Девојки јас се породив на 20 Јануари ама да ме отепате не се сеќавам дали ми студеше на боксот или не сакам да кажам од голема возбуда малку и страв не чувствував ни ладно ни топло. Инаку носев чорапи само.. Во поглед на раната се одмивав со камилица и многу ми помагаше затоа што бев многу шиена (имав и внатрешни конци). Поздрав и од мене мамички, со лено да си поминете.
И јас пред неколку дена почнав си ставив пешкири тие влошките 3 пакувања нека се најдат за секој случај.и купив едно сетче за новороденче од стружанка многу слатко чорапчиња термо спикозна за малецката хулахопки..епа сега ми останаа уште неколку ситници и влечки... здравје
женски јас завршив со се , останува уште само да чекам на денот Д, вчера наместивме и креветче, па здравје дента кога ќе додје моментот, мм ќе викне жена да исчисти цел стан генералка иако викендов го направивме и тоа ,ама незнам дали ќе биде денот Д брзо или пак ќе терам до термин (некако ми се чини побрзо ама како Господ така ) па нека дојде жена додека јас се пораѓам на клиника таа нека исчисти и нека среди се веќе неможам да работам ништо. Викендов мислам дека толку ми било тешко како никогаш досега .......
и јас сум опседната со чистењето по дома до сега три пати сум ги прередувала плакарите како некоја мачка пред омачување сум станала и тоа за влошките да ве прашам ,за после породување,кои се подобри да ги земам? вир или бони? со мрежичка или со фолија? некој имаше напишано дека тие о мрежичка биле непрактични а имам слушнато за тие со фолија дека ја иритирале раната од епизиотомијата....епа сега оди одлучи се.... што мислите вие? А Цеки тоа комплетчето од стужанка ти е за изнесување од болница или за таму да го носи бебушот? и јас треба да купам нешто такво,само незнам дали да земам некои шпикознички поубавки или да и земам фустанче
Роза јас земав Вир влошки од аптека беа 50 и нешто па досега тие ми ги фалеа а имам и една паковка бони па ке видиме дајбоже да нема многу потреба од нив Ова комплетчето го земав да и го облечам кога ке излагаме од болница. И јас незнаев што да купам но кога влегов во стружанка ја прашав што се треба за тој ден за излез од болница и она ми препорача едни памучни комплетни и плишани.Јас ги земав плшание некако ми беа многу послатки така крем боја со позлатена месечина...во тој комплет има како блузичка со копчиња од страна после едни панталони со ногарки ли како да ги наречам сеуште незнам како се викаат потоа има капче,ракавички и едно како лигавче. и плус за одоздола да и облечам купив боди памучно и хулахопки. имаше и зиври али бојата немисе допадна и не ги купив иначе кога влегувам во некоја продавница за деца ми доага се и сешто да купам али тоа е тоа... се наеднаш не се може
Ќе си купам и од едните и од другите влошки за вир читав дека повеќето ги купуваат. а наскоро ќе треба да купам и некое комплетче за излегување и на мене некако попрактично ми изгледа да купам нешто како твојава варијанта
јас купив од тие влошките со мрежичка, од еурофарм, 90 ден се 10 парчиња, а и си купив и бони нормал дупло пакување, затоа шо сум во план и такви да си користам подоцна, можело и такви две микроклизми. и за бебушко имаме и ние комплетче за излегување, нели има такви се заедно се продаваат вчера се исправме од бебушко, па денес да испеглам и да ги спремаме торбите, да ние се готово п.с мене ми кажаа дека ако се пораѓаш природно, сестрите можеле да ти обујат чорапи за да не тие ладно додека седиш на боксот, затоа и чорапи да си земеме, некои подебели
чорапи носете си зошто јас се породив во август а нозете на бокс ми беа замрзнати ,не си ни понесов од дома пошто сред лето нели ама измрзнав додека бев на бокс, за влошкиве скоро читав дека со мрежа се најпрепорачливи за да се суши побрзо раната додека овие со крилца се синтетички а содржат и гел па може да се инфицира раната ,јас цело време бев со обични памучни и се беше ок ,и за влечки уште да ви кажам најубаво земете си пластични попрактични се
Ееее јјтрудници, па вие веќе сте спремале се, бравос за вас, јас освен алиштенцата што ги исправ и испеглав друго ништо, креветчето го наместивме само не сум му наместила чаршавче, јорганче и тие работи, душекот е уште спакуван да не се полни со прашина сеуште не сум му наместила постелнина, мислам уште рано е Срцки, да ве прашам , каква торбица вие ќе носите за во болница? Мислам во стил на патничка, куфер или некоја помала? Јас освен торбици за патување немам некоја друга посебна дома па да знам каква да купам? М?
и јас немам некоја таква баш торбица, ама имам една ташна шо си ја користам баш е тамам, и обична е и неа ке си ја носам ,не планирам да купувам сега еве ваква е , баш е големка, ке ми собери се http://3.bp.blogspot.com/-kLeOHfwGN7k/U ... i2.jpg.png
Јас се спакував во спортска мини торбица, само мислам дека сум ја преполнила пола од работите како што читам нема ни да требаат...
еххе ај кажи ни што си спаковала за да видиме и ние, и јас се водам по некои списоци, нели од болница , ама само основното ке си го земам
Значи во торбава моја ставив, еден голем и еден мал пешкир, една спавача за доење, долен веш и прслук за доење, Бони (три паковања) со мрежичка, папучи гумени, несесер со гел за туширање,сапун, четка и паста за заби, чешел , ќебенце за бебушка , три тетра пелени, памперс паковање, влажни марамици Бекутан и за мене и за бебе , чаша за вода и цевка, огртач да не ми биде ладно , чорапи и ќе земам за секој случај едно џемперче со сите што зборев рекоа може да ти биде ладно(мада на ГАК има парно ама ????) За бебуш торбата : исто ставив памперс, влажни марамици, павловичева, тетра пелени, шведски пелени, две боди, две шпикозни, едно на преклоп маиче, едни ѕиврички, едни чорапчиња, ракавички, две капчиња, едно бело обично и едно дебелко плишано. комбилизонче исцело и јорганче, здравје за изнесување. Со транспортерот мм ќе ја донесе оваа торба а оваа мојава ќе си ја носам со мене, па мм ќе ја чува додека сум во сала, па после ќе ми ја даде, само треба да го додадам полњачот за телефон и телефонот здравје боже . Мислам дека нема потреба ништо друго, со оглед на тоа што сме на 5 минути од ГАК па ако нешто затреба ќе трча мм..
еххе и мене болницата ми е на 5 мин, така да ако заборавам нешто ке ми донесе мажето значи и јас отприлика ова ке си спакувам , а за торбата од бебушко ке го ставм комплетчето за изнесување од болница и секако таа пелената како плико шо се, ние таква си купивме
Браво мајкички што сте веќе спемни и за болница. Мене ми е спремна цела соба за бебето, со сите потребни облеки, реквизити и козметики, само уште да исперам и дезинфицирам се во текот на неделава,од вчера сум и јас дома и ќе можам да се подготвувам. За во болница освен основна козметика за мене и резервни чорапи, ништо друго нема да носам, бидејќи за во приватна болница немало потреба од ништо. За последниот ден планирам за мене лесна гардероба, а за бебето да спремам боди,памучни како ѕиврички со ногавици наместо хулахопки и врз тоа може да земам плишанко дебело комплетче или плишанки мекички тренерчиња за 3 месеци, би требало со пелените и облеката да му дојдат таман одозгора,чорапчиња, меки старки за 0-3 да не шетаме по чорапи , дебела капа за надвор и вреќичка скафандер за надвор. Може да спакувам и една тетра и една шведска пеленка и едно резервно ќебенце. Исто си имам спремно електрична пумпа за измолзување, ако има потреба планирам да ми ја донесат во болница за редовно празнење на градите од првиот ден.
Бебушка ќе спие со нас во спална, креветчето го наместивме, алиштата се спремни од поодамна, испеглани наместени во шкафче, козметика за бебушка купена (се согласувате дека треба од старт да се почне со бекутанче,???) цела колекција на Бекутан, денот Д мажето ќе ме однесе во болница и ќе викне жена да исчисти генералка цел стан,иако и јас сега секој ден чистам и дезифицирам,па како биде нека биде. Заборавив да напишам дека во торбицата ставив и една пелена со мушама што е (оние што не пропуштаат за бебушка да легне на неа за преповивање,а иста таква ставив и помеѓу душечето и чаршафот на креветчето. Пишете ако има уште нешто да не заборавиме , Љубичица и јас имам плик јорганче и едно друго подебело , па ова подебелото ќе го ставам одоздола на транспортерот а во пликот ќе го замотам бебулето , со оглед на ова температуриве кој знае како ќе не стрефи на денот ... ПОздравче и пишете да не сме заборавиле нешто...
ете јас заборавив да си купам такви пелени за преповивање, баш убаво шо напиша и бебушко наш ке спие со нас во спалната, и нас креветчето ни е наместено, само обиколката ми е испрана и спакована, па здравје боже ке ја наместиме кога ке дојде време алиштенцата денес почнувам да ги пеглам, се мислев и вчера ама некако мака ми беше
Јас алиштата (моите и на бебето) ги носев во патничка торба и тоа од најголемите , внатре ми се наполни дури до горе , други имав ама многу беа мали а и си викав кој ке купува па сега нова..
Јас уште не сум спакувана, ама планирам овие денови, сега сум зафатена со спремање по дома, а торбициве некако се мислам дека можам и во последен момент да ги спакувам Е сега, со оглед на тоа дека одам на часовите за трудници на ГАК, ни кажаа што да ставиме во торбиците,па еве од прва рака ако сакате да ви кажам: 1-ва торбица - Улошки ВИР 80-две паковања (или други улошки со мрежичка) - тоалет хартија - влажни марамици (по можност Бекутан) - папучи - може да се понесе шишенце вода,сокче или лимон - и обавезно (ни нагласија) ако некој пие таблети со железо, за висок притисок или за нешто друго- и тоа да се понесе. Тоа е за торбицата, а секако од регуларниот дел треба да се земе здравствена книшка, болнички упат (може и покасно да се донесе), плав картон, картонче со крвна група, и последните брисеви. 2-ра торбица - памперс од најмалите (едно пакување) - влажни марамици - 2 големи и 2 мали пешкири - од јадење може само грицки, сок и кроасани 3-та торбица - гардероба за бебето (бенкица, ѕиври или хулахопки, шпикозни, чорпчиња, капче и ќебенце) - гардероба за мајката Вака многу изгледа,ама мислам дека не е многу. Повеќето работи се ситни,па ќе ги спакуваме некако.И така при спонтано породување на ГАК родилката ја пуштаат за 24 часа, па повеќето од овие работи и неискористени ќе останат.