Ќе се пораѓам во Клиничка Болница Битола, читајќи во темава и слушајќи на мајчина школа во Болницата ги купив следниве работи за во болница: 1. спавача и наметка за мене 2. голема и мала крпа за мене 3. прибор за лична хигиена за мене(четка и паста за заби, гел за туширање, минимални шминки, лабело) 4. папучи и влечки за мене 5. 2 чорапи, маица и 2 гаки (ако се малце ќе ми придонесат домашните) 6. сретство за капење за бебушката зедов Бекутан, павловичева Бекутан и влажни Бекутан мало пакетче, тетра пелени 3-4 7. ќе купам потаму: Памперси 1 паковање големина 1, влошки ВИР 2 паковање и 2 чепчиња 8. ќе спремам алишта за бебенцето за излегување и за мене тие ќе ми ги донесат домашните пред излегување од болница - алиштата за бебето за време на престојот ги обезбедува болницата Секој совет е добро дојден ако нешто сум пропуштила ве молам пишетеми да прикупам совреме. Поздрав идни мамички
Така е .. Не ти треба упат ни мајчина книшка. Книшка последно цтг и крвна група. И би ти препорачала да си спремиш документи за извод таму да си поднесете зашто во рок од 24 саати се поднесува после не примаат а во таа збрка кога ќе се породиш да не трчаат твоите. Со лесно нека ти е.
Гаќи не ти даваат, само кога ќе си одиш, а маица не е практично заради доењето и земи си спавача што се откопчува напред. Не знам за кај вас ама, овде, во Струмица, треба да си носиш влошки за тебе, мрежасти ако се пораѓаш вагинално и те сечат и памперси за бебето. Со лесно! Спавача што се откопчува напред, влечки, влошки, крпа, прибор за лична хигиена, земи си сапун и тоалет хартија за секој случај, мобилен, полнач. Кога ќе се роди бебето, памперси, не сум сигурна дали требаше влажни марамици, ама не е лошо да си имаш и спреми си алишта за бебе и тебе за излегување од болница. Со лесно!
Saba tebe koj dr te poragase prasuvam oti Kirov sakav mene da me poraga ama otide za svajcarija eden mesec ke bil tamu I neznam dali ke se vrati nakrajta na noemvri
Последно кога го мереа бебето колку беше? Води се според неговата килажа, тие мерења не се скроз точни, но од прилика се знае Во болница на син ми 2че му ставаа, се роди 3.330, а јас дома му ставав 1, имав две мали пакувања веќе купено, кога се потрошија продолжив со 2 Поздрав и со лесно нека ти е
Некој што се пораѓал во брзо време во чаир? Сега дека е поладно дали да си земам плус нешто со долги ракави? Пред две години кога се пораѓав беше во јуни и многу топло и сега не знам како и што да спакувам? Ќе бидам пак со царски.
Тенев, јас не поминав убаво, ама скоро братучеда се пораѓаше кај него и она е задоволна. Исто и снаа ми со два царски кај него, презадоволна. Земи единица, таман кога ќе ви се потрошат, ќе ви треба двојка.
Како си задоволна од Чаир како болница? Јас планирам таму да одам т.е се уште се мислам измегу државна и чаир (1ва бременост ми е)
Не знам како е во државна, јас во чаир убаво поминав. Добри доктори. Бев со царски па дури и чистачките ми помагаа ако имав потреба од нешто. Нема посети. Докторите после пораѓај обрнуваат внимание на секој пациент. Бебето секој пат беше пресоблечено и чисто и најдено. Не можев да дојам. Задоволна сум затоа ќе одам пак таму.
Видов гаќи за една употреба во Mother care во Рамстор. Ги приметив додека гледдав хулахопки. Не знам дали се мрежасти, но ми личеа како гаќи за во болница.
Гаќите за во болница ги купив од Mothercare, 300-350ден беа 5 пара во кутија. Ги гледав и на сајтот на Енци менци, проверете таму ако ви е поблиску.