Јас имав се во една торбица бидејки не ти треба многу за бебе,пелени,влажни и кремче и земиси две тетри за да си ставиш под него. Каде ќе се пораѓаш?
Во Куманово, ми даде список една бабица За бебе памперс,марамици,шампонче,павловичева и топломер и ставив + пешкирче. За мене влошки 3 пак.,марамици,тоалет,пешкир еден голем еден мал,средства за хигиена,папучи гумени и собни, е да и топломер за мене + вода,к.кола и чоколада , ова ваљда шекер да не ми падне хахаха. + ке ми донесат отпосле чорапи и џемпер и уште нешто ако зафали..
Мамии и идни мами,некоја да знај да ми напиши списоче за тоа што се ќе ми треба за на болница во Прилеп,за мене и бебе.Зошто гледам за во секоја болница не е исто
Јас се породив пред еден месец во Куманово.Понесов се она што прочитав на форумот и видов дека некои работи не се потребни. Имав една торба за мене,една за бебето,кога дојде една сестра и ги виде торбите ме праша од кај сум ( дали мислеше дека сум од друг град или пак од село) немало потреба од толку товар. За бебето ти е потребно памперс,влажни марамици,шампон и топломер,со креми во болницата кажаа дека не треба да се мачка,пешкирче за бебе не ти треба,евентуално можеш пеленка да понесеш да му постелаш на бебето каде што ќе спие. За тебе она што си го пишала е во ред иако таму даваат папучи нивни,секако ако сакаш можеш да си носиш твои. За џемпер и чорапи мислам дека не ти се потребни бидејќи во собите е прееетопло.
кај нас за мајка даваат спавача за бебе си го повиваат во пелени. Треба само шампон влажни марамици памперс за бебе и бидејќи ги дохрануваат зашто не секоја мајка веднаш добива млеко ќе ти кажат кое ад млеко го користат и ќе си донесеш кутија. За мајка памучни влошки ради крварењето. Друго ништо не ти треба. Јас со сиот памет дури и книга си зедов
Бабица ми кажа и кремче да си носам за беба, пешкирче ми е наместо пеленка дека уште немам купувано пелени па да ми спие на чисто за секој случај..а исто и за папучи за мене ми кажа да си носам..може немаат доволно па да си носам за секој случај Чорапи со ставив едни за секој случај, многу сум зимогрозлива па немој да ми студи друго ке донесат ако треба, зависно колку дена ке сум таму.. заради пакувањето памперс не ми собира се во една торба па поделив во торба и ранче
Се породив во државната болница во Струмица. Со себе понесов: Папучи Чорапи Мобилен, полач и слушалки Влошки со мрежичка Тоалетна хартија И ми рекоа да докупиме и пелени за да не ги извалкаме чаршафите, ми се најдоа да постелам под бебето за да биде на чисто За бебуш ми требаше само памперси и влажни марамчиња.
Дише раната не даваат други во болница да носиш. Направени се од памук и одозгора мрежа, за разлика од овие други што имаат пластика, кеса, не пропустливи се со гелови со се и сешто имаат
бидејќи не носиме долен веш (барем кај нас е така) се ставаат памучни со мрежичка. Похигиенски биле и впивале а и во денот по 5-6 пати идат доктори проверуваат рани за тие што се породиле природно а кај царски ја следат количината на крварење.
Исто е крварењето и кај царски и исто треба влошки со мрежа, јас бев царски 3 пакетчиња потрошив во 4 дена.
Женски ај нека пише некоја што скоро се пораѓала во Чаир што точно треба да се понесе? што бараат? што е дозволено? Даваат некоја листа да си побарам или?
Јас си ставив пешкири, гаќи (иако ми кажаа дека не дозволуваат, ама нека има), влажни марамици, вир влошки, ланолин за гради, несесер со дезодоранс, гел за туширање, паста, четка и хроничната терапија што си ја пијам. За бебе ставив пелени, павловичева и две тетра пелени. Во петок сум на контрола па ќе препрашам што точно треба. Треба и документи знам да се спремат, ама не знам што точно. А да, и не знам дали да си земам папучи и спавача. Ќе мора и тоа да ги прашам.
@thinkerbell @***Bony*** побарајте поназад низ темата имаме пишувано. Нема разлика дали некоја месецов се породила или пред 1-2-3 години, сѐ си е исто во Чаир. Единствено спаваќи не дозволуваат од дома, папучи може. Од документи лична карта, здравствена книшка и картонче за крвна група.
Вракав сигурно десетина страни и ме фати мрза многу измешано ми беше па си викам ај некој ке ме просветли ама ајде ке се потрудам, имаше доста што пишале ствари што не требале затоа сакав конкретно нешто ама ке се снајдам
Ако сакаш пребарај ги само моите мислења во темава, имам објаснувано повеќе пати. (горе лево на лупата) @simona_baby за интима ништо, само вода и тоа подолг период, гелот само за тело ќе го користиш.
Јас за Битола ќе кажам. 2 микроклизми Влошки Вир со мрежа Подметачи со најлонче Аналгин Лична козметика, сапунче мерима Крпи и гаќи (откако ќе помине визита си облекувавме гаќи) За бебето само памперс 1ца и толку.
Мене ми рекоа дека покрај сите подготовки за нега и хигиена (пошто кај нас само тоа треба) мора да се носи и аналгин о витамин ц