Јас ги купив од еурофарм,носев 2 пакетчиња ама не ми стигнаа па ми докупуваа..(по 10 има во паковање)
Јас се извинувам феминката убаво има пишано гаќи не знам како сум се префрлила за улошки.. Се извинувам улошките се околу 50 ден..
Нема по аптеките, и јас се отепав од барање. Прашај во продавница каде што има опрема за бебиња, во Скопје кажав погоре има во Mothercare и Енци менци. @happygirl Mothercare има само во Рамстор.
Може малку глупо прашање ама тоа е за што се тие гаќи мрежести ? што функција имаат? зошто се ставаат и како изгледаат слика од нет нешто ? просветлете ме
Јас си носев во торбицата, никој не проверува. Утрата пред да дојде визита ќе ставев само влошка, откако ќе поминеше визитата си облекував од гаќите, никој ништо не ми рече ако приметиле...а болничарките беа први да приметат сѐ па дури и да те искараат ако нешто грешиш Појаки беа од докторите @Bella* еве линк: https://www.mothercare.com/items-fo...76.html?cgid=hospital_bag_mum#sz=12&start=111 Ја држат влошката на место да не се изместува, а да има доволно вентилација.
29та сум веќе...планирам во ремедика да се пораѓам...што се треба да понесам? од алиштенциња за мојата принцеза до се што ќе ми треба за мене? прваа бременост ми е ..сакам да бидам спремнаа
Не знам за гаќите, јас повеќе би те советувала улошки да си купиш. Јас лично сакав природно да се породам но не успеав и мораше царски. Како што пиша @Kitten (кити претпоставувам дека си природно) дека менувала влошка па гаќи, ако си со цараки теорија нема егзибиции да си правиш зошто е многу болно и мачно. Инаку и јас се пораѓав во Чаир и точно, никој не ти проверува торбица, претпоставувам дека гаќите се поудобни но јас лично и улошкиве ги навикнав некако
Гаќите не се носат без улошка Намената им е само да се осеќаш удобно, да не се изместува улошката и да не одиш како пингвин Со првиот пороѓај хорор ми беше помислата да ми шлапне улошката на сред ходник кога одев накај мензата, па вториов пат решив да ги барам гаќиве и под дрво и камен Да, природно бев два пати, но со гаќиве се осеќав ко чоек Ќе си стаев две улошки една понапред една поназад, и воопшто крв не ми протече ниту еднаш.
За тебе што си користиш за лична хигиена, чешел, полнач за мобилен. А за бебе ништо не ти треба, само алишта со што ќе го изнесеш од болница. Тоа може и дента да ти го донесат
@Kitten ја мислев самите гаќи си имаат и улошка бљак, кога ќе ми текне на тоа крварење одвратно. Целата процедував и во предоперациона сала ми викаше чистачката а докторов ме тераше да стојам за полесен пораѓај и од оние пеленине ко чаршаф ми дадоа на крај. Фуј се надевам ќе забораам
Кај можи Битола да се најдат гаќиве мрежести и ако некоја знае колку коштаат? Јас влошки купив 2 пак па ќе прикупат ако не стигнат
Храна може да ти носат твоите во било кое време се ќе ти качат што ќе ти пратат.Во мензата одиш ако сакаш а храна во соба мислам не носат освен царски ако си и тоа нели после ден два.Е во апартманите ваљда носат.
ако си царски храна освен бисквити не ни смееш да јадеш. дури отпосле ќе ти дозволат кришка леб и супа. инаку ако си природно може што сакаш ќе ти донесат твоите само ако е некаква храна не мора да ти се гледа
Ова за мене за во болница...што уште треба ? Ова сивото е спаваќа..и нигде неможам да најдам мрежести гаќи во сите аптеки прашав уште во зегин ми остана...во продавници за долна облека нема такви гаќи дури незнаат што ги прашувам,а во аптеките нема освен зегин што ми остана Ова денес купив и плус нели пешкир бадемантил и за хигиена работи нормално,др не ми текнува
Во Виола виде? Ништо, прибор за лична хигиена само. Алишта за тебе и за бебе ке ти донесат кога ке ве пуштаат за дома. Таму имаат алиштенца, ги облакаат во нивни, ги пресоблекуваат они, пелени исто од нив. Спаваќа од таму, пешкири, влошки се има. Ти треба паста, четка, чешел, влажни може да си носиш, шампон, купка, сапунче што сакаш. Мене во Чаир ми носеа храна во соба (природно породена), зашто бев во страшна состојба и неможев да стигнам до мензата. Третиот ден тек се осмелив да одам до менза сама. Инаку беа фини за таа работа, ме прашуваа дури дали можам или не, доручек, ручек, вечера, се во соба, со 3 мајки бев во собата... ама ова пред 3ипол год.