Во врска со спаваќите во Чаир, дали се има нешто сменето или тие старите се? Пред 2 години кога се пораѓав, не даваа често менување, плус испокинати а јас имав проблем, не ми беше исчистено млекото, од градите ми течеше крв додека да се стабилизира ( а всушност сум имала некоја инфекција или бактерија што требало да се испита, а докторите не обратија внимание на тоа само ме тераа да се измолзувам-без пумпа што уште потешко беше) многу ми беше неубаво што бев целата исповалкана и со царски не можев да станувам за почесто да се мијам. Сакав да прашам дали сега даваат од дома да се носи своја спаваќа или не?
@Milla989 пред 4 години беа виолетови со кратки ракави и врвки на отварање кај градите, а сега се цветни со 3/4 ракави со лош отвор, незгодни за доење. Даваат по една дневно.
Јас земав памперс а и сега за почеток пак нив ќе ги земам.Земаш најмало бројче ама земи и мало пакување.Незнаеш колкаво ќе се роди ниту дали одма ќе прејдеш на следно бројче.А најмал проблем е да се докупат.На почетокот помали пакувања ќе земаш па понатака ќе можеш и сама да си проценуваш,според детето.
Мислам дека се големи и ја сум заборавила пред две години ги купував Ама од пелени никад доста ќе ги употребиш и тие кога ќе пркне.Еве некоја феминка со мало бејби ќе каже дали се големи.
Ми кажаа дека е големо бебчето, па си реков да земам 2 да не му се мали 1-та, значи сум згрешила. Ај утре ќе купам 1
Јас земав Памперс 43 парчиња ми се чини беа од 2 до 5 кг. Кога ги видов колку се мали се плашам да не бидат мали. Сега ми е мисла дали да купам и од поголемите...
Не се грижете, нема и некоја огромна разлика помеѓу 1 и 2, колку што ги споредував јас.. бар кај памперсот. Кај Кан бебе имаше разлика, нивниот 1 е ептен малечок. Кај нас дека и голем се роди, ама и по 1+кг напредуваше за брзо па на 3ка прејдовме. Додека малава 3800 се роди, а не ставаше повеќе од 600гр, па со неа повеќе време терав со 2ката. Еве ги памперс 1 и 2. А еве ги кан бебе 1 и памперс 1.
Оф моите на сликата се изглеа премиум, ама нема врска големината е иста и со обичните. Инаку да, кога ке мочне, кака, станува сина линијата А со канбебе па секогаш има голема разлика, баш мојава е на 4ка сега и имам купено и памперс и бекутан и супер и се.. и ај викам да земам Кан бебе, земав.. мали и се кан бебе 4. Многу им се помали од другите пелени.
Нема голема разлика, но земете си за почеток 1, зашто на почеток ќе треба да ја превиткувате до под папоче, додека да отпадне.
Мамички за во Систина стварно така отидовте без ништо??? Јас на кафе кога одам ташната ми е се нешто полна не па за во болница ) се мислам сепак нешто да потспремам па нека враќа дома маж ми ако не треба
Колку што сум читала тука, ништо ств не ти треба. Јас во Ремедика раѓав, има и таму скоро се... Но можеш крема за лице, раце, лабело, влажни, ова си носев додатно за мене. И си порачав после по мм бонбончиња дека нешто грло ми се сушеше, и се давев од кашлање, а кашлање и рана од царски не иде Па бонбончињата ме спасуваа Во случај ако си царски... Друго нз, мислам Систина се има, дури и четка за заби и паста, ваму тоа нема... тоа јас си носев. И секако четка за коса си носев, така да пак една ташничка ти треба
Јас буквално со раце во џеб отидов, со болки на крај памет ми беше на торба да спремам и ништо не ми требаше, со мене таа што беше во соба патна торба носеше како ја донесе така ја врати
zenicki aj da povtorime-sto treba od dokumenti da se ponese za poragjaj na GAK?kniska,krvna grupa i drugo sto?so kerkata koga se poragjav pred 4 god imav kniska,krvna grupa,upat i majcina kniska a sega go prasuvam maticniot za upat i majcina kniska i mi veli "ke odis so upatot za ctg,ne ti treba nov upat a majcina kniska ne ti treba".