па решив дури и прслукот за доење да си го облечам за да ми стојат фиксирани улошките. Вака генерално видов дека секоја природно породена веќе третиот ден има млеко. На една од цимерките и дадов еден пар за да може да си отиде дома, а требаше да патува во друг град. Така што јас препорачувам да се понесат и улошки за гради.
Zdravo devojki, me interesira dali ima nekoja sto se porodila vo ohridskata bolnica za da mi kazhe sto e potrebno da spakuvam za mene i za bebeto? Jas sum 32+3 bi trebalo da imam uste vreme, ama ne e na odmet da se informiram. Me interesira i za prirodno i za carski ( vo smisla da ne treba nesto plus minus za nega na ranata i sl.)
женски, ја малце не разбирам.. како не смее гаќи во болница а мора да купиме 1-2пакетчиња улошки? на што да ги ставам улошките?? некако ич не можам да се замислам без гаќи да сум :/ и дали може оние за една употреба бар? и градникот мора ли да биде специјален за доење или обичен може? ја сум веќе 38 недела и морам ептен да сум спремна
Ќе одиш како шатка низ ходник Јас за првото пред 4 години не ми даваа ни за една употреба да носам, а искрено ако е природно породување и те сецнат ни на лрај памет нема да ти биде да носиш гаќи.
Јас носев гаќи, само пред визита ги соблекував. Градник овде не дозволуваат да се носе, иако некои жени носат.
Кај нас во болница не даваа ни градник ни гаќи, значи пукнав. Одев ко шатка и цела потечена на спалната од млеко, ужас. Многу се нервирав. Ама јас си носев градник, а гаќи не заради раната што ме болеше и за да не се потам зашто беше топло.
Породена сум во Чаир пред месец. Мој совет да си земете ваши папучи гумени, пешкири за туширање, прибор за хигиена, гаќи памучни (ако сте со царски со висок струк), ланолин на Медела, влажни марамици, влошки Вир и пелени и крема за бебето.
а уште ова.. никој не спомна за облека на бебето. Освен облеката за изнесување, ми треба ли облека за во болница, со што ги облакаат бебињата зошто не се знае која колку ќе седи? И јас здравје во Чаир ќе се пораѓам, @AudreyH фала за советот, ни треба некој од вака најтазе